30.01.2012, 14:21 И Министерката за култура се сретна со принцот Мајкл
Било разговарано и за можностите за унапредување на културниот туризам и промоција на Македонија, но и за поголемата промоција на македонската култура пред британската јавност
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска вчеравечер на работната средба со принцот Мајкл од Кент реализирана во хотелот „Радика“ во Маврово, на која присуствувал и амбасадорот на Обединетото кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Македонија, Кристофер Ивон, како и членови на британската бизнис делегација, претставници на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот на Република Македонија, го истакнала огромно значење на посетата за поголемата поддршка за унапредување на културните врски меѓу двете земји.
Било разговарано и за можностите за унапредување на културниот туризам и промоција на Македонија, но и за поголемата промоција на македонската култура пред британската јавност. Канческа–Милевска го информирала високиот гостин дека на културната олимпијада во Лондон, македонската култура ќе биде претставена преку неколку интересни содржини. (К.Р.)
|