01.06.2012, 18:42 Многу ставови за името, а консензус нема
Има ли шанси дипломатската дефанзива да се трансформира во офанзива, со која, дефинитивно, би се исцртале нашите црвени линии
Наум Котевски
Откако Љупчо Георгиевски пред неколку дена излезе со јасен став дека Република Северна Македонија е достоинствено решение, како што кажа, за името БЈРМ, со што би се деблокирал процесот на евроинтеграција, од говорницата во Собранието претседателот на НСДП, Тито Петковски, настапи со усогласен тон.
„Мојот став отсекогаш бил географска одредница за која ќе се договорат Македонија и Грција. Може Горна, може Северна. Но, вашиот проблем е тоа што кога вие дојдовте да бидете премиер, рековте дека ќе ја внесете Македонија во ЕУ и во НАТО, а дека нема да има компромис за името“, на ваков начин одговори Петковски на провокацијата од премиерот Никола Груевски, кој побара од лидерот на НСДП да понуди конкретен предлог за спорот со Грција.
„Ајде кажете некој предлог, бидејќи заговарате дека ние се инаетиме“, додаде премиерот.
Со сличен став за име со географска одредница, кое нема да засега во идентитетот, уште пред неколку години излезе и најголемата опозициска партија СДСМ. Оттаму прашањето можно ли е и владејачката партија да излезе од својот ров и да се случи она што моментно изгледа невозможно - јавноста да слушне една сепартиска хармонична идеја, со која дипломатската дефанзива би се трансформирала во офанзива и со која, дефинитивно, би се исцртале нашите црвени линии.
Очигледно е дека само на таков начин може да излеземе од овој наш изум на политичка медитација, која е дојдена до највисокиот степен, до трансот, каде што уживаме воајеристички да ги гледаме меѓусебните обвинувања за тоа кој, кога и како ја продал државата. Бесмисленоста и баналноста се на врвот на општествено значење.
И бившиот министер за надворешни работи, Слободан Чашуле, потсетува дека одамна се заложил за изготвување целосна државна резолуција, која ќе ја определи македонската национална стратегија, иако смета дека со сегашнава ситуација во Грција, не се знае каков консензуален став може да помогне, бидејќи, како што вели, во решавањето немаме партнер кој е расположен за што било во правец Македонија да стане членка на ЕУ и на НАТО.
„Таа национална стратегија зад која ќе застанат сите партии ќе биде обрзувачка. Без оглед на тоа кој ќе биде на власт, ќе треба да биде спроведувана. Позиција која би била слична на онаа на Грците. Ако и двете страни на политичката сцена се против загрозување на идентитетот и се против име кое би го овозможило тоа, а патем се противат и на секој дополнителен услов на Грција, тогаш тоа значи дека елементите за договор се веќе јавни и објавени. Но, недостасува политичка волја“, потенцира Чашуле, кој ја отфрла тезата дека власта и во ваков случај мора да биде локомотивата.
„Иницијативата може да ја поведе и опозицијата. Ајде, веќе еднаш да направиме една стратегија, а не да одиме и да се кодошиме и да им даваме материјал на Грците“, вели Чашуле.
Според него, во ситуација кога бараме другите да го почитуваат Меѓународниот суд на правдата, тогаш и ние треба да го почитуваме.
„Судот не' обврза на име за членство, кое може да биде со географска одредница, и уставно име за севкупна употреба во билатералните, мултилатералните односи, и дома. Тоа значи дека тие може да ни се обраќаат со сложено име, а ние да им одговараме со уставното име“, резонира Чашуле.
На собраниската седница за пратенички прашања пратеникот Јани Макрадули го потсети премиерот дека во 2008 година, пред Самитот на НАТО во Букурешт, се согласил со предлогот Република Македонија (Скопје).
„Сте ја виделе ли во архивата документацијата за предлогот од 2008 и записникот каде што вие се согласувате со предлогот Република Македонија (Скопје) со одложено решавање на идентитетските прашања? Го знаете ли писмото на министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски, до генералниот секретар на Обединетите нации каде што пишува дека вие сте се согласиле за Република македонија (Скопје)? Сте го виделе ли господинот Лазар Еленовски со изјавата дека вие сте се согласиле?“, го предизвика Макрадули премиерот, кој се обиде да се огради од таквите напади.
„Тоа не беше прифаќање, туку само согласност да им се даде можност на граѓаните да се изјаснат на референдум дали таквиот предлог е добар или не, дали е прифатлив или не за мнозинството граѓани. Грција не го прифати предлогот, па затоа немаше референдум“, изјави Груевски. |
|
Статијата е прочитана 1752 пати.
|
Испрати коментар
|
|
zvonko karov,kavadarci, 02.06.2012 00:20:45 |
Pocituvan Gruevski,
Usoglaseniot kompromis ili resenie za sporot, nekoj mora da go predlozi na gragjanite na izjasnuvanje.Smetavte deka toa treba da odi na referendum.Logicno e toa da go napravi vladata zosto taa go usoglasila.
Ako e toa taka,togas taa SVOJOT PREDLOG ZA REFERENDUM ke mora da go brani.
Ako ne pomine,razbirlivo e vladata da podnese ostavka.
Opozicijata ke go prezeme vrz sebe rizikot kako ke se odnesuva na vasata kampanja za usoglaseniot PREDLOG za REFERENDUM
|
| Трпе, 02.06.2012 01:26:45 | Дека мора да прифатиме некое име со придавка на нашето име е факт ако сакаме да имаме пријатели.А дали нашиот јужен сосед ке го прифати или не е друга работа.Тогаш пред нашите пријатели ке имаме оправдување кој е вистинскиот инаетчија.А ние глумима како глушецот кој сака на слонот да му го оп....Сегашната влада на чело со премиерот си игра како некој малски битанга предизвикувајки ги посилните те сме биле наследници на Аце големиот и се прекрсти само што и децата не си ги крсти со антички имиња..Ако тој не знае барем некој сигурно му објаснил зошто мораше да го прифатиме ФИРОМ.Да биде задоволен ако треба ке го прифатиме и името Р.Груева.Да се надеваме дека комплексот ке му се излечи а останатиот народ ке биде слободен од резерватот кој тој го направи. |
| Tina, 02.06.2012 06:13:29 | Ima samo eden stav za imeto.
Makedonska nacija postoji.
A site tie akrobatiji na Evropa, odat na racun na ne- demokratija. Ako razbirame sto oznacuva toj zbor. Oti Grcite ne go stvorile toj demekratski poim, i ne se izrazuvat korektno, oti ne go razbirat.
Znaci, Grckiot stav na sprema nas Makedonci, nema da bide primen vo svetot.
Inat ne e politika. Politika e sloboda na izraz.
Ne vojna protivu nacija koja saka da bide slobodna. Za vaa sloboda cekame od Rimskoto vreme. Zamislite kolku sme civilizovani.
Cekame da site se civilizuvat, pre nego sto tie ke ne priznavat za koji sme, i od koga sme,i od kade sme. Makedonci. Zivela Makedonska nacija ljuge, oti samo nie ke im pokazime na svetot kako se razpoznava vistinata, i kako da gi urname lagite. Po prav pat. |
| analiticar, 02.06.2012 07:12:12 | i po tito tito;mu se luteja na J.B.TITO,oti ne ja daval vlasta,a tie za vlast se ispokaraja,odrodija,casule stana kolekcioner na partiski kniski,se zdruzija so teroristi, smena ime,zname,amnestira zlostornici a ke mu gi turnat i spomenicite na branitelite i sto ne.... |
| Istocna Makedonija, 02.06.2012 08:05:10 | Kakov takov stav,ovie Georgievski,Petkovski go
kazale.Rizikuvale sega orkestrirano da bidat zigo
sani kako predavnici.No i negativen odgovor e odgovor!Najslozeno i neproduktivno koga imas
kolebliv,neresitele,politicki kalkulantski stav i
togas samo gubis.Gubi i drzavata! |
| vremeto denes, vo severnite delovi na severna Makedonija, momentalno soncevo, so vkrsten veter od severoistocni pravci, 02.06.2012 09:00:30 | Vo nekoj vesnik procitav izjava od iskusen politicar deka problemite vo R.Makedonija doagjaat od vnatre a ne od nadvor.Ako vnimatelno se cita VS od 1995 godina, za koja dosegasnite politicari trebase da debatiraat normalno pred nezavisnite mediumi (ako ne se zatvoreni) na gragjanite trebase celosno da im ja objasnat,ke se zaklucese deka iznaogjanje na prifatlivo resenie za razlikite za imeto niz razgovori ne znaci i promena na Ustavnoto ime.A koj toa vo pregovorite prifatil ne samo odrednica tuku i geogravska odrednica.Mozjebi nekoj saka i vremenska odrednica.Seriozni politicari kakvi sto vo momentot na politickata scena vo Drzjavata nema posle vakviot sevkupen zastoj na evroatlanskite integracii na zemjata, i fijasko na reformite na vnatresen plan, po 6 godisno vladeenje si podnesuva ostavka,a ne da glumat dobri vili.Ponesuvanjeto na politickata odgovornost trebase veke da se sluci,i na sojuznicite i prijatelite na R.Makedonija da im se pokazje deka vakvata politika,ovaa se prikaski. |
| Geografska odrednica so zacuvuvanje na idenitetot., 02.06.2012 10:05:19 | Vece ova prasnje se vlecka so decenie i ne mu se gleda krajot.Kompromis treba i mora da se najde , bidejci nie trpime ogromna steta.Edino resenie i prifatliv kompromis e: Severna Republika Makedonija, so zacuvuvanje na imeto, makedonski narod, i makedonski jazik, otkazuvanje od onaa glupava antikomanija. i vospostavuvanje normalni odnsoi so Grcija. Republika Makedonija vsusnost i se naodja na severniot del od teritorijata od davnina poznata kako Makedonija( Skopje, Tetovo, Kumanovo Gostivar i nekoi drugi mesta duri i ne se naodjaat na teritorijata na oblasta togas narecena Makedonija.) |
| ФЕЛИКС, 02.06.2012 11:03:27 | Од македонскиот политички блок има досега само три става,да така одпаѓа претенциозниот наслов ,,многу ставови,,:Имаме идеа од благонадежникот Северна Македонија без понатамошно објаснување.На тоа се надоврзува Петковски со ист предлог проширен по терк на соседот erga omnes и оној од Букурешт РМ(Скопје).Можеби двојната формула да се смета за став,лично за мене супер идеја од која се одстапи од политикантските ставови,,не се сложува соседот,,што значи и Брисел.Инаку Макрадули требаше да биде прашан оти неговата партија како власт и председател на РМ од нивни редови се сложија за Граѓани а не Македонци,и оноа ,,чудо природе,, за јазикот.Па сега кога ни гаѓите на Прометеј не ги спасуваат наједноставно фактот за голотијата на политиканството се прогласи за фалсификат.Заборавајќи при тоа да таа голотија ја опсервираа и Утрински и Дневник и др.во 2005г. како крајно погрешно решавање на проблемот.На ова за ,,фалсификатот,,без размислување се изналепија по апорт овие како зеленко & комп. |
| Ni treba strategija na doblizhuvanjeto kon Nevrzanite, 02.06.2012 12:00:37 | Nema potreba da pominuvame Sovetot za bezbednost i ostanuva da primenime strategija na Igor Janev.Nie pominavme vo Sovetot za bezbednost i sme členka na ON.Nam ni treba samo prosto mnozinstvo od prisutnite, koi glasaat vo Generalnoto sobranie na OON za zamena na referencata so ustavnoto ime.Bidejќi se raboti za faktot deka veќe sme primeni kako polnopravna členka na ON i deka ne stanuva zbor za suštinski prašanja, za nas ќe se glasa so prosto mnozinstvo, i toa da se zameni referencata direktno vo Republika Makedonija ili indirektno prvo da se pobara sovetodavnoto mislenje od Meѓunarodniot sud na pravdata za legalnosta na dopolnitelnite uslovi pri priemot na Makedonija vo ON.Ova dava golema verojatnost deka so direkten priod so promena na referiranje vo ustavnoto ime može da se završi cela rabota so imeto vo ON.Glasanje so poddrška na nevrzanite zemji znači deka ako vo salata na Generalnoto sobranie se prisutni i glasaat 100 državi, nam ni e potrebno samo 51 zemja da se izjasnat Za. |
| Kompromis si e kompromis, 02.06.2012 12:02:19 | Mislam deka premierot e dvolichen po prashanje na imeto, i voopshto, a se zali na drugite. Opozicijata odavna predlozi reshenie t.e. ime koe nema da zadira vo identitetot i da se upotrebuva namesto FIROM. A dali ke bide Nova-Stara, Severna-Juzna, Gorna-Dolna ili nekoja peta, neka si izbere vlasta. Pojasno zdravje! A patriotite i ponatamu ne ni suflirajte dajte predlog. Zarem ova ne e predlog? Ushte velat, ke vi dadame podrshka. Ama istiot moment vlasta ke padne. E ke padne, i taka i vaka. Mnogu belja napravi zadolzuvajki ja drzavata za razni gluposti i vlastitiot dzeb, ni go razrushi identitetot i ne razdeli i ispokara po site pravci i osnovi. Vreme mu e da si odi. Shutka, so brat Ljube i Velija, nestrplivo go ochekuva. |
| Alban Jakupi, 02.06.2012 13:23:15 | Posle formiranjeto na novata grcka vlada a i bilo koj da bide pobednik, ke mora da go zatvora problemot so imeto, i od makedonskata strana ke se bara da ima konsensus, vo ovie dve naredni godina se ocekuva da se stavi kraj na blokadata na Grcija zaradi problemot so imeto i direktno
pocnuvanje na pregovorite za clenstvo vo EU i toa mnogu brzo Makedonija ke stane clenka na EU i Nato toa treba da se ngalsuva.Pozdrav do Utrinski |
| Македоналдс, 02.06.2012 14:55:57 | Уште од Букурешт е кристално јасно дека Груевски се соочува со две заемно исклучувашти се алтернативи - НАТО / ЕУ и зачувување на името. Или-или. Господине Груевски, пред неколку дена твојот министер за надворешни работи рече дека Владата останува на патот кон НАТО / ЕУ, што значи дека ДПМНЕ од патриоти ќе станувате предавници. Ај сега, излезте на некоја Ваша ТВ и им објаснете на оние кои гласаат за вас оваа ваша метаморфоза. Разкажете лани и по��ани кога испивте една-две кофи со кафе заедно со Папандреу на вашите средби, какви предлози му дадовте за ново име на Македонија. Ги прашувате Л.Георгиевски и Т.Петковски, а вие самиот 6 години молчите каков е вашиот КОНКРЕТЕН (буква каj буква) предлог, така дека спорот да се реши, а не само да се шетате низ светот и да пиете кафе со овој или оној Грк? Ако пак го зачувате името, зошто го пративте Поповски да jа лаже jaвноста дека сте на европскиот пат? |
| Marioec od Azija, 02.06.2012 16:13:44 | Na Tito ako ne mu se svidja Makedonija aj kaj cerkite vo Grcija,pa tamu si ima isto Makedonija.Za site ovie sto se za promena na imeto,nema da se promeni imeto nego i Ustavot,znameto e smeneto,ce nema Makedonci nego gradjani na Severna ,Gorna,Skopsk ili bilo kakva druga Makedonija,i jazikot ce bidi na gradjanite na taai taa drzava.Ovoa ce bide i pogolemoto zlo i od sramnata referenca,koj ne mi veruva se kladam vo sto saka.Ama partiskite isprani mozoci,nevazno od koja partija toa ne go razbiraat nego sto ce im servira Utrinski i kompanija ili Latas i co za niv e sveto.Deka ce se zacuva jazikot i Ustavot i identitetot se lazete,se ce se izbrise prvo vo medjunarodnite organizacii a posle i vo patnite ispravi ce mora.,Mislite ce se soglasat Grcite na nesto se dodeka ne ja snema Makedonija i Makedonci,jas velam nikogas,ne ime da menjate sto sakate prajte toa e realnosta. |
| Aleksandar, 02.06.2012 21:30:38 | Nesposobni politicari bez obrazovanie za politika kako i sve vo drzavava pogresen fakultet na pogresna pozicija = katastrofa. Cel svet ni vika napravete vaka . Ili sme za vo Nato i EU ili neka ne ostavat vo siromastija, resete politicari za toa ste plateni . Igrajte kako sto vi svirat toa e najlesno, posto gledam ne znaete kako poinaku! |
| nacional-patriot, 03.06.2012 07:51:26 | Vlasta vekje nekolku pati izjavi deka ne prifakja nikakvi dodavki kako severna,gorna,vardarska,a ne prifakja ni pridavki kako Skopje.I vlasta dade predlog i toj predlog e Makedonija,odnosno Macedonia za sevkupna upotreba,a Atina moze da se obrakja na Makedonija kako sto saka.Ova bese konsenzusot koj SDSM go napusti i go narusi.Ne moze da bide kako sto misli Casule,nekade so dodavka,a nekade ne.Dokolku se prifatese dodavka ili pridavka,toa ke vazese za sekade,zatoa sto konecen dogovor ne moze da se upotrebuva ograniceno kako sto moze BJRM.Na primer Severna Makedonija za edni,a za drugi samo Makedonija ke dovedese do zabuni i ke bese kako da ima dve drzavi so imeto Makedonija.Zatoa ne e izvodlivo nekoi da se obrakjaat na Makedonija so dodavka,a drugi ne.Ili site ili nikoj.Zatoa ne moze da ima dogovor i nikogas ke nema.Borbata e da i se obrakjaat so Macedonia.Taka e korisno i za identitetot.Juzniot del od oblasta Mongolija e vo Kina,no vo severniot del e drzavata Mongolija bez dodavka. |
| mene, 03.06.2012 09:53:21 | uste od porano go cuvam ovoj tekst,pa neka razmislat tie sto sakaat da go smenat imeto : Даглас Херд, министер за надворешни работи на Велика Британија, кој во 1996 година, а по повод Привремената спогодба, ми рече: „Ако очекувате ние да си признаеме дека сме згрешиле со мировниот договор во Букурешт 1913 година, многу сте наивни. Ниту една држава нема да признае на таков начин дисконтинуитет на својата државна политика, зашто тоа ќе значи историски доказ за сторена грешка. Попрво ќе треба вие да се трудите многу да нé натерате да си го смениме ставот. На нас е да ве притискаме, а на вас е да издржите. Ако толку многу сакате да бидете држава, бидете подготвени на долга борба што може да трае и два века“.
Ете! Просто, кристално чисто и бескрајно искрено. Погледнете го Кипар. Погледнете ја Палестина. Погледнете ја Баскија, Северна Ирска, Корзика. Генерации се борат, страдаат, умираат чекајќи ја историската шанса за да ги остварат своите национални сништа. |
| dedo dimo, 03.06.2012 10:27:41 | So izmenato ime ,Makedonija kolku shto ke ima dobivka nekolku pati poveke ke ima zaguba .Posledicite ke bidat Straotni .Pred prifakanje na bilo kakva pridavka ili dodavka Makedoncite od cel svet trebaat da Glasaat za imeto na MAKEDONIJA Toa e Pravo na sekoj chovek koj se rodil vo taa zemja da se izjasni shto saka . Makedonskiot Parlament ne e ovlasten od Makedonskiot narod da prifaka bilo shto bez REFERENDUM na Makedonskiot narod.Nemojte da dozvolite toa shto se napravi vo 90 godini koga se prifati da se zboruva za imeto ponovo da se desi ,zoshto ovj pat mozi da ne UNISHTI i kako drzava i kako narod. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИE
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 36°C
Делумно облачно
|
Четврток
Делумно облачно
Макс: 34°C, Мин: 18°C
|
Петок
Локални грмотевици
Макс: 36°C, Мин: 18°C
|
|
|
|
|
|