06.04.2012, 13:12 „Киднапиран“ авион на „Александар Велики“
Полициска вежба утрово го дигна на нозе скопскиот аеродром „Александар Македонски“. Симулација на авион грабнат од тројца терористи предизвика паника меѓу вработените, кои не беа информирани за вежбата. Се алармираше јавноста, почнаа да се шири страв и да кружат гласишта кој и зошто го грабнал „лирџетот“.
Набргу беше потврдено дека станува збор за редовна активност на Антитерористичката единица на МВР, екипи на Брза помош и Противпожарната единица, кои со ненајавени упади сакаат да проверат колку се подготвени за интервенција спасувачките екипи доколку навистина дојде до заложничка драма. (Г.А.)
|