Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Политика
31.01.2012, 18:07

Контоминас посредувал за поткупот во Телеком?

Слаѓана Тасева, вели дека има информации оти грчкиот бизнисмен е сопственик на една од фирмите, преку која, наводно, требало да бидат извршени спорните трансакции

Жаклина Хаџи Зафирова



Моќниот грчки бизнисмен Димитрис Контоминас е посредникот во наводниот поткуп на македонските политичари во случајот со „Дојче телеком“ и „Маѓар телеком“, кој вчера го обелодени Слаѓана Тасева, претседателката на „Транспаренси интернешнел Македонија“, повикувајќи се на официјални податоци кои ги добила од кипарските власти. Тасева на вчерашната прес-конференција во детали образложуваше за инволвираноста на грчкиот бизнисмен, за кого од Централниот регистар на Кипар добила информација дека е сопственик на „Чаптекс холдинг“, една од фирмите преку која, наводно, требало да бидат извршени спорните трансакции, а за кои претходно се согласил да се реализираат преку неговите фирми. Тасева коментираше и дека случајот со кој се имало намера да се попречи либерализацијата на македонскиот пазар на телекомуникации е многу поголем и вклучува повеќе луѓе, пари и институции кои би требало да се позанимаваат со оваа, како што ја нарече, коруптивна шема.

„Тој посредник прифатил дејствата на трансакциите да бидат извршени преку неговите компании. Тие се наведени со име во извештајот. Тие се ’Космотелко валиу’ и ’Чаптекс холдинг’. Преку тие компании требало, тоа е претпоставка, парите да стигнат до високи функционери во Македонија. Дали стигнале и што се случило, американските органи останале на претпоставка, а нашите велат дека истражуваат“, изјави Тасева на вчерашната прес-конференција.

Таа оцени дека воопшто не било тешко нејзината организација да провери кој стои зад овие фирми. Од Централниот регистар на Кипар добиле информација дека како сопственик се појавил „многу моќен човек, голем бизнисмен“, кој, според неа, „во времето кога се случувале дејствата опишани во ревизорските извештаи и обвиненијата, бил присутен во Македонија и имал состаноци со наши високи функционери“.

„Не може да го кажеме името, а да не може тоа име да се препознае. Тоа е јасно нотирано во сите овие документи. Станува збор за Димитрис Контоминас, кој бил склучувач претходно на договорот за остварување на интересот за фиксната телефонија во Грција и бил сопственик на акции во ’Камени мост’ и други фирми кои поседувале акции во ’Македонски телеком’. И тие акции подоцна ги продал на Владата. Имаме многу силна лоби бизнис- врска, која е нотирана како посредник во самиот извештај, кој го читаме од обвинителството на САД. Извештајот е многу поголем и по тежина на делата и лицата вклучени во делото“, рече Тасева. Шемата, според неа била таква што тројцата извршители од „Маѓар телеком“, чии имиња се знаат, ја осмислиле целата работа, според која издејствувале средствата да се исплатат преку незаконски договори. Во целата работа бил вклучен посредник кој наводно контактирал со нашите функционери.

„Преку компаниите ’Космотелко велиу’ и ’Чаптекс холдинг’, претпоставка е дека парите требало да стигнат до високи функционери во Македонија“, рече Тасева. Таа нагласи и дека според нивната анализа не се совпаѓаат не само лицата кои се гонат, туку и сумите бидејќи Американците ја водат истрагата за 4,8 милиони евра, а македонските власти за 900 илјади евра помалку зашто во истрагата не е вклучен еден договор. Тасева оцени дека случајот требало да го следат повеќе институции, а не тој да биде третиран селективно.

„Сите договори се реализирани преку прикривачки компании и компании поврзани со посредниците и се антидатирани, односно внесени во време кое не соодветствува со времето кога се исплатени. Во двата извештаи се наведува ’Камени мост’, и понатаму кипарската ’Фишек компанија’ преку која се реализирани овие зделки“, наведе Тасева. Таа додаде дека случајот може да се води како постапка за злосторничко здружување бидејќи постои организирана група која се создала за оваа намена и имала за цел извршување на поголем број кривични дела.

Таа рече дека иако сега се гонат само извршителите, сепак во целиот случај имало три фази: подготовка, посредување и извршување. Тасева вели дека врз основа на ревизорскиот извештај „Маѓар телеком“ побарал поширока истрага која го опфаќа периодот од 2000 година, односно и периодот пред приватизација на „Македонскиот телеком“, што, според неа, значи дека индикации можат да се бараат и во тој период. Понатаму, рече таа, истрагата не ги опфаќа и оние засегнати во случајот кои наводно ги бришеле документите, кои подоцна биле повратени од компјутерите кои се наоѓале во „Телеком“. „Тоа било со цел да се попречи истрагата, а е исто кривично дело кое никој не го опсервира“, вели Тасева, која вчера ја образложи деталната анализа која ја направиле во „Транспаренси интернешнел Македонија“ врз основа на ревизорските извештаи и постапките кои паралелно се водат кај нас и кај американските власти.


Статијата е прочитана 1518 пати.

Испрати коментар



Младите лидери на ВМРО-ДПМНЕ остареле, бараат нови
Вељаноски ги притисна пратениците за кодексот
На Балканот ќе се менуваат границите?
Jа викаат Владата да го гаси пожарот
Напрегнато на запад - Како Струга нема друга
Одете во Струга
МВР на тапет во годишниот извештај на комисијата на Петковски



A koj bea nasite ludje vo upravata na Telekom?, 01.02.2012 09:55:11
A koj vo toa vreme bese clen na Odborot na direktori na telekom od strana na vladata, koj bese minister za transport i vrski, i na kraj koj bese vo 2005-2006 godina premier na vladata i koja bese ulogata na Buzle vo Telekomot togas? E neka se pritisnat tie ludje i podispitaat , pa nekoi g....ci ce izlezat na videlo.No eve kutriot Svrgovski nemal nikakvi podatoci i ne znael od kade da pocne. Ednostavno covekot se zasemetil. Cekal amerikacite da mu dojdat na kafe muabet i da mu gi donesat doma na masa?!Najdobro i toj so onie isti zboirovi kako negoviot prethodnik: jas sum posledna b..... koj ja prifatil ovaa dolznost vo Makedonija, da si dade otkaz i da se raatisa.
ФЕЛИКС, 01.02.2012 10:26:43
Со претпоставки дали оваа или онаа компанија посредувала во поткупот правник како г-ѓа Тасева не треба воопшто да се занимава.Или има релевантни докази или се нема,основано сомнение може да го има само обичниот граѓанин,па може без докази да коментира.А се друго е само непродуктивна и непоткрепена фразеоплогија.Единствено што во овој скандал се знае е дека имало поткуп на политичари,но по име не верувам дека ќе бидат откриени. Инаку по логика на нештата поткупот е насочен кон политичарите од тогашната власт,оти тие имаат влијание врз работите,опозицијата тука е неинтересна поради невлијанието.Имињата на корумпираните ги знаат само во Дојче телеком,а можеби и во САД,евентуално можеби има сомнеж кај сегашнава опозиција,оти партиските камаради сепак може да насетат кој од нив колку се залагал за монополот на Телекомот.Сепак не сум оптимист да некогаш ќе се обелоденат имињата на корумпираните.
meri, 01.02.2012 11:59:02
Vo ovoj kriminal vkluceni se i direktori koi se seuste na pozicii vo Telekom,direktorite se clenovi na vladeackata partija,parite od Kipar se prefleni vo Srbija,a od Srbija vo privatni djepovi.Atilla zivee i raboti vo Srbija tamu ima firma za otpad,nasata vlada ako saka moze odma da go donese vo Skopje no ne saka bidejki i VMRO i SDS se vmesani vo aferata,inace Atilla i Plath se dostapni na sudskite organi,site znaat tie kaj se,no ako gi uapsat tie ke kazat koi od nasite se vov leceni vo ovoj neviden kriminal,a toa ne odgovara ni na VMRO ni na SDS.
do meri, 01.02.2012 19:03:18
pa zatoa na Svrgovski nisto ne mu se gleda niti mu se slusa.milioni se vo prasanje , ne e problem da mu se zatne ustata na nekoj , samo izvadi od kupceto i daj tamu kaj sto treba i se e cisto, nema dokazi normalno.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

"""

  


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, -5°C

Облачно

Недела
Претежно облачно
Макс: -1°C, Мин: -8°C

Понеделник
Локални врнежи од снег
Макс: -5°C, Мин: -9°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |