Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Спорт
30.01.2012, 13:46
Михајловски очекува ракометарите да играат на Олимпијадата и на СП



Ова е најголем успех во историјата на македонскиот репрезентативен ракомет, изјави претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Михајло Михајловски

Пресреќен сум од успехот, кој малкумина во државата го очекуваа. Желбите ми беа седмо-осмо место мислејќи дека тоа ќе биде доволно за пласман на олимписките квалификации, но играчите и стручниот штаб се надминаа, отидоа чекор понапред и го освоија петтото место. Ова е најголем успех во историјата на македонскиот репрезентативен ракомет, изјави претседателот на Ракометната федерација на Македонија Михајло Михајловски.

Тој се осврна и на своите очекувања од идните предизвици.

- Како федерација овозможивме максимални услови и на нив беше само да мислат на ракометот и на ништо друго. Ниту една репрезентација не ја надигра македонската на ова првенство, а двата порази беа минимални и од ракометните велесили Данска и Германија. Поради тоа не гледам причина зошто на квалификациите во Шведска со домаќинот Бразил и Унгарија, не би освоиле едно од првите две места кои водат на Олимпијадата во Лондон. Посакувам оваа година заедно со кошаркарската репрезентација да учествуваме на Олимписките игри, изјави првиот човек на РФМ при денешниот прием на репрезентацијата во ФОН Универзитетот.

За дуелите со Австрија во баражот за светскиот шампионат Михајловски е оптимист.

- Што се однесува до Австрија задоволен сум од жрепката. Единствената опасност ја гледам од реваншот кој се игра на нивни терен, а тоа е седиштето на ЕХФ. Но, уверен сум дека во Скопје ќе победиме со голема разлика и безгрижни ќе патуваме на гостувањето. Очекувам пласман на СП во Шпанија.

Ректорската управа, Управниот одбор и Сенатот на ФОН Универзитетот донесоа едногласна одлука на членовите на македонската ракометна репрезентација да им биде доделена највисока почесна академска титула „Honoris causa“.

- Причина за ваквата одлука на ФОН Универзитетот е големиот успех постигнат на Европското првенство во Србија, но и пораката која се упатува до студентите во државата дека успехот е возможен само со работа, знаење и квалитет. Сите репрезентативци стануваат почесни дипломци на факултетот за Спортски менаџмент, истакна генералниот менаџер Сефер Цаноски.

ФОН Универзитет по Светското првенство во Хрватска 2009 година им додели стипендии на сите репрезентативци за завршување на високото образование. Стевче Алушевски веќе магистрира, Наумче и Златко Мојсоски се пред дипломирање, а и останатите кои се запишани се при крај со студиите.






Статијата е прочитана 1396 пати.

Испрати коментар



Клиперси ја прекинаа црната серија во Јута
Меси промаши пенал за победа на Барса
Интер не победи и покрај четирите голови на Милито
(ФОТО) Најмалку 74 загинати по фудбалски натпревар во Египет
Судењето на Тери за „расизам“ одложено по Европското првенство
Вознијачки го отпушти тренерот
Мемфис подобар од Денвер по продолжение
Атлетик на чекор до финалето во „Кралскиот Куп“
Јунајтед се израмни со Сити на врвот на Премиер лигата
Нов Зеланд и Ангола први пречки на патот до Лондон
„Л’Екип“ контра ЕХФ за Лазаров
Билетите за Гетеборг во продажба од утре
Владо Илиевски пред трансфер во Локомотив Кубан
Сменет селекторот на борачите Глигоров
(ВИДЕО) Клиперси го поразија лидерот Оклахома
Мајами го доби дербито на Истокот
Милан го одржува чекорот со Јувентус
Работнички поразен од Црвена Ѕвезда

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, -2°C

Снег

Четврток
Снег
Макс: -1°C, Мин: -6°C

Петок
Мешавина од дожд и снег
Макс: 4°C, Мин: -1°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |