30.01.2012, 18:13 Мое ќоше
Струшки котел
Ерол Ризаов
Во струшкиот котел клокоти Македонија
Секој час доаѓаат загрижувачки вести од Струшко и од Струга, светската престолнина на поезијата, љубовта и мирот. Струшките вечери во овие зимски дни станаа многу мрачни и тегобни, а и деновите се снеубавени и без светлина. Во струшкиот котел клокоти Македонија. Се подгрева, пак, на силен оган нашата мултиетничка чорба. Само што не зоврела. Тие што го запалија огнот подготвуваат и лута запршка. Жарта која постојано тлее под пепелта лесно се разгорува, а сосема не може да се изгаси никогаш. Не даваат чуварите на огнот што водат грижа постојано да гори омразата која еден ден ќе не' изгори сите сосе Татковината ни.
Добро ги знаеме меѓуетничките тензии на кои сме се изгореле повеќе пати. Доволно е еден пресилен збор, каква било навреда, кавга, улична или училишна тепачка, па да букне нетрпеливоста и омразата која лесно излегува од контрола. Секогаш по некаков националистички инцидент, главно, тие што го нарачале и направиле, мудруваат ли мудруваат и даваат рецепти за соживот со нивно зајре и со нивни зачини. Сеат отров на спортски натпревари кога лесно наведуваат еуфорични навивачи да пеат за клетите Шиптари или за смрт на каурите. Ги сатанизираат карневалските пародии на кои се исмеваат светите верски книги и обичаи, најинтимните чувства на другиот и поинаквиот, лесно се с’скаат учениците во училишните дворови на крвави тепачки, пијаниците да палат знамиња, а потоа кога ѓаволот ќе ја однесе шегата, работите тргнуваат без контрола со сквернавење цркви и џамии. Сето тоа шовинстичко ѓубре го разгоруваат медиумите и дежурните пожарникари и хигиеничари на чистотата на сопствената нација, вера и јазик, соопштувајќи авторитетно кој прв почна и кој е повеќе виновен. Разбирливо секогаш е виновен другиот. Тие се само воени подбуцнувачи добро познати од војните при распадот на Југославија и од воената криза во Македонија 2001 година.
Кога ја знаеме сите оваа чувствителност која не толку одамна однесе повеќе стотици животи и ја донесе Македонија на работ на граѓанска војна, има ли нужда да правиме камикаѕе-ризици со исмевање и карикатурални перверзии над Куранот, крстовите, знамињата, верските носии и други обичаи кои со векови опстојувале на овие простори токму поради големото внимание кон различниот од себе. Секогаш ме фаќа страв кога брзо се множат експерти за меѓунационални односи, верски обичаи, карневали, спортски натпревари и разни други сејачи на магла, објаснувајќи дека не е тоа што ние го гледаме со свои очи, туку тоа е исмејување на суеверието, примитивизмот, дека тоа, наводно, е еднакво застапено, во стилот лани за едните, годинава за другите, ама ланските се заборавиле, дека никој не е поштеден, дека тоа се високи дострели на демократијата, да се исмеваат светите книги и верата, да му се сквернават верските обележја и храмови да се навредуваат верниците. Да, тоа е веројатно така каде што има критична маса тоа да се поднесе и прифати со смеење. Во Македонија тоа не проаѓа и не проаѓало никогаш ниту во еден систем и уредување.
Откако се направија сите овие провокации на спортските натпревари, па се' до Вевчанскиот карневал немаше речиси ниту една осуда или најмала ограда, ниту од организаторите ниту од политичките партии, а немаше ниту една пријава за верска и расна дискриминација, или какво било вознемирување. Но, откако почнаа работите да излегуваат од контрола, стасаа осудите од граѓаните и од партиите. На екраните и на насловните страници излегоа големите познавачи на меѓуетничките односи да предупредат дека е опасно да се подигрува со чувствата на граѓаните од која било верска и национална припадност. Повторно ја откриваат Америка, нудејќи ни соживот, мултикултурно и мултиетничко општество кое го живееме со векови и многу подобро без нив и нивните совети.
И сега што мислите кој е виновен за последните инциденти на спортските терени, во Струга и во Струшко. Никој. Секогаш е така кога политиката ќе ги замеша работите. Тогаш се мобилизираат патриотите да ја бранат татковината од себе. „Тоа е нивното последно прибежиште“.
А, да не се на повидок избори. Да, ама овој пат рано почнаа активностите. Некој е многу уплашен и нестрплив. |
|
Статијата е прочитана 2372 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Itar Pejo, 31.01.2012 00:11:08 | Vo sekoja drzava prv odgovoren za toa sto se slucuva e vladata. Za toa i se izbira vlada. Sekoj mpze da frla lopati. Treba da se vladee. Nikogas vo Makedonijata, nieden koalicionen partner ne gi osuduva istapite na svoite. Zatoa se odi od provokacija do provokacija. Zalno e da kazam, ama poslednava serija pocna so huliganskite istapi na rakometnite navivaci koi vladata ne gi ni ukori. I so vevcanskiot festival, koj sto e kofinansiran od vladata. Posle ce se cudime sto ne snaslo i ce vreskame deka ima svetska zavera protiv Makedonija. |
| Koj go sirio ova zlo?, 31.01.2012 01:55:47 | Koj ja zloupotrebuva religijata i svesno ili nesvesbo voveduva verska netrpelivost.Toa e siroko prasanje za cija elaboracija potrebno e golem prostor.Jas bi go uprostil toa na dve grupi ludje:Edni koi toa svesno go pravat so odredeni celi,odnapred znaejci sto ce se sluci i drugi koi zaslepeno gi pravata,idoktrionirani so religiozna netrpelivost kon drugite. Najgolema verska netrpelivost i iskljucivost , tocno pokazuvaat onie koi najmalku gi poznavaat religioznite ucenja.Prorokot imal golema pocit kon hriustijasntvoto i judizmot i gi vbroil vo Ahl al Kitab( narodi na knigata)i nikade ne propovedal versko nasilie Eden kordobianksi teolog osvrnuvajci se na Kuranot i Biblijata se izrekol:Toa se dve manifestacii na ista vistina. Sprotiovnosti postojata samo koga covek se pridrzuva do bukvalno znacenje na pismoto,a ne go gleda sustinskoto znacenje. No za zal malku mina toa go znaat i se zaveduvaat kon odredeni ektremni aberacii na religioznite ucenja , koi nosat samo omraza i nasilie. |
| Marioec od Azija, 31.01.2012 01:59:57 | Erole tebe treba da ti e jasno,deka ne se raboti za Karnot i Kuranot.Dosta so dezinformacii,toj nitu e palen niti e navreduvan kako takov kraj.Se raboti za drugo i ti dobro znaes,doticnata se vrati od Grcija i gi donese instrukciite kako da se postapuva ponatamu.Crkvata vo Labunista e zapalena od Albanci demek ete site Muslimani se navredeni posle 2 nedeli im teknalo.Ovoa nema vrska so verata tuku e cista politika.Jas znam deka ne ceka uste edna Vojna so Albancite no neznam koga ce ja pocnat tie.Samo sega nema da se povtori 2001,kartite se inaku raspodeleni pa nema da im bidi taka lesno i nim.Tie nikogas ne ja pocituvaat Makedonija kako maticna Drzava a privilegiite gi koristat na golemo.Dosta e od niv,go teroriziraat Mak Narod kako Hitler Evreite. |
| B. Betinski, 31.01.2012 04:20:15 | Ke si dozvolam da ukazam na efekten opis na nacionalizmot objavnen dosta pred da izbuvnat nacio-pozarite vo ex-YU: „Nacionalizmot e, pred se, paranoja. Kolektivna i poedinecna paranoja. Kako kolektivna paranoja, toj e posledica na strav i zavist, a nad se posledica na zaguba na individualnata svest; spored toa, kolektivnata paranoja ne e nisto drugo osven zbir od edinecni paranoi dovedeni do paroksizam. Ako edinkata, vo ramkite na socio-proekt ne e vo sostojba da se „izrazi“ [...] taa e primorana da go bara svojot entitet nadvor od identitetot vo t.n. socio-strukturi. Taka stanuva pripadnik na slobodnodzidarska tolpa koja si postava, samo navidum, kako zadaca i cel problemi od epohalna vaznost: opstanok i prestiz na nacijata, zacuvuvanje na nacionalnite svetosti, tradicii, filozofski, eticki, literaturni. So tovarot na takvi tajni, polujavni ili javni misii, NN stanuva covek od akcija, naroden tribun [...]“ (Danilo Kis, 1974). |
