Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Економија
04.04.2012, 18:29

Враќање во реалноста - ребаланс по само три месеци

Дел од капиталните инвестиции ќе мора да настрадаат, нема да се чепкаат платите, пензиите, социјалните надоместоци и субвенциите

Нина Нинеска-Фиданоска

Владата, конечно, го призна она на што сите ја предупредуваа уште кога го креираше мегабуџетот за оваа година, тежок 2,75 милијарди евра, дека тој е нереален и дека многу бргу ќе биде потребна негова надолна корекција. По само три месеци од годинава, ребаланс на буџетот, односно намалување на приходите и на расходите ќе мора да има, а ќе биде готов за десетина дена. Министерот за финансии Зоран Ставрески вчера соопшти дека ќе има кастрење во државната каса и тоа за износ кој ќе се движи меѓу 114 милиони евра и 122 милиони. Ќе мора да настрадаат и дел од капиталните инвестиции, но нема да се чепкаат платите, пензиите, социјалните надоместоци и субвенциите. Не е предвидено ни намалување на бројот на вработените во администрацијата.

Прогнозата за економски раст за оваа година од 4,5 проценти, која многумина уште од поодамна ја оценија како фантастична, конечно ќе се намали, но засега не се соопштува колку ќе изнесува новата проекција. Одлуката за корекција на државната каса била донесена на завчерашната владина седница. Како причини првиот финансиер ги наведе кризата во еврозоната и неповолните временски услови, кои во првите три месеци од годинава веќе довеле до пад на приходите за девет проценти во однос на плановите.

Опозицијата експресно реагираше, коментирајќи дека дошол денот на вистината за Ставрески, кој ќе мора да прави ребаланс по само еден квартал. СДСМ ја праша Владата зошто досега се инаетела и не ја признавала реалноста, а не ги прифаќала ни нивните предупредувања дека буџетот е надуван и базиран на нереална стапка на економски раст.

Според Ставрески, Владата во наредните десет дена ќе направи ребаланс на буџетот, со кој ќе има намалување за пет отсто. Европската криза на крајот на 2011 и почетокот на 2012 година, како и временските услови во првите два месеца, влијаеле на намалување на економската активност на претпријатијата и потрошувачката на граѓаните. Првиот финансиер тврди дека целта на ребалансот е да се подобри ликвидноста на буџетот и да се задржат ниските даноци. „Со ребалансот ќе се сообрази она што е реализација во првите три месеци, со очекувања дека до крајот на годината ќе има стабилизирање на економската активност и буџетските приходи соодветно. Но, она што се случуваше првите месеци под влијание на европската криза, ќе се одрази врз вкупните буџетски приходи за цела година“, изјави Ставрески.

Она што според чуварот на државната каса е добра вест, е дека нема да има зголемување на даноците. „Зголемување на даноците применија 25 од 27 држави во ЕУ. Наместо да кратат на расходната страна, се одлучија да зголемуваат даноци за да ги намалат буџетските дефицити. Ставот на Владата е дека зголемување на даноците не е добра мерка ниту во добри економски времиња, а камоли во вакви, кога се' уште европската криза не е завршена. Тоа би значело зголемување на трошоците за стопанството и директен удар врз граѓаните“, истакна Ставрески.

Буџетскиот дефицит ќе остане ист, 2,5 проценти од БДП. Во моментов се правела анализа за тоа колку ќе изнесува ревидираната стапка на економски раст, а се очекува да биде завршена до крајот на следната недела.

„Сечење“ со ребалансот ќе има во сите сегменти, освен кај пензиите, платите, социјалните надомести и субвенциите за земјоделството. За капиталните инвестиции, ќе се кратело најмногу кај оние проекти што доцнат. „Ќе настојуваме што помалку да се наруши динамиката на реализацијата на капиталните проекти“, изјави Ставрески. Со буџетот тие беа планирани на значајна сума од 439 милиони евра, но веднаш се стави знак прашалник дали ќе се реализираат.

Средствата од дивидендата од „Телекомот“ биле планирани и ќе се користат за сите буџетски потреби.

Инаку, во првите три месеци вкупните буџетски приходи биле за девет проценти пониски од планираните, иако се повисоки за 1,2 отсто во однос на лани.

Опозицијата не чекаше за да критикува. Зоран Јовановски, потпретседател на СДСМ, потсети што тие зборувале уште пред 4 месеци.

„Владата на премиерот Груевски ни црташе бајка. Се фалеше дека во 2012 македонската економија ќе има значителен раст од 4,5 отсто и дека многу ќе растат капиталните инвестиции. Пред четири месеци СДСМ велеше дека растот ќе биде понизок од она што го предвидела Владата, дека буџетот е напумпан и дека треба да се сообрази со реалноста. Пред два месеца СДСМ бара итно да се направи ребаланс на буџетот, но Владата тоа го одби. Денес дојде денот на вистината. Се оствари сето она за што зборуваше СДСМ. Владата ќе ја намали проекцијата за економскиот раст, ќе го крати буџетот и ќе ги скрати капиталните инвестиции“, изјави Јовановски. Според него, инаетот во водењето на политиките не им носи корист ниту на граѓаните ниту на фирмите.

„Економската состојба во најголемиот број семејства и фирми е многу лоша. Затоа понудивме пакет од 27 економско-социјални мерки. Ајде да седнеме и да разговараме. Да видиме што може да се направи. Од тоа и граѓаните и фирмите во Македонија можат да имаат само корист“, повика потпретседателот на СДСМ.


Статијата е прочитана 4087 пати.

Испрати коментар



За над 15 отсто зголемен откупот на млеко на „Би милк“
„Примаси 3“ сега и во Македонија
Момче од Холандија со „пица-план“ нуди решение за грчкиот долг
Уште десет години ќе ја плаќаме денационализацијата
Бесплатни прегледи на срце во „Аџибадем Систина“



jovan, 05.04.2012 01:01:17
Veke bi bilo neseriozno, seriozno da se komentira ovoj uste po neseriozen budzet, a bogami i Minister.
Grof, 05.04.2012 02:01:35
Navistina ne go razbiram ovoj Stavreski.. Iako e soliden ekonomista, nekako mi e nedefiniran i nedorecen. Jovanovski od druga strana e izgleda pokompetenten i iskren vo svoite nameri. Dobar poteg na SDSM sto formirase ekonomski sovet. Se gleda deka paketdziite dobro si ja zavrsile rabotata. Se nadevam deka graganite konecno ke ja prepoznaat podobrata ponuda i opcija.
jimmy1, 05.04.2012 06:41:37
Nevredi da se komentira za ovaj lazgo, dosta nie od lagite negovi. Po ekonomija i finansii e TAPA.
Istocna Makedonija, 05.04.2012 08:31:45
Vo tolku napaganiot socijalizam,nikoj i spomnuva- se plati,penzii,socijalni primanja...Tie normalno si tecea...Pred izvesno vreme,velam nema reba- lans,sega?!Baron Minhauzen!
surat, 05.04.2012 08:33:13
e kakov ekspert e ovoj na slikava. bomba.
od ostrijot, 05.04.2012 08:49:30
naj dobro bibilo ministerot za financiji dase prekrsti vo minister za korekturi kako mi izgleda drugo nemu odi od raka.
Обичен граѓанин, 05.04.2012 09:57:45
Сега е јасно зошто Ставрески толку години не излезе на дебата со Јовановски. Јовановски за премиер!!!
Трпе, 05.04.2012 10:13:39
Штом нашиот прв човек задолжен за парите, во секоја изјава мора да спомне дека нема да ги чепка ниските даноци(според условите не се и баш ниски),треба да очекуваме дека во блиска иднина ке има зголемување и на даноците.Не водејки каков е стандардот и квалитетот на живот на обичниот граганин.Кој може да му верува на овој човек кој со едното око гледа за мегаломански трошења на народните пари а со другото око ги прати реакците на народот а на крај продолжува по свое или како ке му наредат за да не им падне рејтингот.Тие живеат само за рејтинг,како да го излажат обичниот граганин кој не си разбира од обична математика а не пак економија.Тие работат како некој обичен граганин кој има тековна сметка со дозволен мину�� кој го нарекуват имаш и кога немаш.Ама кога еднаш ке се влезе во минус никогаш немоше да се излезе.Дали оваможе да се нарече способност и стручност.
Македонец, 05.04.2012 11:21:42
Прочитај вечер ќе видиш пулени од црвените како фалат се... прочитај утрински ќе погледнеш како сините си ги фалат своите... добро бе коментатори вие имате малце самостојност или сте толку заслепени дека и едните идругите се тапа невидена... да вредеа нешто во овие 20 години ќе бевме барем како хрватска, или словачка во економијата... а не да бидеме како балканска Белорусија
Никола, 05.04.2012 11:39:14
Јовановски цело време им укажува за лошо направените проекции, константно им дава конструктивни и реално остварливи предлози за подобрување на економијата од кои сите ќе имаме корист (и населението и компаниите), ама...никој не го слуша! Не знам зошто Владата не го викне Јовановски за да им ги образложи предложените мерки. Па нели работат 24/7?!? Зарем во тие 24/7 немаат ни 1 саат време да го сослушаат? Не сфаќам?!?!?
Ako koza laze, rog ne laze, 05.04.2012 13:40:02
Poglednete go ministerot vo facata, i ke go vidite negoviot izras na cinizam, ovoj covek misli deka finasiite i politikata od nego pocnale i so nego ke zavrsat.
Трајче, 05.04.2012 20:31:21
Со години тврдам дека овој Министер еден ден ке дезертира од Македонија.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 18°C

Претежно облачно

Недела
Обилни врнежи
Макс: 17°C, Мин: 1°C

Понеделник
Мешавина од дожд и снег
Макс: 11°C, Мин: 2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спор�� |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |