01.06.2012, 18:44 Истрага за „тајниот документ“ за името
Oбвинителството, засега, не бара документи од Црвенковски, туку од медиумите што ги објавиле
Скопското Јавно обвинителство не им поставило рок ниту на Бранко Црвенковски ниту на СДСМ да ги достават документите кои во изминатата недела беа предмет на жестоки полемики, а кои се однесуваат на предлогот за решавање на спорот со името што го дал медијаторот Метју Нимиц во 2005 година.
„Не знам од каде излезе тоа дека скопското Обвинителство барало од Црвенковски да ги достави документите. Вистина е дека бараме да ги видиме документите, но ги бараме од медиумите што ги објавија тие документи. Откако ќе ги добиеме, дополнително ќе треба да утврдуваме дали станува збор за документи кои се државна или службена тајна. Ова значи дека Обвинителството ќе треба да го утврди карактерот на објавеното, па дури потоа може да говориме за евентуална одговорност“, вели скопскиот јавен обвинител Марко Зврлески.
За обвинителот Зврлески е неспорно тоа дека лидерот на СДСМ, Црвенковски, кажал нешто, но, според нивните сознанија, тој за време на јавен настап не презентирал никакви документи и токму поради тоа тој не може да биде предмет на интересирање на Обвинителството. Сепак, со оглед на тоа што беа објавени документите, нема дилема дека тие ќе се бараат од државната новинска агенција МИА и евентуално од телевизијата Канал 5.
Од Обвинителството потврдуваат дека истрагата која е отворена доаѓа по јавно изречен збор во јавноста, но оттаму велат дека засега никој не е осомничен за објавените документи, се' додека додека не се утврди дали станува збор за откривање државна тајна или, пак, за службена тајна. За Обвинителството е битно да утврдат дали и кој извршил класификација на документите, односно дали со нивното објавување е предизвикана штета. Поради ова, скопското Обвинителство ќе ја води истрагата тивко и без рокови. (Љ.С.) |
|
Статијата е прочитана 890 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Трпе, 02.06.2012 01:49:47 | Дали во РМ има интелектуалци или само продадени ситни души.За каков таен документ се зборува.Зарем таен документ се смета и документ кој беше презентиран во сите медиуми уште 2005 година за некој предлог од медијаторот.Може обвинителите да покренат постапка само за фалсификатори во РМ.Некој да објасни што означува датум со прашалник и да објасни некој на кој јазик и кое писмо, што означува ова MACED( .Со лага Ага може да се биде само во РМ.Тоа е познато само на владините медиуми кои живеат за интерес или се под страв од закани.Наместо да фалсификуват лапат датуми или сечат букви.Неквалитетни компјутери,тастери и копири. |
| zrak, 02.06.2012 06:38:58 | ISTRAGA za tat,telekom,nadez,avionot,....zavrsnici NIGDE,samo trosenje pari i vrlajne prasina vo oci na naivniot ni narod.sds-dpmne;nasi a polosi i od site.... |
| branko, 02.06.2012 09:38:27 | zatoa vo mk e taka prvo se prasuva za koj se raboti koj e covekot sto treba da se obvini ili kazni a ne sto napravil sramno za javen obvinite sramota ko pokazuva celoto pravo koj ima e da raboti koj ne smee vo javnosta nitu da spomeni necie ime srmno do site profesori na pravni fakulteti sto nieden neama da kaze sto e sega treba ili netreba da se obvini crvenkovski da bese nekoj siromav ke bese vo sutka za dva casa taa e mk demokratija .znam deka nema da bide pusten mojot kom. |
| Marioec od Azija, 02.06.2012 09:43:07 | Da obvinitelstvoto ca ja vodi istragata tivko i necujno kako i site drugi istragi,koi zavrsija pod tepihot.Veruvajte im ludje zar na gledate neostana nisto neprocesirano,koga ca se vratete od TAT,parite i roleksite za Kirca,Telekomot,OKTA,rezervnite delovi i se nataka so nadez deka Nadezda nekogas ce proraboti pa se ce se zaboravi.A bacilata i Daravelski,Lozovo,dr od Strumica kako i sefot negov od istiot grad.E od ovakvo azurno obvinitelstvo i sudstvo e dojdena Makedonija na ovoj stepen,ne poradi imeto. |
| pile, 02.06.2012 10:16:43 | Pet dena veke Makedonskite gragjani se zamajuvani so navodno izdavanje na drzjavna tajna , a ugledni profesori ukazjuvaat deka takviot dokument i netreba da ima takva kvalifikacija,dodeka vremeto dogovoreno za reformi od postignatiot pristapen dijalog na Visoko nivo pomegju R.Makedonija i EU tece.Vo megjuvreme objaveni se izvestaite na Helsinskiot komitet za covekovi prava, na Stejt departmentot na SAD za 2011 godina, na Amnesti internesenel, nema debata,a bogami i nema veke na koj medioum da se debatira,nema inicijativa za formiranje na sobraniska Komisija za razgleduvanje na istite,se e toa standardna kritika.Dodeka LUGJE, Makedonski gragjani okapuvaat vo pritvori za nedokazjani dela,relevantni subjekti ni notiraat KONSTATACII,IZVRSNATA VLAST SE MESA VO SUDSKATA VLAST,nikoj nisto ne prezema.Diktaturata veke ne ni tropa pred vrata,pod rakovodstvo na Gruevski i familijata, toj e veke vo srzjta na sistemot.GOSPOD NEKA NI E NA POMOS |
| Sud, 02.06.2012 10:59:06 | Ispravno! A ako koj sluchaj Branko treba da odgovara, pred nego ke mora Gruevski, bidejki toj go pokrena seto ova, sakajci da od Branko napravi predavnik. |
| НИКОЈ - до Сите погоре, 02.06.2012 19:35:26 | Значи колку сте прости и вие погоре, ама и овој народ, тоа е нешто невидено! хах!
Како Ве влечат политичариве за нос, тоа е невидено! И Грујо и Бране! хахахах! Трошите безполезно време од Вашите бедни животи гуглајки и расправајќи се за се и сешто насекаде, па еве и за ова...
Па штракајте малце по веснициве на нет, или идете во книжара купете има еден куп книги со документи за Споров за името, каде што добро се вметнати сите предлози и разговори меѓу нас и Грција и меѓу нашиве политичари.
Од кај сеа тоа таен документ, кога секое шуто и рогато во земјава знае за тоа! хах!
ццц не ме ни чуди зшото имате такво лоботомиско кратко памтење... |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 18°C
Делумно облачно
|
Недела
Ведро
Макс: 29°C, Мин: 13°C
|
Понеделник
Сончево
Макс: 31°C, Мин: 13°C
|
|
|
|
|
|