31.01.2012, 15:41 Македонец во Чешка уапсен поради дрога
Чешките цариници во јужниот дел на државата во близина на градот Јихлава, при контрола на автомобил со чешки таблички во кој патувале двајца српски и еден македонски државјанин, пронашле две ќесички со хероин. Едната ќесичка била скриена во поставата на палтото на македонскиот државјанин и тој е предаден на полицијата и задржан во притвор. Доколку се докаже дека е виновен за недозволено производство и употреба на опојни дроги и психотропни супстанции, му се заканува казна затвор до пет години.
„При контролата се откриени три ножеви, боксер, џепна дигитална вага, лажица и две ќесички со непозната кристална материја, за која подоцна се докажа дека е хероин“, соопшти портпаролката на царинската управа, Лада Темњакова.
Таа додаде дека од одземената количина на дрога можеле да се произведат до 30 дози.
|