31.01.2012, 14:55 Благој Нацоски во опера со прочуениот Андреа Бочели
Нацоски и Бочели на проба за операта „Ромео и Јулија“ чија премиера е на 24 февруари во Рим
Македонскиот тенор Благој Нацоски, кој десетина години живее и работи во Рим ќе настапи заедно со светски познатиот оперски пејач Андреа Бочели. Нацоски за прв ќе учествува во операта „Ромео и Јулија“ од Шарл Гуно, во театарот „Карло Феличе“. Пробите за оваа претстава се во тек, а премиерата е закажана за 24 февруари. Улогата на Ромео ја толкува Бочели, а додека на Јулија, Маите Алберола од Шпанија.
Освен познатиот тенор Андреа Бочели, во оваа продукција има уште две звучни имиња од светската оперска панорама: диригентот Фабио Луизи, музички директор во операта „Метрополитен“ во Њујорк, како и режисерот Жан Луј Гренда, директор на Операта од Монтекарло.
До крајот на март, предвидени се и пет репризи на „Ромео и Јулија“, а дискографската куќа „ДЕКА“ ќе сними ДВД и ЦД. И покрај тоа што најниските цени на билетите изнесуваат 170 евра, сите претстави се веќе распродадени, а раководството на театарот размислува да воведе уште репризи. „За прв пат ќе ја толкувам улогата на Тибалт кој на сцената е братучед на Јулија и голем ривал на Ромео. Чест ми е што ќе бидам ’убиен‘ токму од Андреа Бочели со кој ќе настапам за прв пат“, вели нашиот тенор Благој Нацоски. (Т.И.)
|