Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
04.04.2012, 13:40
Владата најави ребаланс на Буџетот



Министер за финансии Зоран Ставрески најави дека ќе се кратат расходите, а нема да се зголемуваат даноците

Владата во наредните 10 дена ќе направи ребаланс на Буџетот со кој ќе има намалување за пет отсто. Причина е продлабочувањето на европската криза на крајот на 2011 и почетокот на 2012 година и временските услови во првите два месеца кои влијаеа на намалување на економската активност на претпријатијата и потрошувачката на граѓаните.

Ова го соопшти денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески кој посочи дека целта на ребалансот е да се подобри ликводноста на Буџетот и да се задржат ниските даноци.

- Со ребалансот ќе се подобри ликвидноста на Буџетот. Со него ќе се сообрази она што е реализација во првите три месеци со очекувања дека до крајот на годината ќе има стабилизирање на економската активност и буџетските приходи соодветно, но она што се случуваше во првите месеци од годината под влијание на европката економска криза ќе остави одраз врз вкупните буџетски приходи за целата година, изјави Ставреск��. Тој додаде дека се очекува индустријата, градежништвото, земјоделството, сообраќајот, хотелиерството и туризмот да придонесат за постабилно одвивање на економската активност, а со тоа и реализација на планираните приходи.

Потенцира дека зголемувањето на даноците, што ја применија повеќето европски земји наместо да ги намалат буџетските дефицити, не е добра мерка и оти таа ќе придонесе кон зголемување на трошоците за стопанството и ќе биде директен удар врз граѓаните.
- Зголемување на даноците е мерка што ја применија 25 од 27 држави во ЕУ. Наместо да кратат на расходната страна се одлучија да зголемуваат даноци за да ги намалат буџетските дефицити. Ставот на Владата е дека зголемувањето на даноците не е добра мерка ниту во добри економски времиња, а камоли во вакви времиња кога се уште европската криза не е завршена. Тоа би значело зголемување на трошоците за стопанството и директен удар врз граѓаните што дополнително би ја намалило економската активност така што и по таа основа не би имале дополнителни приходи во Буџетот, истакна Ставрески.

Тој посочи дека буџетскиот дефицит ќе остане на исто ниво, односно како што е проектиран на 2,5 проценти. Токму тоа, рече Ставрески, е една од клучните придобивки на фискалната политика во изминатиот период, а тоа е ниското ниво на буџетски дефицит и тоа е значаен индикатор за домашните и странски инвеститори.

Соодветно на корекција на Буџетот ќе има промена и на проекциите за економската активност на државата, односно на растот на БДП. Во моментот се прави анализа и се очекува до крајот на следната недела да биде завршена.

Со ребалансот ќе бидат опфатени сите сегменти, освен пензиите, платите, социјалните надомести и субвенциите за земјоделството. За капиталните проекти, рече дека ќе се внимава на динамиката на реализацијата и ќе има намалување кај оние кои доцнат.

- Ќе настојуваме што помалку да се наруши динамиката на реализацијата на капиталните проекти, изави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Со ребаланост не е предвидено намалување на бројот на вработените во администрацијата. Средствата од дивидендата од Телекомот се планирани и ќе се користат за сите буџетски потреби.

Во првите три месесеци, како што истакна Ставрески, вкупните буџетски приходи се повисоки за 1,2 проценти во однос на лани, но се за 9 проценти пониски од планираните. Намалувањето на Буџетот со ребалансот ќе изнесува од 7 до 7,5 милијарди денари.









Статијата е прочитана 930 пати.

Испрати коментар



Разрешени 13 полициски командири во источна Македонија
Бериша се надева на решение за Македонија во Чикаго
Американски борбен авион падна врз станбен комплекс
Русија разместува ракети кај Калининград
За лозарите и овоштарите над 4,1 милиони евра субвенции
Коњановски - Винариите да ги исплатат лозарите
Папандреу имаше повеќе средби со Груевски отколку со Меркел и Саркози
„Детонатор“ ja тресе штипската полиција – Каширски заминува
Кралев
За исклучено парно можеби ќе се плаќа 50 отсто
Зоран Трајчевски на кормилото на СРД?
Ахмети и Орав со решение за влез на Македонија во ЕУ и во НАТО
Во Албанија само со лична карта
Тачи не се сретна со Обама
Сериски убиец сее страв во парискиот регион
Загина градежен работник во населба Аеродром
„Киднапиран“ авион на „Александар Велики“
Сарачини не очекува проблеми во снабдувањето со нафта
Сараево одбележува 20 години од почеток на опсадата
Пожар на Клиниката за онкологија, нема повредени
Шест нови предлози за членови на МАНУ
Панде Лазаров осуден на пет години затвор
Живееме четири години пократко од Европејците
Опозицискиот фронт ќе покаже заби по Чикаго
Пораки од Капитол хил
Дал 1.000 долари, бара половина од „Фејсбук“
Терористи на суд за нападот на кулите близначки
Гнев во Грција по самоубиството на пензионерот
Австрија и Словенија се скараа за колбаси
Конектикат ја укинува смртната казна
Најмалку седум лица се убиени во судирите во Сирија
САД - Еврозоната има средства да се избори со кризата
Најсреќна земја во светот е Данска
Клинтон ги охрабри напорите на Косово за членство во ЕУ
Путин - Функционерите ќе возат руски коли
НАТО да не дозволи Македонија да биде заборавена во Чикаго
Претседателот Иванов ќе се сретне со американски конгресмени
Чистка на луѓето блиски до градоначалникот на Битола
Георгиевски си ја зголемува преговарачката цена
„Телеком“ го почести буџетот со 38 милиони евра од дивидендата
Таксистите ја блокираа „Илинденска“
Француски акедемик пронајден мртов во хотел во Њујорк
До крајот на годинава ќе се знае кои генерали ќе заминат во пензија
Словачка има нова влада
Нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Продолжува „Детонатор“, запленети 200 апарати за игри на среќа
Шурман - Македонија во НАТО веднаш штом се реши името
Обвинение против директорот на „Нова ТВ“
Сарачини - Регионот е значаен трговски партнер на Македонија
Иднината на Македонија и Албанија е во европското семејство
Мит Ромни победи во три сојузни држави во САД
Борис Тадиќ поднесе оставка
Бугарската мафија најмногу заработува од проституција
Италијански бизнисмен и' остави на црква 1,7 милијарди евра
Кафуле во дворот на гимназијата „Јосип Броз Тито“
Нов Светски трговски центар никна над Менхетен
Два нови случаја на педофилија
Магични печурки на македонско мени
„Топлификација“ нема да дели дивиденда
Иванов се сретна со шефот на унгарската дипломатија Мартоњи
Почина најстарата потомка на отоманската династија
Фатален пожар на московски пазар
Најмалку седум жртви на пукање во американски колеџ
Унгарскиот парламент ја прифати оставката на претседателот Пал Шмит
Како експлодираше „Детонаторот“ во Кочани
Полицијата ги фати малолетниците обвинети за инцидентите во Тетово
Руралните средини ќе добијат 680 интернет киосци
Пронајден учесникот во фаталната сообраќајка кај Липково
Авион падна во Сибир - 12 преживеани
Србија во шок по трагедијата во дискотека во Нови Сад
МВР пресече меѓународен канал на трговија со хероин
Приведени 23 лица осомничени за насилство
Заврши процесот на денационализација
Меркел - Иднината на ЕУ е политичка унија
Почина архитектот Борис Чипан
Нимиц - Можно е решение за името, кое ќе им одговара и на двете страни
Прекршочни пријави за професорите од Хемиското училиште
Кој плаќа 7.000 евра годишно за одржување кола?
Во Италија уапсени 58 членови на мафијата Ндрангета
За спас на еврозоната договорени 800 милијарди евра
Професори тепале ученици во Хемиското училиште
Запленето големо количество брендирани парфеми, часовници и метални палки
Северна Кореја почна со полнење на ракетата
Иванов - Во Чикаго да се преиспита заклучокот од Букурешт за Македонија
Драчевец пукал кон деца, нема повредени



Трпе, 04.04.2012 15:20:10
Нормално дека во РМ нема потреба за зголемување на даноците.Власта директно од фирмите ги собира преку реќет.за џабе голем број на бизнисмени не премина во редовите на актуелната власт.Тие сега само ке ја спонзорират партијата.А за инвестици нормално не остануват пари.И овие кои сакат чесно да работат неможат глава да кренат од актуелната власт ако не сакат пред претпријатието да им се истоварат полн автобус на инспектори.Зошто и кога го затворија Рамковски.Или порано бил чесен.
зачуден, 04.04.2012 15:26:47
почнааааа, оде воз у кукуруз
jimmy1, 04.04.2012 18:34:26
Nie i onaka plakame najgolem danok pa se pofali ministercevo deka nema da se zgolemat danocite. Uste ostana kozata da im e oderete, drugo nisto neostana, plakame za se i sesto. Mislam ova ke bide za nekoja nedela a posle toa oooop danokot gore. Ke stedele ovie bargi. Dali znaat da stedat. Duri se ovie duduci na vlast tesko si na nas. Aramiska banda, a Kuzmanovska im e na celo, soucesnik prva klasa.
seirdzija, 04.04.2012 18:57:58
Se soglasuvam so Trpe,a sega i e pojasno zasto bea pak potrebni policiski spektakli.Vece stanuva nemerlivo za kakvi idioti ne zamisluva vlasta so svoite propagandi.Nema da ima pokacuvanje na danoci,a i zosto koga reketot dobro funkcionira i nema da bidam iznenaden ako DPMNE vece Ja zatvorile finansiskata dupka od 3mil evrici od poslednite izbori,a vo medjuvreme osven neistomislenicite,opoziciskite gradovi se sardisani od reketeri ...ups...drzavni inspektori...
Avstriec, 04.04.2012 20:07:30
Stavre verojatno kje mora da si ja izmeri dioptrijata bidejki ne gi procital tocno izvestaite na Evropskata Centralna banka...Drugo sto bi mu preporacal da vidi e koi danoci se pokaceni, dodadeni... odzemeni itn, i kolku kje im bide dobivkata od seto toa na gore navedenite 25 od 27 drzavi. Konkretno Avstrija ima paket na merki koj treba da zastedi 25 mlrd. € za navrednite 5 godini a sepak nema zgolemeni danoci koi sto bi opteretile gragjanite,naprotiv, se hranime, oblekuvame i ziveeme za barem 30% poeftino od gragjanite na RM. Ako mu treba sovet kako da gi menadzira parite na narodot neka se javi vo redakcijata i neka pobara moj email, rado bi mu pomognal...
cole, 04.04.2012 22:43:10
Stavreski i grueski znaeja kolku se bide proizvodstvoto no zarati nadujuvane na bugetot se3 izleze so proekcija 4,4 % past. iako od guvernerot sramno prvo se izlese so 2,3 % pa pomalce. namalenie za 5% ili 120 milj. evra, e minorno. odma treba da se pravi po ovoj na drug rebajans. no toa se pravi svesno da pomini godinata. se sto im ukazuva i predlaga opozicijata po 3 4 meseci go prifacaat.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 13°C

Делумно облачно

Недела
Обилни врнежи
Макс: 18°C, Мин: 1°C

Понеделник
Мешавина од дожд и снег
Макс: 11°C, Мин: 2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |