Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен Магазин
Коментари
01.06.2012, 17:55

Анализа

Чекор напред, два чекори назад

Огнен Малески

Една од најпогубните делби која стана наше секојдневје е онаа на „предавници“ и на „патриоти“, која најнапред беше врзана за одбраната на уставното име на нашата држава, но која полека добива епски размери

Ако насловот однекаде ви звучи познат, да ве потсетам дека тој е позајмен од некогаш важното (а денес ирелевантно) критичко дело за продлабочување на марксистичката наобразба, излезено од перото на другарот Владимир Илич Ленин, а кој според мене доста сликовито ја одразува линијата по која се движи македонското општество во периодов на дводецениска транзиција. Тоа, инаку, е период кој е јасно препознатлив по перманентна борба меѓу „комуњарите“ и „внатрешните македонски револуционери/комитите“, во континуирана спрега со „балистите“. Термини кои партиските спин-доктори константно ги пласираат преку секојдневниот уличен/кафеански политички жаргон со цел да се зајакне меѓусебната нетолеранција, омраза и недоверба кон политичките неистомисленици, односно „непријателите“.

Цик-цак линијата на македонскиот кардиограм јасно ги покажува подемите и падовите во сите сегменти на општеството од политиката и економијата, па се' до културата и спортот. На пример, само што ќе помислиме дека го решивме проблемот со организирање фер и демократски избори по европски стандарди, или дека и' тргна на економијата, дека Македонија е балкански лидер во слободата на медиумите и во областа на човековите права, или дека со митото и корупцијата енергично ќе се справиме, а судството, конечно, ќе го средиме, ќе следуваат лошо организирани избори, сериозни економски потреси, меѓуетнички тензии, сериозно нарушување на слободата на медиумите, милионски афери, трагикомични судски одлуки и слично. За сериозноста на симптомите на хронична тахикардија, која ако правилно не се лекува, може да биде загрозувачка за животот, сликовито говорат и подемите и падовите во наворешната политика и тоа во сите сегменти, од односите со соседите до реализацијата на стратегиските определби - членство во ЕУ и во НАТО.

За жал, една од најпогубните делби која стана наше секојдневје е онаа на „предавници“ и на „патриоти“, која најнапред беше врзана за одбраната на уставното име на нашата држава, но која полека добива епски размери на борба за опстанок на македонскиот народ, нацијата, јазикот, културата итн. Да не е трагична и погубна за интересите на државата, би можеле лесно да минеме преку неа, квалификувајќи ја како дел од локалниот политички фолклор, типичен за балканскиот/медитеранскиот менталитет кој, меѓу другото, го карактеризира пренагласена афектација. Под целосна морална и кривична одговорност изјавувам дека работејќи дваесетина година близу до врвните македонски политичари од сите политички провиниенции и етникуми, ниту еднаш не сретнав некого кој на каков било начин би го заслужил епитетот „предавник“. За елоквенцијата, компетенцијата или моралните квалитети на некои од нив можеби и има простор за дискусија, но тоа се работи за други колумни. Ниту приказните за политичари кои работат под диктат на Белград, Софија, Атина, Тирана, Вашингтон, Брисел и да не ги редам други престолнини, ниту времето ниту креаторите на аферите не ги поткрепија со аргумент верификувани од институциите или, пак, од јавноста. Навистина, постоеле и секогаш ќе постојат различни или, пак, дијаметрално спротивни гледишта и политики за решавање одредени проблеми, вклучувајќи го и оној најболнот - врзан за спорот наметнат од јужниот сосед, но сите тие тргнувале во основа од една и единствена заложба во поглед на афирмацијата на државата и на нејзиното уставно име, името на народот, нацијата и националните атрибути. А за тоа дали таквите политички стојалишта и одлуки биле или, пак, се исправни, на краток рок дилемата ја разрешуваат гласачите на демократски организирани избори, а на подолг, единствениот општоприфатен критериум - времето, односно историјата. Затоа, играњето со јазикот на омразата, објавувањето на потерници на татковци и деца, злоупотребата на медиумите во функција на краткорочни политички (изборни?) поени, мора час поскоро да престане пред фигуративно, но и буквално, да не ги видиме првите жртви.

