31.01.2012, 15:13 Прегазен пешак на патот Тетово - Јажинце
Осумдесет и петгодишен пешак е прегазен на вчеравечер околу 19 часот, на регионалниот пат Тетово - Јажинце, во близина на бензинската пумпа кај село Лешок. Станува збор за старецот Ј.Ј. од село Слатино, кој додека се движел по патот бил удрен од возило „фиат мареа“ управувано од негов соселанец.
Од силниот удар, пешакот здобил тешки телесни повреди од кои починал на местото на несреќата. Тој со друго возило бил пренесен во тетовскиот клинички центар, каде што е констатирана неговата смрт. И возачот бил донесен и задржан на понатамошно лекување во клиничкиот центар.
Екипа од СВР Тетово, истражен судија и јавен обвинител извршија увид и се утврдуваат причините поврзани со несреќата. (Г.Е.)
|