30.01.2012, 15:07 Дизелот поевтинува за два денара, бензинот поскап за 0,5 денари
ЕУРОСУПЕР БС-95 и натаму ќе се продава по 79,50 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 81,50 денари за литар, а ЕУРОДИЗЕЛОТ за 70,50 денари за литар
Цената на дизелот од ноќеска на полноќ се намалува за два денара, а на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 0,50 денари од литар. Непроменета останува цената на ЕУРОСУПЕР БС - 95, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
ЕУРОСУПЕР БС-95 и натаму ќе се продава по 79,50 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 81,50 денари за литар, а ЕУРОДИЗЕЛОТ за 70,50 денари за литар.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 1,50 ден/лит и ќе изнесува 59,50 денари за литар, а мазутот се намалува за 1,097 ден/кг и ќе се продава по 45,043 денари за килограм.
Со одлуката на Регулаторната комисија за енергетика се врши намалување на рафинериските и малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,91 проценти, односно за 1,72 проценти. Намалувањето, како што соопштуваат од РКЕ, се должи на намалувањето на просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-дневен период и од односот на курсот на денарот во однос на доларот, кој во овој период е понизок.
|