30.01.2012, 12:53 Мајами го доби дербито на Истокот
Леброн Џејмс со 35 поени и 11 скокови беше најдобриот во Мајами, а Крис Бош забележа 24 поени и 12 скокови
На дерби натпреварот од синоќешните дуели во Источната конференција на НБА лигата Мајами славеше над Чикаго со 97-93.
Иако Мајами во текот на дуелот имаше и двоцифрена предност, сепак на крајот сето тоа можеше да го прокоцка доколку во последните секунди Дерек Роуз погодоше при резултат 95-93. Откако не реализираше го фаулираше Бош кој потоа од слободни фрлања го донесе конечниот триумф за домашните.
Леброн Џејмс со 35 поени и 11 скокови беше најдобриот во Мајами, а Крис Бош забележа 24 поени и 12 скокови, додека Двејн Вејд заврши со 15 поени и 7 асистенции. Во составот на Чикаго најефикасен беше Дерик Роуз со 34 поени.
Шампионот Далас забележа нова победа, совладувајќи го по продолжение Сан Антонио со 101-100. Дуелот во регуларниот дел заврши 91-91, откако кошаркарите на Сан Антонио во последната четвртина стигнаа и предност на домашните од цели 18 поени разлика.
Предводник на победата на Далас беше Џејсон Тери со 34 поени, додека Винс Картер постигна 21 поен. Во екипата на Сан Антонио најефикасен беше Гери Нил со 19 поени. Лејкерси, по претходниот пораз, сега предводени од Коби Брајант кој забележа 35 поени и 14 скокови стигнаа до гостинска победа од 101:106 против Минесота.
Резултати: Мајами – Чикаго 97-93, Бостон – Кливленд 87-88, Њу Џерси – Торонто 73-94, Орландо – Индијана 85-106, Далас – Сан Антонио 101-100 (по продолжение), Минесота – ЛА Лејкерс 101-106, Њу Орлеанс – Атланта 72-94, Денвер – ЛА Клиперс 105-109
|