Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
31.01.2012, 17:18

Мое ќоше

Одете во Струга

Ерол Ризаов

Зошто власта и опозицијата бегаат од Струга и од Струшко

Претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски, лидерите на големите политички партии во власта и во опозицијата Али Ахмети, Мендух Тачи и Бранко Црвенковски деновиве мораа да бидат во Струга и во Струшко меѓу народот. Не за да го мерат својот рејтинг и да видат колку се омилени и сакани, не да држат предизборен митинг и политички маркетинг, туку да го изгаснат огнот кој може да ја запали државата. Тоа им е најзначајната уставна обврска и должност да не дозволат нереди и дестабилизација на Македонија.

Тие со денови не можат да стасаат до Струга, која им стана некако многу далечна и непријатна станица. Всушност, сакаат да одат во Струга и во Вевчани и секаде каде што има аплаузи и каде што ќе им се воодушевуваат. Кај што гори.... не е баш пријатно. Ако си блиску до огинот, може да се изгориш. Затоа храбро и државнички одлучија настаните да ги следат од подалеку и да си останат таму каде што се. Додека малку не се расчисти димот, ќе ни праќаат утешителни соопштенија дека ситуацијата е под контрола и нема потреба од голема возбуда и страв. Првите изјави широкоградо им ги препуштија на пониските партиски ешалони и на градоначалниците на Струга и на Вевчани. Засега главен збор имаат пациентите кои редовно се јавуваат на терапија во утринските и вечерните ТВ-емисии и кои ја загрозија славата на најдобрата народна забава, знаете онаа со црни и бели инсекти. Сега од сите телевизии ечи гласот на накострешените радикали и милитанти кои само што не тргнале во крстоносна војна за одбрана на верата. Во ова најмногу им помагаат силните експерти, аналитичари и коментатори кои први ја убиваат вистината пред да почне трагедијата.

Навистина, зошто нашите најодговорни функционери никако да стасаат до Струга, иако требаше да бидат таму, пред првите најави дека нешто не е в ред. Тешко е да се поверува дека разузнавачките служби и полицијата и други надлежни институции на системот затаиле и немале навреме информација дека нешто опасно се тркала низ Македонија за да застане во Струга. Превентивното политичко и институционално реагирање во спречување на жаришта кои можат да ја дестабилизираат државата е одамна позната работа и е најзначајната обврска за стабилност и контрола на ситуацијата. Особено се опасни ваквите инциденти што прераснуваат во кризни ситуации кои лесно излегуваат од контрола кога конфронтациите се меѓуетнички и верски. Овој пат настаните се одвиваа прилично бавно и не беа експлозивни при самата своја појава. Прво, како што е вообичаено, работите почнаа да засмрдуваат на нешто пострашно кога навивачите во друга држава почнаа да пеат за клетите Шиптари во мигот кога Македонија се радуваше на победите и големиот спортски успех. Потоа уследија реакциите за смрт на каурите. И така со ред, како што ни прилега и доликува на најрепрезентативните примероци на балканштината.

Вевчанскиот карневал даде најсилен придонес да стаса пораката до сите што не веруваат во опстанокот на Македонија. Луцидните Вевчанци ја погребаа Грција и го претворија Куранот во машки полов орган. Силна и многу духовита порака за добрососедска и права комшиска љубов испратија мудрите вевчанци нема што. Пораката е примена со восхит, па од преголема љубов почнаа да се сквернават цркви, крстови, да пламнуваат нови пожари. Сигурен сум дека оваа вевчанска патрдија или перверзија, во зависност од тоа кој како гледа и чувствува, допрва ќе го обиколи светот и ќе и' донесе многу пријатели на Македонија. Се' уште никој не се чувствува виновен, ниту се оградува, ниту се извинува за сторените срамни дела кои ги навредуваат верските чувства, но и човечкото достоинство кај оние што не се многу по верата. Партиската полиција додека не добие наредба од партиските штабови, нема да приведе никого и нема да соопшти ништо. Само ќе плаши мали деца со своето нагласено присуство. Сето ова се одвива со денови во Струга и во Струшко, но сознанијата на полицијата и надлежните служби не беа доволен мотив за превентивно дејствување на политиката и политичките лидери и водачи. Не е можно да не го знае полицијата она што нашироко пишуваат и известуваат медиумите. Напротив, станува мошне веројатно дека власта остави од свои потреби и причини работите да клокотат во струшкиот котел до точка на вриење. Дали се' уште сме во некоја контролирана регионална дестабилизација на државата од која ќе не' спасуваат нашите патриоти или, пак, работите излегоа од контрола ќе се знае мошне бргу. Како и де е, не е на арно.


Статијата е прочитана 3381 пати.

Испрати коментар



Контоминас посредувал за поткупот во Телеком?
Младите лидери на ВМРО-ДПМНЕ остареле, бараат нови
Вељаноски ги притисна пратениците за кодексот
На Балканот ќе се менуваат границите?
Jа викаат Владата да го гаси пожарот
Напрегнато на запад - Како Струга нема друга
МВР на тапет во годишниот извештај на комисијата на Петковски



Mislat i se molat, 01.02.2012 01:47:27
Grujo e momentalno na pokanet na baklava vo Turcija i pokraj baklavata se nadeva da donese i nekoja investicija, ( primer kako Sise -Dzam i sl)Branko e mnogu zacitan. Go cita romanot na Umberto Eko Imeto na Rozata a i Ahmeti se zapnal tokmu sega na citanje i ja cita Generalot na mrtvata vojska od Kadare. Edino Taci ne cita , bidejci vece gi procital site knigi ,ama se zapnal redovno da ja gleda serijata velicanstveniot za Sulejman I Velicanstveni, pa ne mozat da go trgnat od televizor, tolku se zaljubil vo Sulejmana. i negovata velicina. E od tie pricini site lideri se opravdano spreceni da pojdat vo Struga, ama zatoa sekojdnevno mislat na nea i se molat ( sekoj na svoj nacin) za mir i spokojstvo . Da dade Gospod nivnite molitvi da gi cue i da ni pomognat.
cujte i pocujte:I Gorge 3 pati gi vide rakometarite, 01.02.2012 02:03:37
Rekov da bidat prasani kreatorite na maskata dali ja napravile za da navredat ili da kritikuvaat zloupotreba na islamot? Poznata e frazata sto sakal avtorot da kaze, neli? Inaku kako ke stigne Gorge I vo Struga koga mora tri pati kolku sto Pinki go videl Tito, da gi vidi rakometarite za da bide viden i cuen deka gi bodri. Da bese ova 21 vek na lugeto ke im dosadese po internet, radija i televizii a vaka sirotiot mora da trca od sala na plostad pa vo MOB.Prvpat vo Belgrad, pa posle moralo i na plostad iako pretstoelo priem i odlikuvanje. I ima pravo da sobira plodovi. Site se sekavaat na negovite zalozbi zaednicki so Tupurko od MOK za potkrepa na rakometot i kosarkata isto kako sto Z Temelkovski ja poddrzuvase S Vangelovska.Covek so usul ne bi si dozvolil takva lakrdija do odvratnost.
Rane, 01.02.2012 02:24:01
Super post! Edno vakvo da napisis i za crnogorcine sto se custvuvet osteteni i navredeni za site vicovi sto se kazani na nivna smetka! Samo napred! Neznajkovci od politika kako tebe ja pravat golemata, ova e obicna sprema na teren za lokalni izbori, dui i vmro si znaet deka kaj nivniot elektorat ovaa karta im e najsilna i ja igraat so bleff do kraj! Slusnav deka i MVR ce reagiralo duri odkako Vevcanci ce im se izvinele za site pati koga gi ismeuvale na karnot! Edno e samo sigurno, BC e kriv!
Ljubotan Trade Name, 01.02.2012 04:57:07
Dragi mi Erole, ubavo inaznapisa,,Претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски, лидерите на големите политички партии во власта и во опозицијата Али Ахмети, Мендух Тачи и Бранко Црвенковски деновиве мораа да бидат во Струга и во Струшко меѓу народот. Не за да го мерат својот рејтинг и да видат колку се омилени и сакани, не да држат предизборен митинг и политички маркетинг, туку да го изгаснат огнот кој може да ја запали државата. Erole,Erole, Kade Zivees, a Ti ? Site znaeme; Oginceto e zapaleno od pred mnogu godini,samo ete taka, tivka po malku i tivka ,i se posilno tivka i posilno, isto kako i Aksam goga pagja,Potemno i Potemno! Aksam odamna padnal i nikoj ne go gleda sonceto,a na site im e strav da go poglednat Saatot sto neumorno vrti li vrti,do totalno pepeliste i totalen mrak!
B. Betinski, 01.02.2012 09:20:07
Site onie do koi se obrakjate kako povikani da ja smirat sostojbata vo Struga treba pod itno da smenat nesto drugo i i toa - radikalno. Zborovite, kako zvucni simboli, i palanjeto na grckoto zname, odnosno ismevanjeto na Kuranot (vizuelni simboli), se ne pomalku pogodni sredstva za nasilstvo od policiska ili bejzbol palka, tupanica ili kloca na specijalec (koi go ubija M. Neskovski). Zborovite i simbolite stanuvaat sredstvo za nasilstvo togas koga se sveduvaat na nivnata afektivna dimenzija, koja pali tolpa kako barut. Tie sto se upateni vo teorijata na jazikot, dobro znaat deka sekoj zbor ima edna intelektualna i edna afektivna dimenzija. Treba li da potstuvam tuka sto dominira vo retorikata na politickite eliti koi se najodgovorni za toa sto ni se slucuva? A ni se slucuvaat nasilstva vo serija, t.e. politicki doziran haos. Ama, toa dobro pomaga nekoj da se odrzuva na vlast i toa vo - kontinuitet!
Леонид, 01.02.2012 09:28:15
Ероле одлично препорачуваш директно соочување на водечките политичари со состојбата на теренот и нивна директна посета на Струга и струшко. Она што не ми се допаѓа е тоа што изедначуваш вербален деликт и кривично дело. Беа палени македонски знамиња, беа извикувани погрди антимакедонски пароли и никој не нападна верски објект, дури и не запали албанско знаме, никој не фрли камен на автобус. Палењето на знамето, каменувањето и палењето на црква се кривично дело, а не вербален деликт. Така да и кај вас гледам примена на нееднаков аршин кон работите што не е во ред.
dobar den, 01.02.2012 09:55:42
Dobar den, g-ne Erole. Na ovo, za što pišuvate, i so što se slagam, pasira makedonska pogovorka: kukata gori, baba se češla. Kukata naveliko gori veke odamna, a mislam i ke izgori, no nema da izgorat babite, tie ubavo isfrizirani blagovremeno ke izbegat na sigurni, topli, ubavo uredeni mesta. Ke izgorat gragjani - žiteli na MK. Ednite navistina, oti ke ja platat najvisoka cena - neveruvam, deka toa, što tolku godini tinja, ke se završi i reši po miren pat, a drugite: nivnite roditeli, ženi i deca - izgoreni doveka, oti ke gi zagubat svoite najdragi vo konflikt, koi nema rešenie, no pred sé nema nikakov smisol!! Dodeka sve drugo vo MK (vera, nacionalnost..) ke bide považno od gragjanska pripadnost!! i od počituvanje na drugiot - nepravi mu na drugiot, što nekeš, da ti pravat tebe - se zakanuva opasen (a mislam - krvav!!) konflikt. Za žal! Mudri glavi izgleda - nema. Sé e vo racete na Gospoda. Pozdrav.
ФЕЛИКС, 01.02.2012 10:14:32
Авторот на текстот поставува прашање но не и ги одгатнува прецизно,туку прави еквилибристика на фрази.По мене одговорите би оделе во овој правец.Власта не оди во Струга и не покажува оправдано мускули од интерес да опстои коалицијата.Секој излив на очувување на државата преку репресија на виновниците коалицијата ќе се распука.ДУИ веднаш искача од власта оти нема да дозволи поени да собира ДПА пред локалните избори.Опозицијата не оди и млако реагира оти знае да е виновна како црниот ѓавол за прекројување на Струга преку законот за територијална поделба.Останува само странскиот фактор да делува преку разговори,но и тука имаме градација на успешност.Албанците оние од ЕУ многу не ги есапат но затоа амбасадорот на САД има огромно влијание.И така се во круг до идниот верски излив на емоции.
leomese, 01.02.2012 10:50:40
Струга е Струга Навистина ми е жал што деновиве се случи еден убав настан во Струга но никој не знаеше да го искористи за промоција на овој убав град. Стружани им приредија величествен дочек на своите ракометари, репрезентативци, браќата Мојсоски, браќата Велкоски, Јоноски, Кукоски, вкупно 6-мина кои им донесоа радост на ЕП во Србија со своите одлични игри во дресот на Македонија. И што се случи, дочекот речиси скромно беше регистриран во сите медиуми со исклучок на ТВ Алфа иако мина без инциденти во убава атмосфера. Катастрофа е што градоначалникот Мерко не се симна до висините па да им приреди прием, и со тоа да покаже дека градски татко на сите стружани, потоа оваа убава слика да се пре несе во медиумите и да се покаже дека ние во Македонија имаме доблест за соживот но и институциите во власта треба да си ја работат својата работа. И покрај вестите за вахабисти и слични авантуристи ние до сега не добивме официјална информација од МВР дали такви луѓе се влезени во државата
tihi, 01.02.2012 12:17:59
Dali si siguren deka problemot e bash vo Struga.
ена, 01.02.2012 12:33:09
ги читав и коментарите подолу па им се чудам на оние кои коментирале само колку нешто да се напише..... човеков ја напишал вистината и тоа е што е. нормално не им одговара на сите, но убаво би било за сите кои живееме овде да бидеме малку пообјективни
Stipjanec, 01.02.2012 13:25:51
Erole, mnogu gi potcenuvas politicarite. Ke se soglasis deka tie se inteligentni i mudri luge, pa sekoj i ne moze da bide lider na partija. Tie se svesni deka tamu kade sto uma ogin, tie prvi ke izgorat, bidejki tie i go sozdadoa oginot. Toa im e jasno i na vrapcite, a ne na Grujo, Branko, Ali Ahmeti i Taci. Vo uslovi na SIROMASTIJA i BEZIZLENOST, narodot go gleda SPASOT vo: Gocevata rasa, Solunskoto pole, kletite Siptari, Antikata, palenje na zastavi, na Crkvi, ismejuvanje so religiskite cuvstav itn. Vo uslovi na ekonomski krizi, se sozdavaat nevideni Bogatasi, po osnova na Tenderi ili nekoj drug vid na kriminal, seedno, no toa proizveduva uste pogolema siromastija od onaa predizvikana od Svetskata ekonomska kriza. Na seto ova, nasite MUDRI ekonomisti kazuvaat deka kolku ima pobogati(mega) bogatasi, toa ke bilo podobro za narodot. A se gleda (iz prilozenoga), deka narodot e sreken i se raduva i pali i gasi na razni Mitinzi, koi ke gi ima se pocesto, za zal na site nas!
Predavnik, 01.02.2012 13:46:59
Opozicijata ima prilika da sobere poeni do kolku otide tamu i proba da ja smiri situacijata, ama i ne mora. Vlasta ja ima odgovornosta i tie po sila na zakonot mora da se tamu, a ne ne znam kade. Koi se tie po prioritetni zadachi od ovaa? Eh moi patrioti, aj sega da se vidime koi sme heroi i patrioti, a koi pizdi i predavnici.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, -8°C

Слаби снежни врнежи

Петок
Мешавина од дожд и снег
Макс: 3°C, Мин: 1°C

Сабота
Обилни врнежи
Макс: 2°C, Мин: -2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |