Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
01.04.2012, 19:20

Полемика

Паско, ќе зажалиш повеќе од Пруст

Ерол Ризаов

Не бери гајле, со отровното античко семе што го посеавте сигурно ќе победите. А војната ќе ја изгубиме сите

Eте се случи и тоа. Со сиот ризик да зажали за „изгубеното време“ како Пруст, а можеби и повеќе од него како што стравуваше, нашиот државен археолог Паско Кузман собра храброст да излезе на мегдан. И веднаш ме предупреди дека нема да биде Пушкин за јас да бидам Дантес во нашиот дуел. Паско, со многу големи имиња се идентификуваш. Не ќе да е на арно. Де со Пруст, де со Пушкин. Набргу ќе посакаш да станеш Моцарт, а јас, разбира се, злобниот Салиери. Сакаш да победиш, ама да не бидеш Дантес во двобојот. Биди без гајле, со античкото отровно семе што го посеавте со власта, ти и твоите истомисленици сигурно ќе победите во оваа борба. Но војната, гарант, сите ќе ја изгубиме.

Вашата победа ќе биде Пирова. Сакал, нејќел, ќе бидеш Дантес. Само не тој што смртно го ранил Пушкин. Не верувам дека си свесен оти и ти си меѓу тие што навистина го ранија македонскиот народ со идентитетскиот земјотрес со што предизвикавте конфузија во свеста на Македонецот. Барајќи пославно минато над и под земјата од она што го имаме и се гордееме со векови, не' закопавте во античка прав и во тешка митологија. Стар пријателе, направивте огромна штета на сите граѓани на Македонија на патот за нејзината европеизација што е најважната историска мисија од крајот на 20 и почетокот на 21 век за иднината на сите напатени сиромашни балкански народи, кои за жал се' уште се неуморни од војни и омраза која се подгрева секогаш кога политиката ќе почне да копа по историјата и минатото. Нема побрз и посигурен начин да се освои власта од палењето на националистичкиот оган и со возвишеноста на својот народ над другите. Српските вождови со тој вознес стасаа до небото хранејќи го со корења својот народ. Откако го треснаа небесниот народ од земја уште ги пребројуваат жртвите од изгубената по втор пат косовска битка. Конечно, разумот победува, па Србите се одлучија да не бидат заробеници на изгубената територија и гледам кинисаа накај Европа без да го викнат на помош императорот Константин Велики, иако е роден нишлија. Хрватските, пак, трагачи по пославно минато стасаа до Персија и персиското царство докажувајќи дека се директни потомци на славните цареви и кралеви кои нашиот Александар ги потепал како муви. Се' додека не вресна хрватската критична маса, па хрватските освојувачи на нова историја убаво и гордо си се вратија на својата илијадагодишна облетница и на своето словенство. Албанските патриоти уште го сонуваат српскиот сон сите да бидат во една држава. Сакаат со територии од четири-пет држави да направат една единствена во крв до колена. Најромантичниот дел на бугарската историја уште е Македонија во некои тврди бугарски глави кои не можат да ја видат реалноста која секогаш е најопасен противник на задоцнетите романтичари, љубители на ренесансата и барокот кои редовно од преродбеници стануваат шовинисти, милитанти и радикали. За Грците веќе пет века работи Европа припишувајќи им ја великодушно целата античка историја и култура. А, историјата на Византија, поточно Источното римско царство го сместија како грчки среден век поради грижа на совест што не можеа и не сакаа да и' помогнат за време на владеењето на Отоманската империја. Континуитетот кои денешните Грци го бараат залудно во древните цивилизации го најдовме и ние. И се усреќивме. А ни по нив, ни по нас не се гледа колку биле умни нашите антички предци. Од тоа изгледа ништо не наследивме, ни ние ни тие. Сега уште на Грците им даваат стотици милијарди долари оти конечно многу полесно се станувало антички народ и членка на ЕУ отколку Европеец.

А, каде сме ние, драги мој Паско. Останавме осамени на Балканот да чмаеме во минатото од пред Христа и да се храниме со митологија на античките богови, кои го направиле Александар Македонски за да го освои целиот свет и нас денеска да не' измачува иако облеан целиот во бронза сосе Букефал. Не' проколнува оти го прогласивме за татко на нацијата без име и презиме. Паско, нели го гледаш тој тројански коњ среде главниот град што ни го ставија Данајците. Ме прашуваш со загриженост зошто мислам дека со политичка интервенција во науката се предизвикала бура во научниот свет и идентитетски земјотрес во Македонија. Ме прашуваш и веднаш сам си одговараш дека не е така. Верувам дека не гледаш само под земја. Ајде заврти се малку, пријателе, и погледни наоколу што се случува. Како да живееме во времето на Перикле. Градиме ли градиме во најсиромашната земја на Европа со парите од бе��ниот народ. А, што градиме. Ѕидаме старо-нова архитектура во слава на власта како казнетиот од боговите Сизив. Никнуваат барок и рококо-креатури и монструми низ цела Македонија, а ти во тоа не гледаш политичка стимулација и интервенција. Тие што тоа го видоа, нашите деца, студенти по архитектура и кои се побунија против дехуманизацијата на просторот и против невидениот кич ги истепаа вандали со рамнодушна до болка асистенција на твоите претпоставени. Тоа го видоа и предупредија некои научници, кои гледам ти не си ги видел, кои твоите претпоставени ги прогласија за предавници на македонскиот народ. Многу работи видоа и напишаа некои новинари и колумнисти, кои ги прогласивте за грчки платеници и лобисти, а ти гледам се потсмеваш со нив карикирајќи им ги имињата.

Паско го обвинуваш и исмеваш првиот претседател на Република Македонија Киро Глигоров дека ставил „научен капак“ на конечната вистина дека „ние сме Словени“. Правиш две намерни и трагични грешки. Прво мислам дека повикувањето на претседателот Глигоров како адут во оваа полемика е крајно неетички и, второ, уште поважно, македонскиот идентитет никогаш не бил спорен кај Глигоров. Верувај, многу е мизерно да исмеваш луѓе на кои не си им ни до колена. Спорно е што во твојата глава секој што ќе спомне словенско потекло, какво што имаат над 300 милиони луѓе од кои се изнедриле националните современи држави на половина Европа и добар дел од Азија, ти го доживуваш како „научен капак“. Лицемерно е да го исмеваш иако не го спомнуваш со име и презиме Љупчо Георгиевски, како политичар-поет кој сака да биде научник, иако трчкаше како кутре околу неговите нозе на Плаошник, кој те остави слободно да минираш историски споменици кои се под заштита на државата.

Сега гледам како висок државен службеник именуван од владата за директор на Управата за заштита на културното наследство си се дал во заштита на Владата како да е таа нашето најголемо културно богатство. Ми раскажуваш приказни за изградбата на спомениците и високите преродбенички дострели како владин портпарол. Демек тие успеси ги боли и пече „вистинските“ Словени, а тоа не важи за мене бидејќи сум Турчин, нели. Ти благодарам што ме поштеди со оваа „навреда“ и ме издвои од словенските Македонци. Значи тоа мене не ме боли, ги боли само Словените Македонци, а ги прави горди твоите антички Македонци. Паско, знаеш ли што зборуваш. Па тоа ги боли сите нормални луѓе. Во право си, тоа не е антиквизација. Тоа е лечење комплекси. Што може да биде ако не комплекс на помала вредност да се прекрстува автопатот од Лондон до Техеран, кој сегде се вика Е 75, само кај нас Алаксандар Македонски. Што може да биде ако не комплекс градскиот фудбалски стадион да се прекрсти во Арена „Филип Втори“. Што е ако не комплекс аеродромот да се прекрсти во Алаксандар Велики, што е ако на секој плоштад градиме споменици на антички јунаци. Во право е проф. Наде Проева, која вели дека тоа не е антиквизација, туку антикоманија. Збудалевме по антиката, мислејќи дека ќе бидеме поумни, поубави и побогати само затоа што сме антички.

Те молам престани да чукаш на отворена врата за презентацијата на културното наследство кое природно се што е пронајдено и откриено на наша територија е наше и имаме должност да го сочуваме и презентираме пред домашната и светската јавност. Тоа никој во Македонија не го оспорува. Никој не слушнав и не прочитав да го негира во Македонија, ниту македонскиот национален идентитет, ниту македонскиот јазик, а ти за тоа бараш непријатели. Притоа на помош го повикуваш Блаже Конески таткото на македонскиот литературен јазик за кого никогаш немало дилеми за словенското потекло на македонскиот јазик што денес го оспоруваат токму шарлатаните од твојата околина. Врвно лицемерие е, Паско, да се повикуваш на Конески, кој твоите работодавци го нарекоа џуџето од Небрегово. Е, Паско, Паско, до каде стаса. На тоа џуџе сите ваши антички споменици сосе коњи не му се ни до глуждовите. Оти човекот не јавал коњи, туку ги пишувал правилата како да зборуваме и пишуваме. А, тие величини во создавањето на современите нации се недостижни.


Статијата е прочитана 7447 пати.

Испрати коментар



Сенката на депресијата
Переира изјавува повторно



Itar Pejo, 02.04.2012 00:42:56
Tocno e toa, Erole, kompleksot na poniska vrednost na lugeto od vlasta ne upropasti.
nekojsi, 02.04.2012 00:48:02
Erol moram da priznam deka kolumnata ti e perfektna, bravo sekoja cest. Ovie slavnite ne gi resija problemite(osven svoite) tuku kreiraa iluzija vo koja narodot vo nedostig na realni vrednosti sonuva kako vo minatoto bile najdobri, najsilni koga kese razbudat ke vidat deka ne bil son tuku kosmar
Antikoman, 02.04.2012 01:00:00
Sosema e posootveten zborot e antikomanija,kako edna nalunicava pojava koja ne zafati,a cii orovodec e Pasko i toa se razbira, po naredba na negovite pretpostaveni meceni, ama so narodni pari. Bideci vo Vapila toj kompoziten zbor ne e poznat ce probam da go objasnam:Antiquus, lat. zbor-kultura i filozofija na klasicnite starini, umetnost, vospitni ideal na starite narodi: Grci Rimjani Egipjani, Vavilonci isl. Mania( grc. zbor) -oblik na dusevno zaboluvanje karakterizirano so sumanutost ,nekontrolisani nastapi na bes, nepresmetlivost, nastranost ,zanesenost i ludilo .Seto toa ovak kompoziten zbor go objasnuva i ocigledno se odviva pred nasite oci.A kolku e Pasko omilen i vo pravo dovolno zboruvaat komentarite na negoviot tekst. I neka kazi od koe eminentbni arheolozi ili svetski arheoloski ustanovi i instituti se priznaeni negovite t.n naucni tezi i vo koj medjunaroden casopis se objaveni tie negovi trudovi?
melbourne, 02.04.2012 01:02:33
Zadovolen sum sto ne go unisti denes,ostavi nesto i za drugiot pat,normalno dokolku povtorno napise pismo nasiot slaven , PASKO.Ako cekav na Pasko da mi kaze sto sum i od kade sum, tesko mene,a i toa znaci deka nemam verba vo moite roditeli,babi i dedovci,prababi i pradedovci, tie mi kazale sto sum i od kade sum.
EU, 02.04.2012 01:17:37
Gospodine Rizaov, bidejki nema mesto za odzemanje ili dodavanje, samo da kazam deka ve stavam vo ramniste so pokojniot Hauard Zin, koj go posveti peroto, umot, pa na nekoj nacin i zivotot vo borbata za civilni prava, no i protiv amerikanskata imperijalisticka hegemonija. Ne oti sme nie hegemonisti, no deka se upinjame da bideme nacional-sovinisti nema dilema.
Mapkoc, 02.04.2012 01:29:49
Би рекол дека полемикава требаше да се случи порано. Можеби ќе влијаеше лудилото -ако не да се запре да биде помало, со помало „арчење„ пари од народот, со помала штета за меѓуетничките односи, и за односите со соседните држави. Но и сега полемиката може да биде корисна, особено ако во неа се вклучат стручњаци од формат и автономност, кои ќе се „судрат„ со аргументи а не со навреди. Вклучување во неа плукачи и очигледни „навивачи„, води кон компромитирање на самата идеја. Во таа насока посакувам бескомпромисност - и кај вебмастерите.
Goran, 02.04.2012 01:50:21
Како нестручен човек за наука и историја на Македонија, смешно е уопште да пишуваш написи за тоа. Крајно аматерски напишан напис, од кај ги извади фактиве, од грчкиот историски архив... Дај прочитај прво некоја книга за потеклото на името Македонија и генетската синтеза на македонскиот народ. До кога на Утрински ќе им се одтсапува простор на вакви ненаучни текстови за нашиот народ, прилично навредлив текст. Ваков напис очекувам во грчки весници а не во македонски. Дали авторот си го знае потеклото до 10/20 поколение, потеклото на името и презимето.
Jon, 02.04.2012 02:58:34
Vo Bosna somo pred 5 vekovi imase islamizacija na hristijanite pa i vo Makedonija. Na selskite grobista se srekavaat srpski preziminja na nasite predci sto znaci deka tie nasi predci zivotot go vrvele pod tugjoto ludilo od koe i den denes covekot nesmee da pogledne nazad vo svoite koreni kako da e toa grev da doznae zosto bilo taka Erol i Pasko nemorat da se gagjaat so golemi svetski aftori podobro neka poglednat uste ednas nasiot Stale Popov za razlika od erol i Pasko toj pisuva mnogu ednostavno
Raja, 02.04.2012 06:08:48
Sekoja cest za hrabrosta Gn Erole,gi navlekovte na vrat najmoknite sopstvenici ,na vilaetot Makedonija. Go citam utrinski ,voglavno poradi vasite iznesuvanja ,koi se najizbalansirani ,vo celoto Makedonsko novinarstvo.Dlaboka pocit za vasiot integritet, i kako covek, i kako novinar.Pozdrav!
politicki analiticar, 02.04.2012 06:23:45
Luge, zarem ne gledate sto navistina se slucuva/ Komu voopsto mu e dojdeno do antika i istorija, bitno e da se odvlece vnimanieto od masovnite krazbi od strana na vladata...se razbira, popat i ke se isperat nekolku milioni, ke se napolnat necii dzebovi. Ne me gledaj dodeka kradam, gledaj go Aleksandar, gledaj gi siptarite kako ne ni davaat da napravime crkva na Kaleto, gledaj kakvi tepacki se slucuvaat po avtobusite... Sto sakas gledaj, ke ti pustam filmovi, samo podaleku od parite. Na kraj, vlasta ke se nafatira debelo, a nie ke si ostaneme so prstot v usta, megjutoa, kako gi biravte, taka i gi trpite....a ne moravte ni ednoto ni drugoto. Podobro i ne zasluzuvate.
pameten, 02.04.2012 06:26:01
Antikvizacijata e zamena na edna fantazija so driga, mnogu poopasna. Srbite i Hrvatite pametno zaboravija za fantaziite odpred 2000 godini, no e zhestoka realnost deka Albanskoit nardod beshe zhestoko podelen pred 99 g. Isto ne mozhe da se promeni faktot deka Istochnata Rimska imperija se pogrchila i preku nea grchkoit jazik (i azbuka) se zachuval kako zhiv jazik. Ne se fanatici barem milion Bugari - deca na iljadnicite proterani od Makedonija, koi shto nezavisna Makedonija ja dochekoa so golema radost, no nema da prifatat deka nivnite babi i dedovci ne bile toa shto tie samite im kazhuvale. Nakraj nema beganje od faktot deka 1000 godini po Slovenizacijata na Makedonija nema dokumenti za Sloveni-Makedonci, toku za Sloveni-Bugari. Koja i fantazija da pobedi, site gubime. Spasot na moderniot Makedonski identitet odi preku soochuvanejeto so istorijata.
LJubotan Trade Name, 02.04.2012 06:29:17
Демек тие успеси ги боли и пече„вистинските“Словени,а тоа не важи за мене бидејќи сумТурчин,нели.Ти благодарам што ме поштеди со оваа„навреда“и ме издвои од словенските Македонци.Значи тоа мене не ме боли,ги боли само Словените Македонци,а ги прави горди твоите антички Македонци.Паско,знаеш ли што зборуваш.Па тоа ги боли сите нормални луѓе.Во право си,тоа не е антиквизација.PS,Toa e lecene na Iskompleksirani kompleksi!Jas,LjubotanTrade Name,ne sum:Merodaven zosto prasav;Kade se vo Skopje Car Dusan,Milutin,Kralevic Marko i.. Jas ne sum;Adekvaten.Kompetenten,samo zatoa sto sum,Slavjanski sledbenik-Sveto Savec!Ama,Erol?Pa,Erol poubavo ja gleda vistinata,zosto nee Slasvjanin il Acevac,tuku pocituvan Nabljuduvac-Observer od strana,za site Nas.Erol,ja gleda vistinata,a ne pristrasnosta.Logikata cesto pati e mnogu posilna,od razni Teorii.Erol,mozebi i mozel,i ce rabotese zaTurskata News Media.Ama,Erol ostana veren da mu sluzi na Podnebieto sto go rodi.A,NE NA DNEVNO POLITICKITE POTREBI.
cane sokolovski-toronto, 02.04.2012 06:48:56
Majstorot go kaza svoeto! Bravo Rizaov: Nacionalizmot e kako losa pijacka: Prvo te opiva, potoa oslepuva a na kraj ubiva!
jas, 02.04.2012 06:58:11
Prv si sto spomenuvas nesto sto ako se vratime na vistinski pat nasiroko ke se elaborira: Dogradbite na Plaosnik se golema grdotija i nevistina. Ostanuva uste Samoilovata Tvrdina da ja preuredat vo trgovski centar! Ednas go vidov Plaosnik i poveke nemam volja za toa. Sega za ona sto nemas dosega direktno nisto receno a sto e povazno: Koj e vistinskata vrska megju imeto na nasata Makedonija i toa dali sme Anticki!!?? Dali ima nekoj od tie sto zalutaa vo istorijata ova da go objasni. Znaci li deka ako ne sme Anticki ne mozeme da bideme Makedonci, onaka ko sto sme i kako sto sakame da ostanime?!
CCCP, 02.04.2012 08:08:45
Hehehe Emile dali ve narani Pasko so magareski trnje ili ve razbudi na spienje koga malce ke pisuvas za kKurdite i nivnite prava a ostavigo Pasko neka se zanimava so nasite Mitologii...........
Cistiliste, 02.04.2012 08:17:59
So koi i kakvi soznanija ne true Pasko, diviot kopac na Zemjata. No kutriot ne e kriv toj, tuku Naredbodavacot. Mracno e ovde i mrak me obviva.
mene, 02.04.2012 08:24:50
Ke bidam kratka. Gospodine Erol, navistina vi blagodaram za kolumnive, sekoj zbor e tolku na mesto, sto boli.Jas moram da veruvam deka ova ludilo mora da prestane.A Pasko?! Da mu ja fatime toa bradata i da go izbriceme na suvo, kako nasiot Pejo Mariovec, pa da mu udrime nekolku kloci za zadovolstvo (poveke ne zasluzuva toa prosto covece) i konecno da gi pozatvorime onie koi go finansiraat da luduva...
Miki, 02.04.2012 08:43:12
Da, jas sum Makedonec-Slavjan, Erol e Turcin, a Pasko - pa se sto treba, samo da e sluga na vlasta, bilo koja..Toa e makedonskata tragedija, za grst paricki Paskovci ke si se otkazat od korenot, pa duri i nas ke ne poucuvaat demek!? Ama gi citame, i se povekemina, deka se Trojanski konji na dusmanite na Makedonija i deka celta im e edna - da go zasemetat narodot, da go dezorientiraat - a potoa nivnite naredbodavci da pravat sto sakaat! A vo megjuvreme, vo matnoto, se razbira da ISKRADAT STO MOZAT!!!
Stipjanec, 02.04.2012 08:50:27
Ne se soglasuvam so tvoeto mislenje, ama ke napravam se za da go cujam - Volter! Taka reagiraat umnite i mudri luge, bidejki vistinata se sostoi od zbir na mnogu vistini, i toa kontradiktorni edna so druga. Dali ovie polemiki, kolumni, reakcii okolu ova MAKEDONSKO CUDO sto ni se slucuva ke dopre do nekogo? Ne, Ne, i Ne! Sekogas vo Istorijata Patriotite sa vo Apsolutno pravo, a Predavnicite se samo Predavnici, i tolku! Se razbira, za Patriotite ne vazi nitu Naucnata vistina, verificirana vo najvisokite Svetski institucii; za niv vazi onaa VISTINA koja e kreirana od lokal patriotite, sarlatanite (profiteri) na denesninata od vidot na Milenko, Mirka, Dr.Latas, Vangel, Zan, Markus-filozofkata, Bumbarkata, Marina i dr. Koga ke se sozdade kriticna MASA, pa ovie tipovi - kreatori na ova Istorisko cudo da si zaminat i ZASRAMAT od ovie nivni nevideni LUDORII! Kade se Akademicite, Intelektualcite, Profesorite, i uste mnogu drugi Seirdjii. Ajde da se Razbudime ednas od zimskiot son.
toni, 02.04.2012 08:56:35
ne vredi da se zanimavate so toj anticki dvocasoven pasko...
Jordan, 02.04.2012 08:58:45
Ti si Erol i nemas pravo da zboruvas za moeto Ime! Nego koj te finansira da se zanimavas so Imeto!Ke izleze na videlina ne se sekiraj!Vistinata sekogas izleguva na kraj i togas sto ke pravite ti i takvite kako tebe , za sto ke pisuvate togas koga ke vi sudi Narodot!Razberi Makedonija e Vecna koj ja cepnal se raspaga!Toa ke se sluci i so tebe i takvite kako tebe!
gragjanin, 02.04.2012 09:01:37
Bravo Erole,sublimiran i mnogu izdrzan odgovor na bednata i vulgarna provokacija od Prust,Puskin ili berbat kopachot na makedonskite temeli.Pred argumentite i bogovite molchat,no toa ne vazi za samonarechenite bozestva na ovie prostori,nebare se simnati direktno od Olimp!Nivnata peralnica na pari,lustraciskoto ludilo i fatamorganata na antichkiot identitet samo ja odrazuvaat omrazata kon sopstveniot narod,koj stenka pod tezinata na zaborgjenosta,nevrabotenosta i mizerijata...Qvo vadis domine?!...prasuva narodot?..a odgovorot na Pasko e:pod zemja za site neantichki Makedonci!..Ofamanaman!!!
seirdzija, 02.04.2012 09:40:12
Pasko e odlicen primer zasto vlasta odbiva debata.Ovoj Indijana Dzons mislese deka ke napise pismo i ke svrsi rabota,nesvesen kolku pridonesuva za unazaduvanje na opstestvo i kolku argumenti ima protiv negovite teorii.Koga site drustveni problemi bi ni bile reseni,koga ludjeto bi imale solidno vrabotuvanje i plata,bi bilo vistinsko uzivanje da se sledat arheoloski istrazuvanja,ama Makedonija gori od nereseni problemi vo infrastruktura,nevrabotenost i eden kup problemi koja ovaa vlast gi pokriva so antika,muzei,spomenici.Baska site ostvareni zdelki smrdat na korupcija od nerealni ceni.
Niko, 02.04.2012 09:45:55
Bravo EroleBravo Brate, nemam sto drugo da dodadam.
od ostrijot, 02.04.2012 10:21:10
luge koji patat od kompleksi nese dobri za opstestvoto.
citatelka, 02.04.2012 10:43:14
Честитки за текстов, Г-не Ризаов. ....... Мене ме интересира биографијата на Г-н Кузман. Кој е всушност Г-н Кузман? Што работел Г-нот Кузман во времето на Југославија? Тој не е така млад. Што правел, каде работел откога Македонија се осамостои? Каде има објавувано научни трудови? Дали само во МК, дали во бивша ЈУ, или во некои интернационални признаени списанија? Колку вреди неговиот збор навистина? Бидејки, Г-н Ризаов е новинар, тој известува но и пишува СВОЕ мислење, свој поглед, свое лично толкување кое слободно може да е субјективно. Она што паѓа во очи е што Г-н Кузман е уште посубјективен, нема ништо научно во неговите изјави, полн е со емоции и предрасуди...ја нема дистанцираноста и стремежот кон објективноста какви што за еден научник би биле вообичаени...се надевам дека некој новинар ќе напише што може пообјективна статија за историјата на работниот век на Г-н Кузман. Благодарам.
ЗЛОПАМТИЛО, 02.04.2012 10:56:13
Паско Кузман: КОЛКУ ПАТИ ВО СЛОБОДАТА ТИТО СЕ СОДРЖИ Спизалит, Колку пати во изгревот сонот се содржи Толку пати посилно Денот ќе засвети Нашиот Ден. И овде во нас се всели Центарот на светот од оган румен излезен. Во него сме. И гледаме гордо на сите страни Качувајќи се нагоре слегувајќи од планините Од историјата кон Стожерот со поглед напред Од иднината кон Обелискот со песна одзади В гранит збрани ко во една голема Душа Големата прегратка на љубовта во вселената. Во песната содржани сме. Твојата песна Меѓу двата Пола северниот и јужниот Во сржта на патот меѓу истокот и западот Одејќи ко алки сврзани во долг синџир од пеења Од исконот и легендата кон Извотрот и Ѕвездата. Во сите знаења влезена е вистинската Визија на светот. Влезено е името Твое И наше и сечие кој Човек се вика. Колку пати во изгревот сонот се содржи Толку пати посилно Денот ќе засвети Нашиот ден. Колку пати во слободата ТИТО се содржи Толку пати посилно Неговото име зрачи Нашето име.
Јоцко,бе!, 02.04.2012 11:18:56
Јордане , те молам терапијата да ја примаш на време , или да ја смениш , ако не ти делува!
Антички Словен, 02.04.2012 11:24:07
Незнам како да ви објаснам колку ми е тешко што не сум се родил малку порано додека бил жив Цанде Македонски, сега, кога видов колку е гордо да си антички Македонец. И барем ќе си личев на Паскота - просто му завидувам што се родил во тој период а и со својата фаца, ми личи бре на Антик. Ќе го замолам (Паскота) да ме претставува и мене како антик, правен лично од Алекс Македонски ама мелез бидејќи бил педер.
девичанецот, 02.04.2012 11:31:11
Почитуван Ерол, Почетокот н�� колумната ти е под голема нервоза пишуван. Ако тврдиш дека Хрватите се откажале од Иранското, односно Персиското потекло, сосема си се излагал. Оценката ти е навистина паушална тука. Ако ти не се осеќаш Словен по потекло, немој тоа и за другите да го тврдиш. Секој си го сака својот корен, тоа е нешто најважно за секое семејство, за секое поколение, за секој народ. И што е најважно, секој од некаде е дојден. Тоа што на територија на денешна Македонија има артефакти од многу стари култури и цивилизации, биди среќен. Значи, дека освојувачите не успеале све да уништат..тоа е останато богатство со кое сите на овие простори треба да се гордееме. Не чувствувај омраза према Паско. Тој само си ја работи својата работа на археолог, како и ти што си ја работиш својата работа на колумнист.
kris, 02.04.2012 11:33:15
Одлично кажано Ероле, од збор до збор.......но за кого..........верувам дека ова не допира до Паско и неговите антички ТУПАМАРОСИ............
jovan, vlada ®, 02.04.2012 11:38:42
Колку фрустрации на едно место за Македонија за денешницата, за актуелната власт и нејзините политики, во времеко кога значи да се биде или не, во време кога сите околку нас не оспоруваат, кој име, кој држава, кој црква, кој нација, кој јазик и да не набројувам уште понатаму ние се оспоруваме самите во сопствената држава. Зар некој во оваа држава ти оспорил нешто драг колумњару, кој си бе ти да кажуваш кој и како да се чуствува, кој си ти со таквите како Itar Pejo, патриотите како melbourne кој очигледно имаат проблем са собом, како овој што се преставува Raja-јаја и ред други како нив, а? Што народ ќе бевте што плукате по се што ќе стигнете, драги ем почитувани колумнисти и колумњарки, редно време е да се погледнете во очи и да си кажете абе доста е, дајте наместо нашите фрустрации што ги имаме да излеземе од нашите темни и човекомразачки плакари и да ја погледнеме вистината на ова време и тоа: ЗАШТО СИТЕ СОСЕДИ И СОГРАЃАНИ НЕ ОСПОРУВААТ И ДАЛИ ВИЕ СТЕ НА НИВНА СТРАНА И ШТО САКАТЕ
Makedonec, 02.04.2012 11:53:34
Pocituvan Gospodine Najgolemata tragedija na makedoncite e tokmu ova sto ni se slucuva needinstvoto. Zatoa ne e ni cudno sto kako narod eden den i ke ne snema od mapata na narodite ako ne prestane ova ludilo na samo negiranje. Koj vi go dade pravoto da go definirate mojot, nasiot identitet kako cisto slovensko nasledstvo. Zarem pred doaganjeto na slovenite ne egzistiraa drevni makedonci na ovie prostori? Makedonskiot narod e tokmu taa simbioza od drevnite makedonci i slovenite koi doagaat vo sestiot vek. Ovaa teza ja sretnav uste kako sestoodelenec vo ucebnikot po istorija vo docnite 90 ti , koga ne postoese nitu antikvizacijata (kako sto miluvaat da kazat denes) nitu prerodbenskata politika na vladeackata garnitura. Samo edinstvoto e spasot za Makedoncite.
XXL, 02.04.2012 12:08:26
Prekrasna kolumna gospodine Erol...samo nie obicrnite luge znaeme edno Pasko Razbusaveniot ne nosi badijala dva casovnika na raka ..sprema situacija eden za antika eden za slavistika ...i ubo mu e....!!!
Ерол нема во Грција антички Македонци ама Грци, 02.04.2012 12:44:19
Една читателка г Ерол ви честита но јас сум згрозен од расправиите што ги правите со нас Македонците и не убедувате дека не сме тоа што сме, односно само Словени сме биле.Не дошол никој на празен простор и војни имало и помешани се сите народи ама името Македонија Македонци ни го дадоа наши дејци пред двеста години. А барањето на Грција кое вие го прифаќате е фашистичко. Ако ние не сме антички зошто не докажете кои Грци денешни се антички Македонци ама Грци. Такви луге непостојат.Нашите Македонци Грција што ги затекна во александрова Пела или најблискиот Воден злостор и присилна асимилација им изврши. Грците таму се доселени после 1913. Штом се караш со нас Македонците кои сме еве докажи кои Грци се александрови во кое место живеат од кога се таму. Не бе г Ерол меѓу интеграции и име името го бирам. Што е нејасно.
observer, 02.04.2012 13:22:26
Gospodine Rizaov, edna molba za Vas licno. Ve molam da prestanete da polemizirate za Makedonskite etnicki/anticki koreni, bidejki ednostavno Vie go nemate toa pravo niti eticki niti etnicki gledano. Vie mozebi ste makedonski drzavjanin no ne ste Makedonec!!! Vo cie ime vie kako NE-makedonec, nas ne ubeduvate da se otrkaze od svoeto legitimno minato!! Vo imeto na BC!!! Jas vam vi preporacuvam da odite vo Turcija, i na Turcite da im kazete da se otkazat od Kipar, bidejki Grcite toa go baraat, pa ke vidime kako ke si pominete!! Ilı uste podobro, recete im na Turcite neka se otkazat od Anadolskat civilizacija, i da im ja poklonat na Grcite!!
Резилов, 02.04.2012 13:35:35
Му се чудам на господинот Паско Кузман што се в пушта во полемики со политички текстови,а уште почуден е ставот на новинарот дека луѓето кои живеат на овие простори немаат никаква врска со луѓето кои живееле овде пред шестиот век од н.е.Се гледа што му пречело во работата на археологот штом го спомнува Плаошник,но што му преќи ако некои Македонци сметаат дека (според Игине,генетски) се наследници на античките Македонци.Новинарот има среќа да каже што мисли кога тоа ќе го посака,а нам може да не ни ги објави ни коментарите.
Mark, 02.04.2012 13:43:54
BRAVO PASKO! Vakva LJUBOVNA pesna za Titeta ne mozele da sostavat Kardelj i Nazor zaedno?!? Titovi Levi Sili odma da go pravat pocesen clen, jel cujes Slobodane?! A nie so netrpenie cekame Pastirska poema-pa pokuso li ke ostaneme dzanam??
dobar den, 02.04.2012 13:53:59
Dobar - li e denot, g. Erole? So vekina komentari se slagam, izgleda nema da dodavam ništo. Jas vi davam eden predlog, vaša rabota e, dali ke go prifatite. Sve što e mnogu, nečini, vodenicata meli, meli, sé stanuva dosadno. Verovatno pak g. Kuzman ke pišuva svoi stavovi i argumenti, vie pak ke mu odgovarate... Mislam, da se batališe ova tema, eden komentator reče: ova polemika trebaše da se vodi ušte odamna. Denes delata se gotovi, tie, što imat želba, da se potomci :) na Alexandar, se ubedeni vo toa i nema da gi ubedi nikoj. Ke se karaat do krv, deka se antički, pa antički... Karavanot vrvi, e 21. vek, nastapuvaat sosem drugi raboti i problemi, toj, što prati situacija, ke pliva i ke ispliva.Koj ke se zanesuva vo gluposti - negova rabota. Jas imam želba da čitam od vas i nešto na drugi temi, oti politika e prljava rabota nasekade, ne samo kaj vas. I - dosta plačenje kukanje nad mala napatena Makedonija! Inaku ke počnam ja za site drugi napateni mačenici širum SVET! Ne ste sami! :-)
bitolchanec za Makedonia (prv del), 02.04.2012 13:54:34
Erol, latinska pogovorka veli kolku glavi tolku mislenja, sho saka da kazi i Pasko i ti imate pravo na svoe mislenje. Najlosho vo ova rasprava e sho i edniot i drugiot od vreme na vreme se sluzite so neumesni zborovi na koi ne im e tuka mestoto. Ete toa e moe mislenje za pochetok. Za ponatamu: (1) Istoriski e dokazano deka Antichka Makedonija i Elada (elinskite gradovi-drzavi) ne bea edno isto; (2) Filip II, kralot na Makedonia, pobedonosecot, ne beshe Elin, ja pobedi, ja pokori i i nametna tiranija na Elinite; (3) Aleksandar III beshe kral na Makedonskoto kralstvo - Imperija; (4) So nejzinoto raspagjanje na 3 dela, nieden del ne beshe dodelen na vladeenje na Elin; (5) Vo sredinata na II vek p.n.e. i Makedonija i elinskite gradovi - drzavi stanuvaat Rimski Provincii; (6) Vizantija kako drzava nikogash ne postoela, ni vo vreme ni vo prostor, toa beshe Istochnata Rimska Imperija; (7) Vo IV vek p.n.e Filip II ja formira Heraklea Linkestis, Elini li bile nejzinite gragjani? Ne mislam.
читател, 02.04.2012 14:09:45
Читам има некои недоразбирања околу компетентноста на Ризаов за неговото познавање на историјата. Како негов пријател не навлегувајќи во арбитрирање сакам само да соопштам дека Ерол Ризаов по образование е историчар со одлично познавање на античката историја, на историјата на западното и источното римско царство и на историјата на Отоманската империја. Поздрав.
Самоил, 02.04.2012 14:24:05
Нека каже Паско колкав рекет бараат археолозите за да може да се продолжи со изведба на други проекти (градежни работи, сообраќајна инфраструктура, рудници ...) во случај кога ќе се наиде на „некакви“ археолошки останки. Крајно време е да почнеме да работиме (не да се занимаваме) за подобра иднина, наша и на нашите поколоенија.
skopje, 02.04.2012 14:46:51
Odlicno napisano, ovaa idiotstina i cirkus mora da prestane... lugje leb nemaat da jadat posiromasni sme od bilo koga....katastrofa
Александар, 02.04.2012 14:58:10
Ероле, убаво е да се чуе твоето мислење бидејќи така се дефинираме како земја. Очигледно тебе ти е поубаво во Македонија која се тркала по удолницата на регионалниот притисок каде интересите на Македонија се маргинализирани. Ти се пронаоѓаш во социјалистичкото сивило на еден куп згради во Скопје од едно време кое веќе не е Ероле. Тераш квази-социјалистичи агенди, а тој систем никаде веќе го нема. Напредокот е во интеграцијата во модерните текови и придонесување со сопствена вредност. Ти си носталгичен за пропаднатите економски гиганти во РМ во 90тите и братството и единството каде Македонскиот нема права во сопствената држава. а малцинствата кои немаат ништо придонесено тероризираат? Ајде, замисли еднаш дека си Македонец и повтори ги овие работи па пиши после како сам на себе ќе си звучиш.
deko, 02.04.2012 15:17:42
Koj ti dal pravo da komentiras,sto sme ,koi sme,od kade sme,cii potomci sme.Nie makedoncite ne sme dolzni tebe i na takvite kako tebe da vi objasnuvame sto sme i veke ostavine da se custvuvame kako sto se custvuvame.Nikoj ne ti brani tebe da se izjasnuvas sto si i koj si no zasto nas makedoncite uporno ne ubeduvas da bideme nesto drugo,zasto ne gi ubeduvas pr.albancite deka ne se albanci,srbite deka ne se srbi itn.tuku uporno si zapnal za makedoncite kako da ti se trn vo oko-cudna rabota.Samo sramota sto te podrzuvaat nekoi decista so komentarive.
tomo, 02.04.2012 15:31:57
Pocituvan Erole, jas sum opozicioner i mnogu te pocituvam. Iskreno se nadevam deka ke go procitas mojov komentar i bas nesto ke zemes vo obzir. Isto kako i ti i jas mislam deka so spomenicive se pretera. No,sakam da ti ukazam i na nesto drugo. Postojat knigi i izvori sto ne si gi koristel (od amerikanski i drugi svetski istrazuvaci), a isto taka postojat i mnogu artefakti i drugi dokazi za postoenjeto na krvnata i kulturnata vrska medju nas i antickite makedonci. Ja ima dzvezdata od Kutles ispisana na nasite crkvi, na nasite nosii, pesni i predanija za Aleksandar ima vo naseto narodno tvorestvo duri i vo komunizmot ucevme deka 1% od krvta ni e anticka, a spored IGENEA denes, toj procent e pogolem. Doagjanjeto na Slovenite se bazira samo vrz baza na edna kniga Cudata na Sv. Dimitrija koja vo glavno zbori za juzna makedonija.
Трпе, 02.04.2012 16:06:46
Многу често гледам и слушам електронски медиуми на овој простор кој се именува Република Македонија.Исто така со лубов ги читам и пишуваните медиуми.Но до денес немам слушнато и прочитано како Паско и неговите претпоставени,перачи на пари од напатениот народ, да зборуват и пишуват на антички јазик.Во случај ако овој јазик не е мртов како и латинскиот.Тие зборуват и пишуват македонски јазик кој е во групата на словенски јазици.
milan, 02.04.2012 16:10:37
Zalna Makedonijo, panika me faka koga takvi kako Pasko go formiraat javnoto mislenje vo MKD. Badijala mi e sto takvi i Makedonskata narodna pesna ke gi opee kako kleti slugi na tuginci.Zalam sto nemav vreme porano da se javam. Belki ke bide objaveno moeto razmisluvanje.POZDRAV DO EROL I FALA MU ZA TAKVI KOLUMNI.
do Jovan,vlada, 02.04.2012 16:26:16
Jovan,vlada, veli:Што народ ќе бевте што плукате по се што ќе стигнете, драги ем почитувани колумнисти и колумњарки, редно време е да се погледнете во очи и да си кажете абе доста е, дајте наместо нашите фрустрации што ги имаме да излеземе од нашите темни и човекомразачки плакари и да ја погледнеме вистината на ова време Epa Jovane od vladata i jas tebe te prashuvam, shto chovek, shto Makedonec kje beshe shto plukash po makedonshtinata, po onaa, koja beshe OSNOVA za sozdavanjeto na drzhavata Makedonija vo 1944-ta? Kakov Makedonec si koga si go smeni identitetot?
tomce, 02.04.2012 17:00:21
do nasata citatelka koja bila izmesana so anticko seme ---naseto ime ne e od pred 200 god tuku od Jovan Cvijic od periodot posle vtorata balkanska i prvata svetska vojna--koga onie koi se izjasnuvale kako bugari(najmnogu),srbi i grci -ednostavno gi narekol makedonci
Josip Broz, 02.04.2012 17:13:48
Ocito je da sam se negdje debelo zaj..o , majku vam bozju :-?
Veselin, 02.04.2012 17:54:05
Kako se utvrduva sudski roditelot na nekoe sporno dete?Denes se utvrduva genetski.Spanskiot genetski institut utvrdi deka denesnite Makedonci se od starite mediteranski narodi,a denesnive Grci so poteklo od pod Sahara.Svajcarskiot gen.inst.Igenea utvrdi deka sme so 30% koren od antickite Makedonci,sto e dovolno da bideme Makedonci.20% sme od Germani,15% Heleni,15%Sloveni,10% Iliri,5% Huni i 5% Fenikijci.Na primer den. Grci imaat 31% keltsko poteklo,32% delat helensko-makedonsko-arapsko,12% germansko-slovensko 11% ilirsko.Site na balkanot imame mnogu slicnosti.Kaj site ima Iliri,Sloveni,Germani,Fenicani(osven Bosna) i t.n.No fakt e deka ne postoi bugarski,srpski,bosanski,hrvatski,slovenski ,albanski gen.Inace sovetskata nauka uste pred 50% g. utvrdi deka sme fizicki isti so ant.makedonci.Denes dokazuva i jazicno.
ile, 02.04.2012 20:52:10
јас негледам причина зашто македонскиот народ треба да молчи за она што лежи под тлото на кое живее, оној кој мисли дека треба да се идентификуваме само со одреден период од еволуцијата има проблем, сите места на земјинава топка се гордеат со археологијата која се наоѓа под нивните градови , само на нас МАКЕДОНЦИТЕ ни е скратено тоа право. Кој мисли поинаку е дел на БУГАРСКА,СРПСКА или НЕДАЈ БОЖЕ ГРЧКА ШАМАРНИЦА ДО ЦРВЕНИЛО.....
nekoj, 02.04.2012 23:30:34
Svetskata poplucaija pred 2000 godini bila nekade okolu 300 milioni a tuka nekoi pisuvaat za narodite sto bile na ovie prostori i kako se mesale bla bla.... i kako makedonite gi pokorile grcite. Pa sto? i Sparta i Atina vojuvale i vie oci vadie i ne ste isti narod? Dosta so gluposti zasto cel svet se smee covek sto ne znae koj e i zosto vo 21 vek ne zasluzuva drzava.
taso, 03.04.2012 01:11:54
Vo edno malo mesto vo centralna makedonija pred pedeset godini imase samo srbi kolonizatori dojdeni vo nekoe drugo vreme i so nekoi pogolemi (nepisani) prava od sosedite makedonci simnati skoro od visokite planini. Denes po samo pedeset godini nemoze da se napravi podelba na makedonci i srbi, sega imame nesto drugo, drug edintitet luge koi ziveat vo se pomizerna drzavicka.Koj e toj ludak koj zboruva za etnicki i uste anticki cisti makedonci pred DVE ILJADI GODINI

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE

  


Site Meter


 
Време
Скопје, 25°C

Ведро

Петок
Локални грмотевици
Макс: 36°C, Мин: 18°C

Сабота
Ведро
Макс: 36°C, Мин: 22°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

(ИНТЕРВЈУ) Кралицата е многу либерална
„Верувам во ослободувањето, тоа е дел од моето патување“, изјави британската актерка Хелен Мирен во интервјуто за „Утрин...
(ИНТЕРВЈУ) Треба да ја следиме визијата на големите уметници
„Сакав да глумам во ’Соба со пијано‘, а сакав и повторно да го видам Скопје, откако пред три децении бев како турист“, в...

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |