Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен Магазин
Политика
01.06.2012, 16:37

Досието „Богдановски“ зрело за лустрациска обработка

Дел од поткажувачите се' уште се политички активни, тврди писателот Миневски, кој го истражувал досието на основачот на ВМРО-ДПМНЕ

„Не го познавав Драган Богдановски лично, но од досието на УДБА, од околу 10.000 страници, кое имав шанса да го видам, може јасно да се види дека тој бил подложен на ужасна тортура, која завршува со загадочна смрт во возот со кој патува од Малме за Копенхаген“. Со овие зборови писателот и новинар Блаже Миневски го најави својот се' уште ненапишан роман за идеологот и еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ, Богдановски, на панел-дискусија по повод 14 години од неговата смрт, што се одржа во Музејот на македонската борба.

Миневски, трогнат од она што пишувало во досието на Богдановски, потенцираше дека доколку се следат внимателно белешките (во кои, како што вели, стои и точното време кога купувал жилети) и на кој начин тие се исреплетуваат, може лесно да се дојде до имињата на луѓето кои работеле на овој случај.

„Лично дознав кои се некои од кодошите. Некои од нив се' уште се активни на политичката сцена, а некои дури водат и институции“, вели Миневски, кој, практично, со вакви тврдења открива дека досието „Богдановски“ е плоден терен за лустрациска обработка. Со тоа, тој, веројатно несвесно, се стави на страната на познавачите на оваа проблематика кои упорно тврдат дека овој процес отстапи од првичната замисла и се претвори во партиска борба, во која беше на суров начин извалкано името на некои видни личности од општествениот живот.

Според Миневски, животот на Богдановски е филм кој не може да се замисли. „Затоа нема ништо да измислувам тука, само ќе го пренесам тоа што се случувало. Ќе се обидам да ја реконструирам таа атмосфера. Неговото киднапирање во Париз, потоа носењето во Љубљана, каде што го пречекува човек на УДБА со тиквешки акцент, пренесувањето во Македонија, држењето две години во изолација во Јасен, 11 години затвор во ’Идризово‘, сето тоа ме потсети на романите на Агата Кристи“, посочи Миневски, а директорот на Државниот архив, Зоран Тодоровски, потсети дека судскиот процес го водел Јован Трпеновски, бивш министер за внатрешни работи, а сега адвокат.

Сето ова внимателно го слушаше и Гојко Јаковлески, еден од најблиските соработници на Богдановски, со кого, како што вели самиот тој, го споила заедничката идеја и цел - Македонија да биде самостојна и обединета.

Тој. дефинитивно. беше главна ѕвезда на собирот. Пред да го „нападнат“ присутните на дискусијата за заедничка фотографија, Јаковлевски потсети на ликот и делото на Богдановски.

„Тој е главен визионер за самостојноста на Македонија. Беше во првите редови на македонската патриотски ориентирана емиграција и неуморно и бестрашно се ангажираше за оживотворување на илинденските идеали, чија основа и крајна цел е обединување на Македонија и создавање самостојна држава“, рече Јаковлески, кој тврди дека Богдановски бил реалист и не се занесувал дека во време на современите политички констелации може да се обединат трите дела на Македонија.

„Обединувањето на Македонија го гледаше во рамките на обединувањето на Европа. Како, да речеме, Германија и Франција. Двете држави воделе жестоки војни, а сега меѓу нив практично нема граници“, додаде Јаковлески, кој речиси по секоја своја мисла добиваше громогласен аплауз.

Но, звукот од дланките на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, ниту, пак, на некој од неговите најблиски соработници не можеше да се слушне во салата, од проста причина што никој од нив не оцени дека е потребно да дојде во Музејот на македонската борба.

Нивното отсуство, иако добивме информација дека премиерот Груевски бил известен за дискусијата и за нејзината техничка организација, која целосно ја одобрил, несомнено претставува уште една цигла во контроверзниот ѕид меѓу ВМРО-ДПМНЕ и неговата, како што ја окарактеризираа дискутантите, чиста икона Богдановски.

Таквото воочливото партиско дистанцирање и релативизирање на дисидентскиот ангажман на Богдановски го иницираше нашето прашање до Јаковлески дали денешново ВМРО-ДПМНЕ го чувствува како континуитет на идејата за која се залагале тој и Богдановски.

„Тогашните водачи на ВМРО-ДПМНЕ го изолираа Богдановски откако оценија дека ја постигнале целта, ја освоиле власта. Никогаш не сум бил заинтересиран за политиката како професија. Повеќе сум бил врзан за идејата. А денеска таа ја губи борбата со бизнисот и профитот. Ни се случува среброљубие, непотизам, делење функции по некакви семејни линии. Тоа нема врска со она за што ние се залагавме“, емотивно искоментира Јаковлески во нашиот неврзан муабет по дискусијата.


Статијата е прочитана 1758 пати.

Испрати коментар



Брендирани фасади
Авганистанци бараат азил кај нас
Иванов
Живее ли идејата на Ал Каеда и во Македонија
Ципрас останува на грчките црвени линии
Истрага за „тајниот документ“ за името
Многу ставови за името, а консензус нема
Георгиевски не случајно тргна од Охрид
Трета рунда за Заев
СДСМ и ЛДП
Антонио Милошоски
Охриѓанец се задоволувал пред малолетнички
Нападнат даночник поради контрола на фирма
Обновена црквата „Св. Константин и Елена“
Нападнат кафеанџија поради музика



zik, 02.06.2012 00:43:10
ushte edna tula vo zidot narechen makedonija.premnogu gnili tuli...
analiticar, 02.06.2012 07:05:28
toa sto ne go siori udba i ozna[koja prva dozna]toa go stori,razbira se dolgata raka sto ubi se sto e za postena MAKEDONIJA.sds-vmro i se e mozno.
penzioner, 02.06.2012 07:08:13
Господине Блаже, дали свесно или намерно се ставате во позиција, да бидете кога тогај и вие лустрирани,многу работи се ептен ујдисани пасе гледаат од далеку.
Istocna Makedonija, 02.06.2012 08:02:12
Nema lutenje,,istorijatana VMRO i Makedonija zapocnuva od 2006 godina!Se drugo e period od pred ,,nasava era i ne cini!
Vistina, 02.06.2012 12:10:42
Ma i toj e bil udbash, kako vprochem i sekoj prosechen makedonec. Zatoa ne pravete uzaludno zrtva i heroj od nego. A toa shto se podocna skaral pa si go dobil, mozeme da pretpostavime zoshto. Ne ja izvrtuvajte starata i ne stvarajte nova istorija. Nabrgu ke dojdat drugite na vlast, shto ke pravime togaj? Pamet v glava!
Трпе, 02.06.2012 17:40:45
Уште една статија за одвлекување на вниманието на македонскиот народ од актуелните проблеми.Актуелната власт е махер за пишување приказни.Ама не е далечен денот кога шилото ке влти влти и ке излезе на вистинското место.Автогол ке си дадат со пета.
Vmrovec, 02.06.2012 21:49:19
Страшни работи се случувале во тие времиња со борците за Македонската Независност а сега сите ние бараме зборови тоа да го опишеме. Некој сега сака да го дискриминира дејството на ВМРО-ДПМНЕ и по рекла казала кажува све и сешто. Иако не ги познавам политичките Игри кои сега се актуелни но едно секогаш ќе подржам,секој македонец над 60 г е на некој начин огречен и не е достоен да ја води Државава. Младината знае секогаш што е најдобро за нас ,тие си го кажаа своето. И воопшто,зошто некој сега излегува со овие Прикаски во Утрински,дан не има врска со Локалните Избори следната Година? ВМРО-ДПМНЕ е нашата иднина и никој ама никој нема тоа да го промени. Поздрав

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИ

Што прават денеска
 


Site Meter


Време
Скопје, 29°C

Делумно облачно

Понеделник
Сончево
Макс: 29°C, Мин: 13°C

Вторник
Локални грмотевици
Макс: 27°C, Мин: 12°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен Магазин |