01.02.2012, 14:24 Додик: РС не отфрлува дејтонска конструкција на БиХ
Претседателот на Република Српска Милорад Додик изјави денеска дека РС не ја отфрлува Дејтонската конструкција на Босна и Херцеговина, но дека бара почитување на Дејтон, кој, како што наведе, мора да се спроведува, а не да се толкува.
- Ние не сме марионети. Имаме автентична политика која ја водиме во Бања Лука, рече Додик во тв дуел со лидерот на ЛДП Чедомир Јовановиќ.
- Тоа е она против што се бориме, тоа не е национализам, туку борба за уставна позиција гарантирана со меѓународен документ, рече Додик.
Додик рече дека „РС настанала во 1992 година, а дека со Дејтонскиот договор само е меѓународно верификувана, додека БиХ не постоеше се до Дејтон, кога САД и другите големи сили и дадоа легитимност“.
|