| koki, 31.01.2012 05:27:35 | Некој премногу се занесе.......Карневалот изгледа беше иницијалната каписла.......скандирањата на ракометот......палењето на знамето.......ТРКАЛОТО НА ЗЛОТО почна........контролата се губи........згора на сето тоа ѓе излезат претставниците на власта и ќе речат дека крив за состојбите е кој ако не????? Лицето Б.Ц се разбира..........Тажната Македонска сага за жал се повторува............ |
| melburne, 31.01.2012 06:58:42 | Do itar pejo,kako mislis da gi ukori navivacite,koga vladata gi pusti navivacite da navivaat i toa vlasta(DPMNE i DUI) im kaza so koi pesni da nastapat.Ke se povtoram,DPMNE go prodolzuva toa sto go rece pocinatata DOSTA DIMOVSKA, koga na celo bese Ljubco,a toa e podelba na Makedinija. |
| delcevec, 31.01.2012 08:46:33 | ke se soberat nekolku neranimajkovci ke se oblecat vo nekakvi maski i na drzaven trosok ke navreduvaat kogo ke im tekne a nie ke im pleskame demek kolku toa ubavo.sramota
|
| ФЕЛИКС, 31.01.2012 08:55:12 | Имаше пред некој ден една убава реченица од еден коментатор да,,не е важно кој прв почнал,важно е кој прв ќе престане,,. Работите од карневалот прејдоа на напади на цркви,од кршење крстови до палење црковни објекти.Ако одиме по теории на заговори сето ова моментално верско лудило има ред во нештата.Оној што го потикнува сето ова можеби има намера да ни ја презентира кревкоста на меѓунационалните односи.А со тоа да ни се укаже потребата од зачленување во НАТО и ЕУ,а истото условено со промена на името. Како и да е сето ова постојано ни се преповторува,и никако да искочиме од овој националистички маџепсан круг. |
| Pejo Glupaviot, 31.01.2012 11:53:00 | Pozdrav do ФЕЛИКС. Majkata, mnogu убава реченица: не е важно кој прв почнал,важно е кој прв ќе престане. Ako ti zalepam slakanica (ova e primer, vo nikoj slucaj ne bi go storil toa, makar i da si pred mene, makar i da si pomal) pa ti mene pa jas tebe, ne e vazno koj prv pocnal, vazno ti da prestanes? |
| Гаргамел, 31.01.2012 11:57:16 | Колега Феликс , тебе пак ти се виновни оние што не се на власт , а не оние кои го спонзорираа Вевчанскиот карневал и организираа тепачка на Кале,заедно со своите коалициони партнери.Идејата на ДПМНЕ за Македонија до Групчин се остварува!Среќа што вие „ патриотите-предавници “ ќе го освоите Солунско Поле! |
| Mark, 31.01.2012 12:06:50 | Cestitki do macorot Felix, prv pat kazuva nesto sto e dobro za drzavata i narodot i DAJ BOZE da e toa: Nekoj da ni prakja poraka deka zavrsi maalskata zurka na macinjata i deka e posleden cas za NATO!!! I se sto treba da se napravi KE se napravi i konecno da zdivneme, site sto ziveat na ova parce zemja! E sega moze macorite si zamisluvaat deka mozat uste da mjaukaat ama KE DOJDE DOBERMANOT a ishodot e mnogu izvesen, neli Felix? |
| tihi, 31.01.2012 12:26:49 | Od shto li bea isprovocirani muslimanite vo Egipet za da ubivaat hristijani kopti.A ako nekoj bara povod za da se isprovocira ,dovolen e i losh pogled.Dali treba da bide ubien za toa.Mozhebi kratkiot fitilj na nekoi nashi sogragjani ni e patokaz za brz priem vo NATO. |
| citatel, 31.01.2012 13:14:34 | Odlicen tekst. Napisano e vistinata i realnosta.
P.S. Dosta pisuvate kometari za FELIKS. Pa neli gledate deka toa mu e namerata so provokacija da se izbegne komentarite da se odnesuvaat za temata za koja e napisan tekstot. Kako i sto Vladata na DPMNE saka so provociranje i predizvikuvanje na verski i etnicki tenzii i sukobi da napravi incidenti, a mozebi i vojna za da se otrgne vnimanieto na javnosta od drugite gluposti sto gi pravi. Jas mislam deka situacijata ne e naivna voopsto. Mozebi Vladata misli deka ako predizvika voen incident Makedonija pobrzo ke vlee vo NATO..?? Mozebi taka go sovetuvale premierot novite sovetnici. Jas ne mislam taka. E tek togass nema nikogass da vlezeme vo NATO. Mnogu e polesno da rasturiss nesto nego da go sozdades. |
| Vesso, 31.01.2012 14:46:13 | Sekako ne e vo red pogrdni skandiranja za albancite.A Vevcani e samo humoristicno prikazuvanje na nekoi sostojbi.No pricini za nasilie sekogas moze da se najdat.Dali ovie scandiranja i izvrten vevcanski humor moze da se sporedat so nasilieto i etnickoto cistenje koe fanatiziranite muslimani albanci go pravat.Pa ako se tolku pravdoljubivi,sto ne protestiraat za na primer nasilno proteruvanje na makedoncite od Aracinovo,i koi ne mozat ni da pomislat da se vratat nasad.Taka ja okupiraa polovina Makedonija.pa i pred 1913 bea pomalku od makedoncite vo Albanija.Sekade kade ima muslimani,nemuslimanite se izlozeni na teror i nivniot broj rapidno se namaluva.Vo Egipet do pred 100 god.bea isto so hristijanite Kopti(anticki Egipetjani).I sekade se slucuva taka. |
| Asan od Krivolaka, 31.01.2012 15:02:14 | Avtorite na ovie i na site drugi, takanareceni komentari, vo ovoj i vo drugite makedonski vesnici, imaat eden zaednicki imenitel: site se totalno nepismeni individui, koi sto i pravat golema steta na Makedonija. Tesko moze da se najde nekoj megju niv koj go poznava svojot majcin - Makedonski jazik! Seto ona sto se prodava kako nekoi komentari e mesavina od neznaenje i losotilok. Abre moi Makedonci, kakvi ste vie Makedonci koga ne si go govorite svojot tolku melodicen i ubav jazik?! Ne ste erbab ni kolku mene: Jas sum crn Gjuptin, no mojot majcin jazik si go zboruvam original, a vo Makedonskiot jazik sum zaljuben! Na krajot da ve prasam: koj sakate da vi go priznae jazikot koi sto vie samite sekojdnevno go unakazuvate? Pa duri i vo vesnicite i na televizijata. Sramota... |
| Bravo Felix, 31.01.2012 20:03:42 | Sekogas si vo pravo...alal da ti e.
Samo ako moze podlolgi komentari davaj da ucime poveke.
|
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, -2°C
Слаби снежни врнежи
|
Четврток
Слаби снежни врнежи
Макс: -1°C, Мин: -6°C
|
Петок
Мешавина од дожд и снег
Макс: 3°C, Мин: 0°C
|
|
|
|
|
|