01.02.2012, 13:07 Вознијачки го отпушти тренерот
Данската тенисерка го ангажира Рикардо Санчез во почетокот на декември, но не успеа да ја одбрани титулата на Австралија опен
Најдобрата светска тенисерка за 2011 година, Каролина Вознијачки од Данска, го отпушти шпанскиот тренер Рикардо Санчез по само два месеца соработка. Татко и' Пјотр притоа образложи дека неговата ќерка не доби „нов импулс“ во работата со Санчез, поранешен тренер на Јелена Јанковиќ.
Вознијачки го ангажира Рикардо Санчез во почетокот на декември, но не успеа да ја одбрани титулата на Австралија опен. На гренслемот во Мелбурн беше елиминирана во четвртфиналето и сега е четврта на најновата ВТА ранг- листа. Претходно мина 67 недели како водечка тенисерка во светот.
|