Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
31.01.2012, 11:20
Членките на ЕУ постигнаа договор за фискалниот пакт



Земјите-членки на ЕУ, со исклучок на Велика Британија и Чешка, доцна синоќа постигнаа прелиминарен договор за воспоставување фискален пакт, чиј иницијатор е Германија.

Договорот, постигнат на синоќешниот вонреден Самит на ЕУ во Брисел, предвидува строги мерки на штедење за земјите кои претендираат на пристап до стабилизацискиот фонд вреден 500 милијарди евра, кој пак ќе им овозможи добивање на поволни кредити.

Потписничките на договорот за фискалниот пакт на еврозоната се обврзуваат на намалување на сопствените буџетски дефицити на ниво од под три отсто од бруто домашниот производ, а за непочитување на оваа обврска покрај тоа што губат пристап до средстрава од стабилизацискиот фонд, можат да заработат и тужби пред Европскиот суд на правдата поради пробивање на плафонот на буџетскиот дефицит.

Потпишувањето на новиот договор за фискалниот пакт е најавено за следниот самит на Унијата кон крајот на март годинава, а тој ќе стапи во силта откако ќе го ртификуваат најмалку 12 земји-потписнички.

Велика Британија одби да се приклучи кон новиот фискален пакт, но не се спротивстави на вклучувањето на некои општоевропски институции во спроведување на контрола на финансиската и буџетската дисциплина во евросзоната.

Официјален Лондон, ваквиот став го најави уште на претходниот Самит на ЕУ во декември, кога побара гаранции дека нема да биде загрозена британската сувереност во делот на буџетот и финансиите. На синоќешниот вонреден самит во Брисел, британскиот премиер Дејвид Камерон само ја потврди претходната позиција.

Овојпат, како што јави дописникот на МИА од Лондон, тој не го блокираше новото решение, кое предвидува контролата на спроведувањето на фискалната дисциплина во еврозоната да ја вршат Европската комисија и Европскиот суд на правдата, иако овие две институции дејствуваат во интерес на сите 27 земји-членки на ЕУ, а не само на оние од зоната на еврото.

Во изјава за британските медиуми Камерон рече дека официјален Лондон ќе следи внимателно што ќе се случува и ќе реагира веднаш доколку бидат загрозени британските интереси.

- Ние не сакаме да ја спречиме еврозоната да го направи она што е потребно за надминуивање на актуелната криза, но не сакаме ниту да им се наштети на нашите интереси, рече британскиот премиер, објаснувајќи дека Велика Британија се уште има резерви кон некои правни решенија во договорот за фискалниот пакт.

Освен Велика Британија, и Чешка реши да не се приклучи кон новиот фискален пакт, но оваа земја, која исто така не е во еврозоната, одбивањето го објасни со „уставни пречки“.

Одлуката на Лондон и Прага околку пактот, според францускиот претседател Никола Саркози, не значат дека ЕУ се движи кон создавање на „Европа на два брзини“.

- Седумнаесетте земји од еврозоната ќе продолжат самите да се справуваат со проблемите повразни со нивната валута. Но, тоа не значи дека ќе има неколку брзини и не значи дека некои земји ќе бидат оставени на страна. Тоа само значи дека ќе имаме различни степени на европска интеграција... и дека секој има право на избор, изјави Саркози по завршувањето на Самитот на ЕУ.




Статијата е прочитана 762 пати.

Испрати коментар



Принцот Мајкл најави нови британски инвестиции
Тупурковски ослободен од обвинението за тајванските кредити
Смирување на тензиите и враќање на соживотот
Оштетен џипот на градоначалникот на Кавадарци
Кољо Американецот ги призна измамите со кредити
Тодоров - Пристапот до здравствената установа да биде еднаков за сите граѓани
Жбогар специјален претставник на ЕУ во Приштина
Петстотини нови паркинг места во Капиштец
Додик - РС не отфрлува дејтонска конструкција на БиХ
Додовски објави згаснување на ВМРО-НП, членството се враќа во ДПМНЕ
Бејта - Градоначалникот на Вевчани виновен за тензиите
Македонија мост за турските компании кон Европа
Од студот во Украина досега починаа 43 лица
Нафтата под 99 долари, се зголемија резервите во САД
Холанд ја зацврстува предноста пред Саркози
Раководството и членовите на ВМРО-Народна се враќаат во ВМРО-ДПМНЕ
Нетанјаху победи на партиските избори
Премиерот Груевски се сретна со македонските иселеници во Измир
Почина новинарката на „Дневник“ Натали Сотировска
Селаните го спасија од пожар манастирот во Мала Речица
Попоски во Вашингтон по поддршка за членство во НАТО
ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ги осудуваат случувањата во Струга
Попоски во Вашингтон ќе побара Македонија да биде примена во НАТО
Македонец во Чешка уапсен поради дрога
Словачки пратеници голи против пратеничкиот имунитет
Прегазен пешак на патот Тетово - Јажинце
И виното на „Тиквеш“ патува за Британија
Зафировска - Судскиот совет постапува по наводите на адвокатите во „Пајажина“
По синоќешниот инцидент во Лабуништа е мирно, но напнато
Поглаварите на МПЦ и на ИВЗ на средба кај Иванов
Централна тема интеграцијата на Македонија во НАТО
Фонтаните во Вардар ќе прскаат од 1 април
Потпишан договор за ветерните електрани во Богданци
Италијанските пратеници си ги намалија платите за 1.300 евра
Милановиќ - Хрватска ќе ги поддржи соседите на патот кон ЕУ
Смирете ги меѓуетничките страсти, повикаа странците
Заеднички софтвер за систем-операторите од 15 држави во ЈИЕ
И натаму владее студениот бран на Балканот
Унгарскиот „Малев“ без пари, Владата вети помош
Изгаснат пожарот во Лабуништa, црквата не е изгорена
Груевски во Анкара на бизнис средба со Ердоган
Бесими - Од прием на Македонија во НАТО би профитирале сите
Запалена црквата во струшкото село Лабуништа
Груевски - Турција e важен трговски партнер на Македонија
ИВЗ - Исламофобијата е комбинирана со владина пропаганда
Дизелот поевтинува за два денара, бензинот поскап за 0,5 денари
Џафери - Ќе ги преземеме сите мерки за смирување на страстите во Струга
Ракометарите одликувани со „Медал за заслуги за Македонија“
Ограбени две спортски обложувалници
Саркози ќе го зголемува ДДВ-то на 21,1 отсто
Ја убиле зашто три пати родила женско
Пасати и лада нива за градската администрација
Британски „Дејли Мејл“ најпопуларно интернет издание
Шешељ од Хашкиот трибунал бара отштета од два милиони евра
Лани во Албанија извршени 124 убиства
Претседателот Иванов ќе ги одликува ракометарите со „Медал за заслуги“
Во Струга засилено присуство на полицијата
Британски банкар се откажа од добивката од приближно милион фунти
Кастро - Повеќепартискиот систем е опасност за независноста на Куба
Пронајдена 17-та жртва на бродоломот на „Конкордија“
Погрдни графити испишани на црквата Св. Никола во Октиси
Владата во офанзива по турски инвестиции



„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, -5°C

Слаби снежни врнежи

Четврток
Снег
Макс: -1°C, Мин: -6°C

Петок
Мешавина од дожд и снег
Макс: 4°C, Мин: -1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |