01.04.2012, 19:38 Политички молк за маневрите на „Топлификација“
Политичарите ќе го чекалат новиот правилник за парното, па дури потоа ќе реагираат, а тогаш веќе може да биде предоцна
Соња Маџовска Сања Наумовска
Новиот правилник за користење на парното греење кој го крои Регулаторната комисија за енергетика предизвика лавина реакции кај потрошувачите, но не и кај политичарите. Тие ќе чекаат да го видат новиот правилник, па дури потоа ќе реагирале. А тогаш веќе може да биде доцна.
Варијантите за новиот правилник што излегоа во јавноста предизвикаа огромен револт, бидејќи се во прилог на „Топлификација“, а не на граѓаните. Тоа значи дека оној што ќе се исклучи од парното ќе мора да плаќа и натаму 50 отсто од сметката, за да не се префрли трошокот кај соседот. Она што е уште пострашно е за оние што допрва размислуваат за излегување од мрежата на „Топлификација“, а нив ги има многу, тие тоа воопшто нема да можат да го сторат поединечно, односно тоа ќе може да се направи само доколку станарите од цела зграда се согласни да преминат на друг начин на греење.
Потпретседателот на СДСМ, Зоран Јовановски, смета, или се надева, дека можните варијанти за новиот правилник се само пробен балон со кој се испитува мислењето на јавноста пред да се донесе одлуката.
„Би сакале да видиме конкретно каква одлука ќе биде донесена. Она што сега циркулира низ јавноста и што предизвикува реакции кај граѓаните се три можни варијанти, што во оваа фаза не се доволно образложени за да можеме да влеземе во дискусија. Мислам дека тоа е пробен балон со кој се испитува мислењето на јавноста пред да се донесе одлуката. Доколку Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која ’Топлификација‘ ќе може да им наплатува на граѓаните кои се исклучени од мрежата 50 отсто од сметката, тогаш за тоа ќе треба да имаат дебело образложение“, вели Јовановски. Тој смета дека треба да се погледне и надвор, дали постојат во светот вакви слични искуства, па да направиме споредба.
„Очигледно е дека ’Топлификација‘ не остварува финансиски резултати, па сега треба со ваква наплата на средства од граѓаните да се покрива. Сепак, за тоа ќе треба да има темелно образложение. Во спротивно, ќе предизвика силни реакции бидејќи од одлуката се засегнати многу домаќинства, речиси целиот град. Во секој случај, кога ќе излезе конечната одлука ќе го кажеме нашиот став“, вели Јовановски.
И пратеникот Илија Димовски од ВМРО ДПМНЕ излезе со образложение дека во моментов немаат на што да реагираат. „Ништо конкретно всушност не сме виделе за да можеме да го коментираме. Несериозно е во оваа фаза да се коментира со што всушност само ќе се исполитизира темата, која воопшто не е политичка, туку го засега стандардот на граѓаните. Сите се грижиме и се трудиме граѓаните да имаат подобар стандард, но ако кажуваме став во овој момент, тоа е чисто политикантство. Темата е сериозна и секако дека ќе имаме реакција, но таа не треба да биде базирана на гласини. А сега во моментов во јавноста има само гласини и граѓаните реагираат, всушност, на гласините. Кога ќе биде донесена конечната одлука, се разбира дека ќе го кажеме нашиот став“, смета Димовски.
Додека политичарите чекаат да ја видат конечната верзија на новиот правилник, тешко дека само острите реакции на потрошувачите ќе ги премислат членовите на Регулаторната комисија да донесат правила кои и' одговараат само на „Топлификација“.
Досега реагираа само Организацијата на потрошувачи која испрати писмо до Регулаторната комисија, во кое бара објаснување за тоа какви правила подготвува за корисниците на парно греење. А по жестоките реакции во јавноста реагираше и Народниот правобранител, од каде што по сопствена иницијатива беше покрената постапка. И тие упатиле барање до „Топлификација“, да им даде објаснување за какви измени на правилникот се работи.
Правниците веќе се изјаснија дека евентуалната одлука на Регулаторната комисија за енергетика со која граѓаните ќе мораат да плаќаат половина од сметката за парно и во случај да го раскинат договорот со „Топлификација“ е противуставна и незаконска. А незаконска е и втората варијанта, да им се скрати можноста на граѓаните да се исклучуваат од системот, со која практично им се ограничува слободата на избор на кој начин ќе го затоплуваат сопствениот стан.
Според сегашниот правилник, корисниците на парно можат да се исклучат само надвор од грејната сезона, односно од 15 мај до 30 август, а доколку ��однесат барање надвор од овој рок, тоа може да им биде разгледано на добра волја на снабдувачот.
Инаку, на корисниците на парно кои деновиве сакаа да се исклучат од системот им беше укажано дека може да го сторат тоа, но откако ќе се донесе новиот правилник за топлинска енергија, за што ќе мора да плаќаат 50 отсто од сметката, без разлика што нема да користат греење од мрежата за парно греење. За исклучување од системот на парно греење цените моментно се движат од 2.500 денари па нагоре, исто како и за повторно вклучување на мрежата. |
|
Статијата е прочитана 3186 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Трпе, 01.04.2012 21:32:47 | Дивите животни се повеке заштитени од нашиот напатен народ кој едвај врзува крај со крај.Како ке биде решено ова нешто кое не го користи човек а да го плаќа.Ставот на актуелната власт е познат,поради тоа што со самото намалување на потрошувачи на парното се намалува и процентот за нивната каса.Тие со разни балони и мерки се научени прво да му го влошат квлитетот на живот на граганинот а потоа да глумат спасители.Дали дел од граганите ке треба да бидат истерани од нивните живеалишта поради тоа што во нивните згаради има инсталаци на парно.Ако порано беше срам да некој оди во затвор, денес дел од граганите ке направат некој глупост за да бидат затворени, барем таму ке имат обезбедено огрев и храна.Сами ке си ја жртвуват слободата поради немање на услови за живот.Сигурно овие кои се откажуват од користење на парното греење не го прават поради луксуз. |
| jovan, 02.04.2012 00:12:48 | Ova ke bide nesto slicno kako i so Telekomot. Slozno ke molcat. |
| Petre, 02.04.2012 08:08:19 | Тоа што Топлификација не им дава на граѓаните да се исклучат, до усвојувањето на новиот правилник, е уште еден нивен безобразен хир. Секогаш се постапува по постоечки закон и правилник. Не може да се запрат никакви активности по постоечки закон или правилник оти се чекало на нов. Затоа доколку Топлификација не сака да ве исклучи, слободно, со официјално писмо известете ја дека сами ќе се исклучите, викнете приватен мајстор или фирма која тоа ќе го направи и тоа многу поефтино, потоа со уште едно писмо известете ја Топлификација сека сте се исклучиле и викнете ги да дојдат да проверат. Нивно е дали ќе проверат, но вие сте исклучени и постапката е завршена. До Толификација: доста со заканувања, не ви се плашиме |
| Alter Ego, 02.04.2012 08:08:21 | Se soglasuvam da plakam 50% od smetkata za parno iako ne se toplam na parno samo togash koga regulatornata komisija ke donese pravilnik deka 50% od mojata smetka za struja ke ja plakaat komshiite sto ne se toplat na struja. |
| (не)определен, 02.04.2012 08:11:14 | Само се прашувам какви ли ставови ќе имаат и едните и другите кога по жестоко ќе почнат да ја бијат битката пред изборите за гласовите на неопределените кои со вакви (не)ставови ги има се повеќе и повеќе? |
| Населба ПРОЛЕТ, 02.04.2012 08:30:16 | Би сакал да ја прашам регулаторна, што ке се случи се граѓаните што се приклучени на Топлификација и не сакаат да пријават пруклучени бојлери, подни грееења и додадени простории.
Искрено јас сум исклучен но не поради топлификација туку поради овие причини од моите комшии.
Дали повторно ке бидата заштитени и 50% за нив ке плаќам???? |
| попај, 02.04.2012 09:12:22 | зошто владеачката партија не ја преиспита приватизацијата и на Топлификација да видиме како станала приватна фирма на хаџи мишев за да може да го дупи народот како сака. каде е тука антимонополската комисија или тука нема монопол. или интересите на некои лица од владеачката партија не се косат со интересите на Топлификација(си земаат дивидента) па затоа не е ова битно прашање за нив. до кога овој народ ќе го трпи овој терор. време е еднаш ВМРО да прекине со „и вие крадевте и вие ова и вие она.„ ја добија власта за да ја средат државата а не да продолжат исто како и претходните. со ваков начин на работа само можат да се опростат од власта на следните избори. |
| Зевзекмен, 02.04.2012 10:11:46 | проблемот е што кај нас се толерира спој на приватни фирми и наследен државен монопол. Прво потстаниците се сопственост на станбените згради, а далеководите се правени со државни пари. Топлификација само го одржува системот а тоа Дебело го наплаќа, 30% од максимален капацитет. Наместо најавената Демонополизација (повеќе оператори на иста мрежа), се предлага тотален Монопол ???
Друго, не треба 100% граѓани да се откажат, доволно е 51% !!!!!, како и ѕа сите други одлуки на заедницата на Станари !! |
| Jordan (Ротердам), 02.04.2012 10:35:22 | Некој се праша како е во светот. Во светот нема веќе социјализам, па според тоа нема ни регулаторни комисии. Единствена регулација е пазарот. И никаде во светот нема шанса да ви наплати некој нешто што го нема, а уште помалку ако тој што сака да ви брне во џебот е приватна компанија, којашто прави се` да не даде соодвњетна услуга и која ако вие ја греете праку ноќ треба да и` платите. И плус во сите земји па и во Русија, парното си работи 24 часа, демек и ноќе... А има и едно друго правило... Ако повеќе од половината станари во една зграда решат нешто да биде така и ќе биде, па макар решението да е и рушење. Затоа ако половината се исклучиле одма Зградата да се исклучи од „арамификација“ |
| загрижен, 02.04.2012 10:48:42 | катастрофа. како само и им дозволуваат на топлификација вака да се однесуваат , а и на сите нејзини соучесници.замислете си сме биле правна држава а немаме основно право за самите да си одлучиме како ке се грееме. Само да си знаете сите вие засегнати од случајов дека ако овоа сега помине како што си го замислила топлификација, да не ве чуди ако утре во продавница некој ви каже дека треба да земете нешто што не ви треба.Ако не ви треба и не сакате да го земете тогаш ке ви побараат да си платите 50% од вредноста. Кој ви е крив што не сакате да да го земете тоа што тие ви го нудат.Во месарница кога ке земе сиромашкиот народ 300 грама мелено месо колку да приправи едно скромно јадење , ке му кажат да земе цела јунешка полутка, а ако не сакате и не ви треба ке си ја платите 50%. Кој ви е крив што не сакате. Потоа ке се јават сите провајдери па банките ,па EVN ке ви каже дека мора да потртошите по 2000 KW,а ако не да си платите 50 % и се така до бескрај. Ете тоа ке се случи ако се дозволи |
| сссссс, 02.04.2012 11:25:35 | Чекаат да видат какви ке бидат крајните резултати, кога се ке биде доцна. Нормално кога е во корист на Владата и Топлофикација тогас мудро ке си молцат, а овците нека пасат и понатаму. |
| ku-ku, 02.04.2012 11:25:57 | Ova sto se slucuva so toplifikacija i regulatornata komisija e bruka i sramota za vlasta.Ova mi lici na vremeto na ednoumieto bidejki togas bese najvazen opstestveniot interes a gragjanite bea posledna dupka na svirceto vo agendata na narodnata vlast.Podobro bi bilo nekoj od nadleznite da im objasni na gragjanite na Skopje,koj e toj sto im dozvoli na gospodata od toplifikacija da go privatiziraat poranesnoto JP toplifikacija nebare im e dedovina.Dosega ne sum cul deka vo nekoja zemja gragjanite se prinuduvaat so sila da bidat potrosuvaci na firma so koja ne sakaat da si imat rabota.Ve molam,da plakas nadomest za nesto sto ne go koristis.odnosno ne mozes da prestanes da bides korisnik na parnoto ako ne plakas 50% od cenata na greenjeto.Znaci jal ne jal triipol.pa ti sega vidi. |
| aleks, 02.04.2012 13:21:16 | ova moze da se sluci samo posle izbori pred izbori ne zatoa sto ke zagubat katastrofalno vo sk a posle izbori se znae bricot pa na bricenje se dodeka makedoncite masovno ne se zdruzat po primerot na grcite i protestiraat na ulica se do togas ke ima volna za strizenje mestoto za protest ne e po forumite i ostavanje komentari ovde po vesnicite mestoto e na ulica samo taka ke ima efekt. |
| Улица „Локов“ бр. 5, Кисела Вода, 02.04.2012 13:29:41 | И јас се придружувам на прашањето поставено од Населба ПРОЛЕТ за Регулаторната комисија - што ќе се случи се граѓаните што се приклучени на Топлификација и не сакаат да пријават пруклучени бојлери, подни грееења и додадени простории. Искрено и јас сум исклучен но не поради топлификација туку поради овие причини од моите комшии. Дали истите повторно ќе бидат заштитени и 50% за нив ке плаќам? |
| корисник, 02.04.2012 14:08:07 | kога од топлификација дошле и доброволно го исклучиле парното на корисниците со платени сите давачки и повеќе не добивале сметки, значи се согласиле, со кое право сега ќе им исплаќаат сметки соп 50% .што ова не им држи на топлификација не држи.нека ги подобри условите за греење и цената тогаш нема да се ислучуваат и ќе бидат задоволни,а сега тие само еднострано си ја гледаат својата корист што е неуставно и неможе да им помине, за што имаат правници!!!!!!.Неможе Правилникот да биде посилен од законот, треба и корисникот да се праша |
| Suze, 02.04.2012 14:51:49 | Koga vmrovcite kje kupat dovolno eftini akcii od toplifikacija nema da ima problem nitu za cenata nitu za isklucivanjeto.Se kje bide kako shto treba |
| rojkas, 02.04.2012 15:21:01 | Makedonceto samo si se buni,i pak ke ja svitka glavata!!!! go znaeme krajot na prikaskata... |
| И јас би ќутела со толкава плата како нив, 02.04.2012 19:45:26 | Се согласувам со Алтер Его, и не треба комшијата да ми плаќа само 50 % од струјата туку 70% затоа што го греам подолго отколку тој мене. Јас греам и во 1 по полноќ и цела вечер печката е оставена на одредена температура додека топлификација ги гасне радијаторите уште во 21 часот. Значи јас го греам повеќе и подолго и логично е комшијата да ми плаќа. И ако Топлификација го донесе тој правилник ќе тужам баш на оваа основа и нема да бидам единствена. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 29°C
Делумно облачно
|
Недела
Ведро
Макс: 29°C, Мин: 13°C
|
Понеделник
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 13°C
|
|
|
|
|
|