Вториот проблем кој долгорочно може да остави уште посериозни негативни ефекти е стигматизацијата на консензусот и компромисот, било околу некој внатрешен или, пак, меѓународен спор/конфликт, како најбезболен метод од кој профитот е заеднички. Всушност, имам впечаток дека свесно се прескокнува фактот дека Република Македонија, како на внатрешен така и на меѓународен план, своите највисоки дострели ги имаше токму во периодите кога „едните“, „другите“, „третите“ и „петите/шестите“, манифестираа единство во намерата да реализираат одредена стратегиска цел (независноста на државата, Охридскиот договор, членството во европските и евроатлантските интеграции и др.). Такво единство, консензус, односно внатрешен компромис, ни е одамна потребен и околу градењето на стратегијата за решавањето на фамозниот спор, брзиот влез во НАТО и почнувањето на преговорите со ЕУ. Повеќе од јасно е дека вовлекувањето на ова прашање со нагласени дисонантни тонови во политички кампањи (редовни или предизборни) само и' штети на внатрешната кохезија во државата, како и на нејзината меѓународна позиција.

Но, се чини, не е се' така црно. Да издржиме само уште малку. Се гледа некое светло на крајот на тунелот, и тоа, по се' изгледа, не се светла на локомотива што се движи кон нас. Имено, за една недела почнува Европското првенство во фудбал. Предозирање со фудбал, во комбинација со умерена консумација турски серии, може да има мошне благопријатен ефект врз нервнот систем на поединецот, но и на нацијата во целина, што како краен резултат може да доведе до смирување на вжештената политичка атмосфера и донесување (по)разумни заклучоции решенија, барем кога станува збор за овој „проблем над сите проблеми“.

П.С. Иако искуството вели друго, и натаму упорно верувам дека треба да им дадеме шанса на институциите независно, без влијаниија и мешање однадвор, да испитаат дали и евентуално кој ги прекршил правилата на чување државна тајна. Она што ме збунува е: а за која државна тајна станува збор? Па предлогот на Нимиц го имаа нашиот јужен сосед, еден куп влијателни држави и меѓународни владини и невладини организации и институции, а згора на сето до збор беше преведен и публикуван во нашите медиуми. Дали фактот што некој службеник/дипломат во МНР во 2005 година по инерција, следејќи ги штурите процедури, на некој документ му ставил печат со ознака државна тајна или строго доверливо е порелевантен од (пр)оцената на тогашното државно раководство дека јавноста треба да се запознае со него?! Како човек кој дваесет и кусур години го јадел лебот на државен службеник, високо ги почитувам формата и процедурите, но длабоко сум убеден дека секогаш треба да и' се даде предност на суштината.

(Авторот е поранешен дипломат)


Статијата е прочитана 842 пати.

Испрати коментар



„Не убивај го гласникот“
Закана од германската амнезија



pameten, 02.06.2012 07:03:39
ниту една не сретнав некогаш кој на каков било начин би го заслужил епитетот предавник. Крајно време е да престанеме да бараме предавници под душекот, туку да сфатиме дека понекогаш има различни идеи, различни проекти за тоа како да се излезе од корсокакот. Сите гранки на ВМРО во Првата светска војна се бореле заедно, но по неа се поделиле жестоко. Ниту едните не биле предавници. На некои татковците биле убиени затоа што биле партизани, на други татковците им беа убиени од партизаните. Некои сакаа брзо прогласување на независност. Други се надеваа дека Југославија може некако да преживее. Некои мислат дека има шанса да зачуваме ексклузувитет врз името Македонија. Други знаат дека треба да се најде компромис. Македонија има шанса да преживее ако стане држава на сите.
Istocna Makedonija, 02.06.2012 07:40:28
Vo kontekst na vovedniot del na temata.,Pre- davnik e sekoj siromasen graganin na MKD, koj bez,ili so minorni prihodi(nevraboten,steca ec,t.visok,socijalec)seuste plaka danok na svojot impozanten imot od 25m2,komunalii,gi pocitiva,vo najgolem del,rigoroznitezakoni,ne pravi kriminal,ima averzija kon partii,oti vetu- vaat,a ostvaruvaat samo za nivi i svoite,a ne znae dali denes ke jade i od kade da mu dade 10 denari na deteto!,,Patriote onoj koj de- belo se nafatiral kako partiski kadar,ili ima barem od sto da zivee,ne-plaka danoci na imotcinja od stotici kvadratni metri,komunalii koga mu tekne,znae da napravi i somnitelni zdelki i ,,biznisioti sekogas mu e malku,ne-po cituva zakoni ,fanaticen partiski poslusnik e oti debelo profitira,a ne od ljubov i ideologija i najcesto e dobro najaden i napien od narod ni-drzavni pari.E,taka vo ovaa ubava,no mala i siromasna zemja se ispovrteni rabotive naopaku!
Пречекорување овластувањата е во рез.817 на СБОН, 47-225 на ГСОН, 02.06.2012 12:02:10
Резолуциите 817 СБ и 47-225 на ГС ОН претставуваат ULTRA VIRES акт направен од ООН. Врз база на овој факт РМ треба да покрене Резолуцијата на Генералното собрание со која со простото мнозинство нелегалната деноминацијата БЈРМ ке биде во ОН сменета со уставното име Република Македонија. Ние немаме проблем со Грција, туку со неспособна власт која нема муда да иницира таква резолуција во ГС на ОН! Имаме 130 држави од који 99 се на наша страна. На потег е Груевски и Иванов!
Patriot si e patriot, 02.06.2012 12:42:27
Spored kriteriumite na segashnata vlast, so ponos velam deka sum predavnik. Neka mi nekoj od patriotite objasni kade bea vmro-vcite koga se ovaa drzava stvarashe i na golemo za nea gineshe (di si bija kad je grmilo), a ne da se pravdaat so Solunskiot front (patem, shto ne go sami otvorija). Navistina, dajte ednash kazete kade bea vmro-vcite vo NOB t.e. kazete ja vistinata. Kolku shto jas znam, NIKADE ili zaedno so balistite, kako sega. E takov patriot ne sakam da bidam. Neka me nekoj negira, ama argumentirano. I ovie fashizoidni navivachki grupi da se ukinat, a ne legaliziraat. I na krajot, identitetot (barem na patriotite) go smeni Gruevski, ne grcite. I drzavnata tajna ja izdade Gruevski, ne Crvenkovski (e po ova prashanje e iskljuchivo bitno koj prv pochna), a site znaeme koj.
R N-B, 03.06.2012 10:28:36
Prekrasen i istinit tekstn, od lice koe imalo moznost da se zapoznae od*poblisku*,so licnostite i zbivanjata vo povisokoto politicko opstestvo i dobro znae sto e *tajna od drzaven interes...*Pred nekolku godini imav potreba da znam tocno OD KOI drzavi sme priznati kako R. MK.Toa baranje,naivno i najzvancno,pismeno,go dostaviv, na* izveseni sektori* vo drzavata ni. Od site bev prefrlana od edna edinica vo druga, so pretekst deka nim ne im e poznato. Pobarav priateklski od nekj koj smetav deka ke znae i preku nego (! toj od treta licnost),me obavesti (preprakjajki mi go imelot od *tretata licnost*) deka Iminjata na zemjite se nesto kako DRZAVNA TAJNA i nemoze da se kazat!? Bidejki apsolutno trebese da gi doznaam zemjite, poradi lobiranje ,bas za MK. mu se obrativ na *poznanik* od edna grcka ambasad koj bez teskotija mi izrecitira 23 zemji koi do tagaj ne be priznale pod Ustavnoto ime!!Dali i vo ovaa* izdadena tajna*, nekoj bese patriot ili predavnik, ili pak ednostavno, politicki

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИ

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 18°C

Делумно облачно

Недела
Ведро
Макс: 29°C, Мин: 13°C

Понеделник
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 13°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен Магазин |