Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Саботен магазин
Коментари
06.04.2012, 17:03

Полемика

Ако се измешаме со трици....

Ерол Ризаов

Кој е тој силен доказ што го потресе светот што ти го откопа со политичкиот булдужер кој ја побива досегашната историска вистина или ја исправа повеќевековната заблуда

Господине Паско Кузман, ако се измешаме со трици, ќе не' јадат свињите. Дај да се задржиме на предметот на нашата полемика: политичката стимулација и интервенција во потрага по пославно минато, епидемијата со антикоманија, идентитетскиот земјотрес и маргинализација на словенството кои според мое, и не само мое, мислење се случуваат во Македонија со драматична брзина и опсег во што, за жал, имаш и ти своја голема улога. Јас мислам и така пишувам дека таа еуфорија и тој вештачки стимулиран вознес нанесува огромна штета на државата и не само на нејзиниот углед во светот, туку и на нејзината иднина, а ти и твоите истомисленици мислите, пишувате и проповедате дека тоа се големи успеси на власта и на науката. Грандиозните достигнувања на Владата, кои ти ги проповедаш како наше културно наследство, ги гледаме на сите страни. А, твоите научни достигнувања во врска со овие прашања не ги гледам нигде. Паско, ај те молам кажи кој е тој силен доказ што го потресе светот што го откопа со политичкиот булдожер кој ја побива досегашната историската вистина, или ја исправа повеќевековната заблуда како што милуваш да кажеш.

Нашиот обид за полемика би добил некаква смисла и поширока општествено корисна димензија ако дадат свој придонес компетентни луѓе зад кои стојат дела и меѓународно признати вредности. Македонија има одлични познавачи на историјата на стариот век, а во светот постојат грандиозни дела од големи и признати авторитети во науката. Истото се однесува и за средниот век и за историјата на Византија и на Словените, но и за идентитетските прашања кои ги засегаат и многу поголемите народи, не само балканците. Ако некои од нашите научници, историчари и академици се произнесат јавно по овие прашања, се разбира, со сите ризици што можат да произ��езат од една новинска полемика, најмалку со тоа да зафаќаат некаква страна , или да се додворуваат на поширокта јавност, или недај боже на политиката, тогаш, сето ова што го правиме јас и ти би имало некаква смисла и оправданост. Потребни се како леб научни авторитети пред пошироката јавност непристрасно да разјаснат некои злоупотреби на политиката, некогаш и се разбира сега, за посеаните заблуди и идеологоизации кои оставаат со децении пустош во свеста на лугето. Во вакви ситуации на опасни делби за идентитетски прашања, за потеклото и јазикот во светот се огласуваат најголемите научни имиња и интелектуалните елити. Тоа го прават и во весниците и во ТВ дебати. Тие тоа го сметаат за своја должност. Кај нас тоа го нема. Тие што знаат најмногу молчат. Стар пријателе, стравувам дека амбиентот кој е создаден во Македонија, е сличен на оној за кој пишува Иво Андриќ за време на Отоманската империја: доаѓаат така времиња, кога мудрите замолкнуваат, будалите зборуваат, а фукарите се богатат. Некако ми се чини дека тој страв завладува со Македонија. Се разбира, има исклучоци и се' уште храбри научници.

Паско, пишуваш дека една од најнедоволно светлите теми во архелошката наука е словенската материјална култура во македонските простори. Авторитетно констатираш дека речиси ја нема. И додаваш дека е тоа исклучително темна тема за потоа широкоградо да констатираш дека ти и твоите не го запоставувате словенскиот елемент во македонската идентитетска маса. И потоа го цитираш Стојан Христов во врска со културното наследство за што веќе два пати ти кажав дека тропаш на отворена врата. Аман бе Паско ти кажав дека културното наследство припаѓа на народите кои денес живеат на територијата на некогашните цивилизации и империи. И пирамидите ги наследија Арапите, и Троја и Кападокија ги наследија Турците, и Грците и Македонците..... сите народи ги наследуваат артефактите и она што ќе се открие како културно и историско наследство на секоја педа земја. Тука рековме нема ништо спорно и не требало да се мачиш да ми докажуваш со цитати . Што правиме сега со твојата темна тема за словенската материјална култура за која велиш дека нема речиси ништо останато. Еве во тоа ја гледам Паско маргинализацијата на словенството за што се обидуваме да полемизираме. Како бе човече ништо нема. А, овој јазик што го зборуваме, ова писмо на кое пишуваме, овие цркви и оваа вера чии живи споменици се тие во генот на лугето. Има ли посилен идентитетски доказ од јазикот, писмото и верата. Јазикот и христијанството и црквите нели се фундаментот на кој израсна современата македонска нација. Паско, ова се докажани и потврдени научни вистини за кои е глупаво воопшто да се разговара. За да ги прогласиш за заблуди и измислици не е доволен само „научен романтизам“ и шарлатанство кое секогаш преаснува во национализам и шовинизам повеќе со крвави последици, отколку со научни стимулации како што ти се обидуваш да прикажеш. Ако мислиш на материјални пагански остатоци. Е, тоа веројатно речиси нема. Тукашните Словени многу рано го примија христијанството и како што знаеш со тоа речиси завршува паганштината. Или пак и ти како некои инфицирани од антикоманија, повеќе им веруваш на некои институти од Швјцарија кои им делат за 100 долари сертификати на нашите пациенти колку според нивната ДНК во плуканката имаат античка крв. Чиста генетика. Боже, боже. Јас веќе одамна плукнав на тоа. А, ти. Тоа ли е научниот доказ. Или доказот со кој демек ме навлекуваш е дека македонскиот јазик е татко на сите јазици, па според тоа и на словенските јазици затоа што некој идентификувал 83 збора во Илијадата на македонско-старословенски јазик. Зошто, само 83 збора, па сите се наши, древно македонски, кои ни ги украла целата индоевропска група на јазици, а заедно со нив и словенските варвари ни го присвоија древниот македонски јазик и затоа сега зборуваат со јазик сличен на нашиот. Аман, аман, веруваш ли во вакви будалштини. Дај наведи барем пет – древно македонски збора од тие 83 да се посмееме малку, бидејќи јас некаде веќе видов еден таков толковник и се умрев од смеење.

Шегата на страна. Паско, те разбирам што си лут и бесен на себе, па ми префрлаш мене во врска со Киро Глигоров и Љупчо Георгиевски. И добро е што им се извини на некој начин и им искажа јавно почит. Ти ги нападна и навреди не јас. Ти ме праша дали не ги сметам за научници некои поети политичари и првиот преседател на Република Македонија оти тој со својот авторитет изјавил и ставил „научен капак“ на конечната вистина „ дека ние сме Словени“. А и Георгиевски по твој вкус нели премногу врти на кај словенството. А сега викаш дека всушност си ги пофалил политичарите поети и политичарите претседатели за нивната силна „словенска антитеза.“ Какво салто мортале. Браво бе Паско. Така се полемизира. Тоа што вчера го кажа не важи денес. Само не чини што почна да подлажуваш. Велиш дека јавно сум му се заканувал со „тупаничење“ на Љупчо Георгиевски. Дај ти се молам биди сериозен. Па добро ме познаваш. Никогаш немало таква закана или било каков муабет од тој тип. Напротив, нашите јавни несогласувања се едно, а личните односи се крајно коректни и џентлменски при сите средби и полемични настапи и дебати. Тоа барем можеш да го провериш лично. Но она што е подло, не те знам како таков, е што манипулираш со како го нарекуваш моето „исламско родољубие“ и моето бедно „христијанско мракобесие“. Затоа што ја спомнав твојата улога во уривањето на остатоците од „Султан Мехмед“ џамијата изградена на Имарет во Охрид пред пет века. Велиш сум му се обратил на мртвиот Димче Коцо за тоа. Да, Паско му испратив јавно затворено писмо на мојот ценет професор и голем македонски историчар на уметноста Димче Коцо со мото „кога живите молчат покојните се погласни“ . А, еве и зошто неговиот труд „Раскопката на Имарет и Св Пантелејмон“ беше злупотребен како божем пред два дена да сте откриле дека во темелите на џамијата имало црква што ја изградил Св.Климент кога тоа беше историска вистина која одамна ја открил Коцо. Затоа ли требаше да се минираат остатоците на царската џамија. Паско, кога царевите, диктаторите и политичарите наредуваат уривање на историски споменици тоа е за секаква осуда, но кога тие што претендираат да бидат научници дигаат во воздух објекти под заштита на државата тоа се безмалку Талибанци. Така ли се стасува до директор на Управата за заштита на културното богатство. Со уривање ли на тоа наследство се стасува до таму. Ете, тоа е човечко мракобесие. Паско, ако наш Охрид е духовен центар на Македонија, град на Унеско, и ако е славен по пресекот на сите култури нели ќе беше поубаво да се возобноват и св. Пателејмон и џамијата на „Султан Мехмед“ каде што со векови се делела милостина и храна на секој без оглед на неговата вера. Паско на Им��рет, или на Плаошник сеедно ти направи злосторство кое не смее ни на сон да го помисли еден археолог.








Статијата е прочитана 2599 пати.

Испрати коментар



Писма - Кој ни го нарушува граѓанскиот идентитет
Пиони или кралеви на реформи
Џунгла во земјата на коментарите
Обединување за победа
„Бруки“ крај шините



Tones vo ziva pesok, 07.04.2012 00:23:45
Pasko podobro e za tebe ovaj polemicki megdan da go prekines , oti kolku povece pisuvas tolku povece tones i se zakopuvas kako vo ziva pesok. Zamolci si podobro i ne tresi nebulozi , narodot da ti se smee. Minale mnogu vreminja pa ce minat i ovie, pa posle ce treba da se sramis od ova sto si go napisal. Poseben biser ti e onaj so 83 zborovi vo Homerovata Ilijada, koi eve tvrdis deka bile nasi makedonski?! E do tolku da si se sasardisal ne veruvav?!
македонец, 07.04.2012 00:24:40
Г. Ерол, не знма зошто толку кукате по нешто што е политички и идеолошки конструирано?!?!??! Историјата во СФРЈ беше пишувана да биде во склад со идеологијата на братството и единството, а тоа за жал значеше да се интервенира, односно да се преќути некој податок кој би бил спротивен на таа идеја. така што форсирањето на пансловенството на овие простори е идентично небулозно и вон историската наука како и форсирањето само на антиката... и ви се молам друг пат политичари, новинари ( и тие што завршиле во историја м.з.) и други кои мислат дека си ја знаат историјата наизуст да се воздржат од коментари, зошто знаат многу малку....
Itar Pejo, 07.04.2012 00:31:50
Pasko ako rusi djamii zatoa sto pred toa imalo crkva pa zida nova uste poubava, zosto ne napravi nova (rimska li e, grcka lie) bazilika na Plaosnik? Spored temelite se gleda deka treba da bide pogolema od crkvata.
граѓанин, 07.04.2012 00:35:01
Одлични поенти, секоја чест! Едно појаснување: швајцарскиот институт иГенеа во кој се крстат антикоманите, НЕ е НАУЧЕН институт, туку обична КОМЕРЦИЈАЛНА лабораторија како и секоја друга.
hari, 07.04.2012 01:13:43
Pasko posle ovaa gore napisano,a go procitav i ona sto ti go imase napisano prvoto i vtoroto.....te molam sokrij se vo tvrdinite na Aceta, pobaraj gi tamu bogovite na Ace i prasaj sto sega ponatamu ...jas ja utnav rabotava so antikava i polemikava.MISLAM DEKA NORMALEN ARHEOLOG NEMA POVEKE DA E ZANIMAVA SO ARHEOLOGIJA...POSLE OVAA
EU, 07.04.2012 01:45:50
Gospodine Rizaov, idejata za polemika vi e blagorodna, no za zal neproduktivna. Ednostavno nema polemika so nacionalisti, a uste pomalku so politicki poltroni, oti tie po definicija se ignoranti.
jas, 07.04.2012 06:36:32
Vo sekoe kralstvo kralot e vladatel a vo nekoi e tiranin i obavezno vo sekoe kralstvo ima dvorska budala.
Slave, 07.04.2012 07:09:45
Erol TRTLJASH , sustinata e deka i hristijanskoto nasletstvo i jazikot si se drevno makedonskonasletstvo, nema Vizantija ( nikoj ne krsti imperija po selo) nema sloveni ( toponim po karakter slavni,pismeni uceni ) ima ime po sustina Za Tebe i za Site : - MAKEDONIJA znaci zemja na MAGOVI zemja vo koj ziveat Tie koi znaat da ja PREOBRAZUVAAT energijata magijata zemja vo koja se naoga LABARATORIJATA NA POSTANOKOT MAG e DONIJA NE mausdonija ,uspat re ova e i za Paskota mal pas po vistinska istorija ! P.S pustigo Kiro vo mir da brka samovili i bugarinot Ljupco so bugarinot Zernovski da krou novi koalicii tie se Briselsko-Washingtonski SKLAVINI ( robovi)
pameten, 07.04.2012 07:09:47
Јазикот и христијанството и црквите нели се фундаментот... Tie isto evuluirat! Vo pochetokot na Sredniot vek nashite go podeluvale svetot na Sloveni - tie koi shto mozhat da zboruvat i Nemci, koi shto spored niv ne mozhele. Potoa Slovenskiot jazik evuluiral vo posebni jazici, a nashiot (zaednichki so ovoj vo Bugarija) evoluiral najmnogu, izgubil padezhite i t.n.Vo 19 nashite (zaedno so Bugarite) se izborile za svojot jazik vo crkvite i uchilishtata, no po 1913 vo Makedonija (so iskluchok na Pirinska) nashite crkvi i uchilishta bile zatvoreni. Po 1944 moralo da se pochne od a,b...so promeneta azbuka i afirmacija na nov jazik i t.n. Nedaj Bog vo 21 vek da mora ovo da go pravime ushte eden pat...
Ристо, 07.04.2012 07:50:30
Премногу пажња му обраќаш на еден пион на власта од типот на Паско Кузман(че). Не замарај више со него,оти НЕМА ДА ТЕ ЧИТАМ !
Rezzilov, 07.04.2012 08:44:24
Последниот пасус говори/потврдува каде била болката на авторот.Затоа и толкава жолчност.Врз чии темели бил изграден објектот кој “талибански“ бил урнат?
пријател, 07.04.2012 08:55:51
Во оваа полемика архелологот,наместо со материјални докази,се обидува со разни литературни стилски фигури научно да ги поткрепи своите ставови.Немајќи никакви аргументи,Паско се обидува преку игра на зборови да се провлече во една конкретна научна полемика.За Паско Кузман е многу подобро да ќути.Вака неговото незнаење и некомпетентност не можат да се сокријат.Неговото влегување во полемика со Ризаов само покажува дека не ја заслужува функцијата што ја извршува како директор на Управата за заштита на културното богатство.За него важи:„Седи ди си јер ни за ди си ниси“!
zik, 07.04.2012 09:06:34
ako si megu devet glupaci dzabe ti e.ti si glupaviot.toa e makedonija so pasko.
Stipjanec, 07.04.2012 09:15:20
Ovie polemiki Erol-Pasko se potpolno nepotrebni! Edniot saka da dokaze deka sme Sloveni a pak drugiot Anticki Makedonci. I obajcata si go arcat vremeto bez vrska. Jas, mojata drebnost, dojdov do edna NAUCNA VISTINA, sto za zal nema da mu se dopadne na Erol! Vsusnost OTKRIV deka Kemal Ataturk ne bil Turcin, tuku bil Makedonec. Za vreme na 500 godisnoto tursko ropsstvo, turcite zemale od makedonskite domovi devojki za haremite ama i momcinja za Janicari. Edno takvo makedonce, koe uspeale da go prevospitaat i poturcat bil i Kemal Ataturk. Ke se prasate kako znam! Pa takvi Reformi sto gi napravil Kemal, vo nikoj slucaj ne moze da bidat na Turcin tuku samo na Makedonec! Mnogu jasno i logicno. Treba li uste dokazi? A onie makedonski zborovi koi isto taka ni se ukradeni od turcite-masala, aferim, javas i mnogu drugi. Za originalnoto ime na Kemal,koe jas ne go znam, ama veruvam deka vo najbrzo vreme ke bide identifikuvano od filizifot-naucnik Markus.
Todor, 07.04.2012 09:18:11
Pocituvan Erol Rizaov, ti cestitam za hrabrosta, energijata i znaenjeto sto gi vlozuvas vo rascistuvanjeto na ovie temni i groznicavi magli sto polegnale po nasata ni kutra Makedonija. Nekoj toa mora da go pravi, a ti si redok izbranik kako profesionalec par ekselans. Bravo.
Hrabri, 07.04.2012 09:21:08
Г-дин Ризаов, добро го правите Паско и антиквизација на актуелната власт за смеа и држите на словенството, но како велите А кажете и Б (целата вистина за да ме правите сега некој нов словенски идентитет). За какви словени се дефинираат луѓето од Македонија пред 100 години? Пишува го во сите историски документи и во турските архиви. За Руси, Срби, Хрвати, Чеси, Полјаци ...? или за Бугари? Вие го кажете тоа!
toni, 07.04.2012 09:36:14
batalete go pasko toj za grujo i partija ke ja digne cela drzava vo vazduh ako treba,samo se blizi sudniot den koga site ke odgovarat za toa sto go storile!
mme, 07.04.2012 09:58:04
Aman prekinete ja polemikava! Najdete se vo kafeana i slovenizirajte se, antikvizrajte se (ima ubava rakija Antika), ama prestante veke so vasite berberski argumenti: strizena - bricena. Vo sekoja naredna polemika se preraskazuvate eden so drug , pa se samocitirate..., pa im zdodeavte i na Slovenite i na Anticite, a nisto novo ne kazavte!
milan, 07.04.2012 10:25:25
G-dine Erol dobro znaete deka za polemika se potrebni znalci za problemot za koj se polemizira. Jas sum amater za arheoloskite i istoriskite problemi ama Pasko e polos so toa znanje i od mene,pa neznam zosto voopsto raspravate so toj politicki poltron.Od druga strana cudno mi e zosto pravite poznavaci na temata molcat.Podobro im e izgleda na poznavacite da si zemat sitna platicka odosto da se zamerat na vozdot nas. Mene sevo ova mi lici na zabosotena rabota od strana na vlasta.ZATOA PUSTI GO EROL NEKA SE BAVI SO PASKO,ODOSTO DA PISUVA I RASPRAVA ZA PROBLEMITE KOJ VISTINSKI JA TRESAT OVAA ZEMJA.
Одлепени Антици, 07.04.2012 12:19:38
Не е толкав проблем Паско , кој доаѓа право од палеолитот , туку полуписмените одлепени Антици , како Штипјанец , Резилов и шампионот Славе МАГОТ , кој ни сто психијатри не можат да го излечат!
паско кузмановски, 07.04.2012 14:47:17
доколку сака Илирот Паско да се информира за словенската материјална култура, нека ја набави книгата „Лексиката на материјалната култура во македонските црковнословенски т��кстови“ од проф. др. Лилјана Макаријоска, издадена од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ 2003 г.
Vace, 07.04.2012 15:07:55
Aktuelnava politika sto se vodi pa i vo arheologijata i istorijata e stravot od bugarizacija na naseto minato koe mu odi voprilog na nasiot istocen sosed.Na site ni e jasno kako bilo pred vtora svetsla vojna , da ne bese vtora svetska vojna ke bevme sega srbija, da ne bese bugarija na stranata na germanija sega ke bevme bugari .Zatoa e celava rabota da se preskoknat 2000 godini istorija i da se dokaze nevozmoznoto pa akotreba i so komercijalna genetska analiza, i seto toa za dnevnopoliticki poeni.
Mark, 07.04.2012 15:11:43
SLAVE, TE OBOZAVAM HI HI HI! Vakva elaboracija ko tvojava vednas da se objavi na Prinston, Harvard, Smitsonian more!! Pa ocite ni gi otvori Slave more na nas kutrite Sklavini, robje na dunjava! Doduse imeto tvoe slovensko malku ne buni - ama koj gleda sitnici?? Ako Pasko ne te zeme za cirak jazk da mu e, taka da znae :-)))!!!
Stamen do Hrabri, 07.04.2012 16:04:38
Abe Hrabri, kako ocekuvas Erol da kaze B. Neli takonarecenite makedonski intelektualci, ke go udavat vo fontanot na plostadot Makedonija, ke go obesat na portata. Pa bare 90% od niv se kako Pasko. Nivniot stav e deka onie revolucionerite od pred 100 godini, koi se narekuvale bugari go prevele toa neznaejki za svojot makedonski identitet. Zarem ne si go gledal dokumentarecot po makedonskata televizija, kade sto tvrdat deka i Vanco Mihajlov bil makedonec i baraal od bugarskata vlada vo Pirinskiot del da se uci makedonski. Osvesti se covece, vo koja zemja zivees?
Veselin, 07.04.2012 21:12:45
Graganin-Lazes za Igenea.Igenea e so najmnogu sobran star genetski materijal od Evropa pogotovo.Jas gi citav originalnite izvestai i na spanskiot genetski institut i na Igenea.I tie zestoko se sprotistavuvaa na grckiot terminSlavomakedonci.Po tvoe,demek sme gi kupile za 100 evra.Ako se kupuvaa taka,Grcija ke gi platese mnogu mnogu poveke.Igenea e strogo naucna institucija.Citav od vtora raka i za slicni amerikanski genetski naodi.No licno ne sum gi cital.A drug.Erol neka ti kaze dali vo komunizmot bese dozvoleno izucuvanje na anticka Makedonija i baranje na vrskite so nejze.A i neka ti najde original dokument za narod Sloveni ili Slavjani pred sv.Kiril i Metodij.
Ајван Доктор®, 07.04.2012 23:16:54
Теоријата за Словените како (Сло)Венети започнува во ’80-тите години и нејзини заговорници се Владимир Павшич (алијас Матеј Бор),словенечкиот поет и писател,И.Томажич,словенечки римокатолички свештеник и од Јошко Шавли,економист,сите—псеудоисторичари од типот Бошевски,Тентов,Иљов & Со.Нивната теорија е оспорена од историската наука,веднаш!Всушност се работи за теорија која тврди дека Словен(ц)ите се Венети,а потоа таа теорија е проширена на Српскословенското потекло кое ги наведува како протословени (поточно Срби) неолитските племиња Пелазгите,Етрурците,Илирите,Тракијците,Венетите и др.Можна,но недокажана,идејата за генезата веднаш се преиначи во Му-Ма(к) амеба!Проблемот на „Генеа“ анализата е немањето примерок од античките Македонци,односно,со сигурност да се потврди истоветноста на ДНК-та,потребен е примерок од А.Македонски,или Филип,за да се потврди сродството со нив!Досега таков примерок не е обезбеден,па затоа ДНК-теоријата за Ацевите дијадоси паѓа во вода!
Makedonska humoreska..., 08.04.2012 08:30:05
to be continue...

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

 


Site Meter


Време
Скопје, 18°C

Претежно облачно

Недела
Обилни врнежи
Макс: 17°C, Мин: 1°C

Понеделник
Мешавина од дожд и снег
Макс: 11°C, Мин: 2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |