01.02.2012, 14:32 Судењето на Тери за „расизам“ одложено по Европското првенство
Тери е обвинет дека го навредувал на „расистичка основа, фудбалерот на Квинс Парк Ренџерс, Антон Фердинанд
Судењето за „расистичко насилство“ на капитенот на фудбалскиот клуб „Челзи“ и на англиската репрезентација Џон Тери е одложено за јули, по завршувањето на Европското фудбалско првенство. Тери е обвинет дека го навредувал на „расистичка основа, фудбалерот на Квинс Парк Ренџерс, Антон Фердинанд.
Инцидентот се случи во октомври 2011 година, за време на натпреварот на овие два лондонски клуба. По завршувањето на мечот, Фердинанд го пријави „расизмот“ на Тери кај англиската фудбалска федерација. По пријава на некои навивачи на „Квинс Парк Ренџерс“, кои ги слушнале и ги снимиле деталите од расправијата меѓу двајцата фудбалери, полицијата отвори истрага, а потоа го обвини Тери за „расистичко насилство“.
На денешното судско рочиште, присуствуваа само адвокатите на двајцата фудбалери. Правните застапници на Тери соопштија дека тој не е се чувствува виновен и дека не го навредувал на расна основа Фердинанд. Адвокатите изјавија дека Тери настојува да го исчисти своето име од ваквите обвинувања. Доколку на судењето Џон Тери биде осуден, максимално може да биде казнет со 2.500 фунти.
|