01.04.2012, 19:39 Годинава се живее полошо од лани
Најновата анкета на Институтот за социјална демократија „Прогрес“ покажува дека половина од испитаниците сметаат дека Македонија се движи во погрешна насока, две третини дека живеат полошо оваа година во споредба со лани, а две третини од испитаниците сметаат дека Владата не реагира соодветно на последниот бран на поскапувања.
Истражувањето покаж��ло дека според работниот статус 33,2 проценти се невработени, од нив 5,6 проценти се студенти, 21,8 проценти се пензионери, 15,1 отсто се вработени во јавната администрација, 19,9 отсто работат во приватниот сектор, 1,2 проценти се сопственици на приватен бизнис. Според етничката припадност, 71,9 проценти се Македонци, 23,5 проценти се Албанци, 0,9 проценти се Роми, 1,1 проценти се Турци, 1,7 проценти се Срби, а останатите се од други етнички групи.
Според месечните примања во семејството, 10,2 проценти имаат до 6 илјади денари, 14,6 проценти имаат примања меѓу 6 и 10 илјади денари, 27,6 проценти имаат месечни примања меѓу 10 и 20 илјади денари, 17,1 проценти имаат примања меѓу 20 и 30 илјади денари, 7,7 проценти имаат примања меѓу 30 и 40 илјади денари, 8,5 проценти имаат примања над 40 илјади денари, а 14,2 проценти не дале одговор за нивните месечни примања во семејството. Според местото на живеење, 30,1 проценти се од руралните општини, 21,5 се од помалите урбани места, 25,1 проценти се од поголемите урбани места, а 23,3 проценти се од Скопје.
„Прогрес“ ја спровел анкетата од 23 до 25 март годинава на репрезентативен примерок, на национално ниво. Во анкетата се истражувале општествени теми, а биле опфатени 1.116 испитаници. (Ек.Р.) |