Хороскоп
Овен
Штом нешто посакате до тоа тешко доаѓате. Тоа се однесува на љубовта и на настојувањето партнерот да падне во ваши раце. Бидејќи своите постапки никако не може да ги усогласи со вашиот бурен темперамент сменете го партнерот или својот карактер. Моментно сте на погрешен пат.
Бик
Поседувате исклучителен потенцијал за изразување во сферата на љубовта, уметноста и општествениот живот. Пречувствителноста и честата промена на расположението нема долго да ве држи. Со стрелците остварувате рамнотежа. Од нив може да се надевате на емоции. Бидете умерени во се'.
Близнаци
Планирате патување. Многу близнаци оваа идеја ја остваруваат, додека некои се потпираат на моќта на фантазијата. Ви се укажува идеална можност за истражување на потсвеста. Тука има многу материјали за работа, па сега е вистински момент да тргнете во акција.
Рак
Пријателите ви се на прво место. Дружете се со нив поради себе. Битно е добро да се чувствувате и да сте задоволни. Планирате идеите да ги реализирате, бидејќи не сте од оние што водат празни разговори. Ве оптоварува размислувањето како да го зголемите буџетот.
Лав
Топло ви е во градите, бидејќи ве грее она без што вашиот живот не би имал смисла - љубовта. Среќни сте и задоволни во друштво на саканото лице. Кога веќе се' е така идеално, зошто невротично консумирате слатки? Тоа ја загрозува линијата и здравјето. Бидете умерени.
Девица
Контактирате во странство и тоа успешно. Доколку плановите во врска со тоа не ви се исполнат, барем ќе мечтаете. Бидејќи сте надарени за тоа, не дозволувајте да бидете пасивни, туку тргнете во акција. Ако ништо друго барем покажете му ги своите таленти на саканото лице.
Терезија
Идеален ден за љубов. Опкружени сте со лица што ве сакаат и кои моментите ви ги прават пријатни. Штом ќе се најдете во слична атмосфера, станувате попустливи, а со тоа се јавува и можноста да претерате, токму како што претерувате со консумирањето алкохол.
Скорпија
Склони сте кон претерана чувствителност. Мислите дека сите се против вас. Многу пријателства сте занемариле, а за тоа ги обвинувате другите. Не сте во состојба да ја забележите својата одговорност во меѓучовечките односи. Треба да ги негувате како билка.
Стрелец
Размислувате на правилен начин, успешно се борите со моментната ситуација. Застојот ве оптоварува, но свесни сте дека нештата ќе се подобрат. Со својот претприемнички дух го остварувате неможното. Има време за личен напредок и за реализација на посакуваниот план.
Јарец
Ви се нудат поволни шанси. Од вас зависи дали ќе ги препознаете или ќе се двоумите. Со стрелците имате идеална соработка, бидејќи сте слични. Сметате дека сте подобри и потолерантни, но, всушност, сте идентични. Доколку не познавате никого со тој знак, потребно е да го побарате.
Водолија
Состојбата на болно тело и дух е нормална појава, која одвреме-навреме ви се случува. Наместо да го потиснувате тоа, ќе биде добро да ја преиспитате причината и нешто конкретно да преземете. Занимавањето со култни теми ви помага во пронаоѓањето на внатрешниот мир.
Риби
Зборовите ги претворате во дела. Решително почнувате голема акција за менување на својот живот. Но, до кога тоа ќе ве држи. Одговорот е неизвесен, па продолжете со ова темпо. Направете максимум што можете зашто може од тие идеи да се откажете. Повторно е можен период на пасивност.
|