03.04.2012, 18:10 Кафуле во дворот на гимназијата „Јосип Броз Тито“
Градот дал дозвола за работа, станувало збор за бифе. Ова не е прв случај, така со години функционира кафеаната во „Георги Димитров“
Деспина Трајковска
Дека моралот и етиката во образовниот систем ги загубија границите докажува кафулето отворено во дворот на една од најпрестижните скопски гимназии. Веќе трета недела во рамки на „Јосип Броз-Тито“ функционира објект како дел од спортската сала, во кој се служи секаков вид пијалак, дури и алкохолен, но и храна.
Вчера претпладне летната тераса на кафулето беше преполна со ученици. Најголемиот дел од нив пиеја кафе, ретко кој јадеше.
Станарите од околните згради, но и некои од родителите на учениците во гимназијата се прашуваат како е дозволено во рамки на образовна институција да работи кафуле. Според нив, станува збор за две неспоиви намени. Сметаат дека тоа ќе биде катче создадено за собиралиште кога учениците бегаат од часови. Згора на се', стравуваат дека во кафулето децата ќе можат без никаков проблем да пијат алкохол, оти тој е на листата на пијалаци во објектот кој е со работно време, вообичаено за „обичните“ кафулиња.
„Нема ништо невообичаено. Станува збор за бифе кое закупецот го доби по регуларна постапка. Не е точно дека се точи алкохол, ниту, пак, дека тоа ќе биде дозволено за време на часовите, односно до 19,30 часот до кога има настава. Што ќе се случува потоа е одлука на сопственикот“, тврди Соња Мироноска, директорка на „Јосип Броз-Тито“.
Според неа, првенствено станува збор за училишно бифе во кое дури и професорите пијат кафе и јадат. Гимназијата, како и повеќето во градов, го издала просторот на користење на заинтересиран закупец кој за возврат, освен што плаќа кирија за просторот, реновирал голем дел од училишните објекти. Речиси целосно ја реновирал салата, тоалетите, соблекувалните, некои помошни простории, па дури ќе изградел и нови три игралишта на местото на дотраеното, кое учениците го користеле на часовите за физичко образование.
„Сами во ниту еден случај немаше да можеме да ги обновиме потребните простории, салата, тоалетите и слично. За жал, со финансиите едвај излегуваме на крај, па затоа се одлучивме на издавање на просторот, што е случај со голем број училишта во државава“, дополнува Мироноска и објаснува дека целата постапка ја спровела со дозвола на Град Скопје, кој е основач на училиштето.
И од Градот потврдуваат дека станува збор за легална и вообичаена постапка практикувана веќе неколку години. „Во случајов нема ништо спорно, ниту, пак е некоја новина за училиштата. Гимназијата има добиено одобрение од Градот за издавање на просторот. Всушност, ова не е прв ваков случај. Веќе неколку години слично функционира и гимназијата ’Георги Димитров‘ “, велат градските власти, според кои ова е пример за добро менаџирање на училиштето, имајќи предвид дека самостојно успеало да ги подобри условите за работа.
Закупецот на кафулето, кое, всушност, е реновиран дел од спортската сала, не гледа драма во случајов. Напротив, се' било во интерес на учениците и на гимназијата. Тоа што во објектот се служи алкохол, за него не е причина за сомнеж за разврат на децата, оти како што вели, до 19,30 часот до кога има настава, точењето алкохол е строго забрането.
„До 19,30 работи како бифе, а потоа како обично кафуле. Точење алкохол е дозволено дури по 19,30 часот, така е договорено со училиштето. Сигурно не сум малоумен да дозволам учениците да се служат со алкохолни пијалаци, бидејќи не само што ќе го доведам во прашање договорот што го имам за закуп, туку и казните од инспекциите се ригорозни, а во објектот имам вложено илјадници евра“, вели сопственикот на кафулето, кој сакаше да остане анонимен и тврди дека за работа навечер како обично кафуле ги поседува сите соодветни дозволи.
Инаку, не само што со реновирање на објектот учениците од „Јосип Броз- Тито“ добија современо бифе, туку наскоро ќе можат да спортуваат и на нови игралишта. Деновиве, закупецот гради три терени, за фудбал, за кошарка и за одбојка на песок, кои за време на наставата ќе бидат на услуга на учениците, а по 19,30 часот ќе функционираат како спортски комплекс за чие користење ќе се наплаќа.
Од Министерството за образование не се изненадени што во двор на училиште е отворен угостителски објект. Велат тоа не е прв случај и коментираат дека Министерството нема никакви овластувања за евентуални кршења на закони и прописи со кои се регулира издавањето на училишните простории.
„Можеме да реагираме единствено доколку станува збор за државно училиште. Во случајов надлежни се од Град Скопје, кои се основачи на најголем дел од средните училишта во Скопје“, ни рекоа вчера од ресорното министерство. |
|
Статијата е прочитана 4481 пати.
|
Испрати коментар
|
|
Nadica Belovska, 03.04.2012 21:51:32 | Iskreno go pozdravuvam i podrzuvam ovoj proekt. Dobro e koga ima takvi luge koi sakaat da investiraat vo obrazovniot sistem. Fiskulturnata sala, posebno soblekuvalnite i toaletite, vo mizerna sostojba a ucilisniot dvor narkomansko gnezdo so celosno unisteni sportski tereni. Sega decata ke bidat po bezbedni i po zgrizeni , bez da proagat ulica nadvor od skoloto poradi topol obrok ili kafe. |
| сјајна ристеска, 03.04.2012 22:32:27 | Незнам зашто се запрашувате зошто децата пијат кафе -па скоро во сите училишта има автомати за кафе од каде што училиштата земаат кирии за автоматите и процент од продадено кафе и така обезбедуваат дополнителни средстава,исто во околината има и продавнички и кафулиња, каде се купува готово кафе,значи тој што пие кафе ке се снајде -не гледам што е тоа толку лошо-исто дури и во основните училишта се издаваат сите слободни простории за продавнички а салите ги користат спортски клубови-така се обезбедуваат парични средства а пак тие се користат за потребите на училиштето-(бидејки ниту државата ниту локалните власти никогаш немаат доволни средства за училиштата добро и што вака се снаоѓаат)-добро е што има уште такви луѓе кои вложуваат средства за реновирање на објектите каде нашите деца ке бидат безбедни,а пак за бегањето од часови не е никој крив сем нашите деца а богами и ние родителите бидејки трчаме пред времето,а позади се нашите деца за кој немаме време и после други се криви. |
| Sopstvenikot ANONIMEN!?!?!?, 04.04.2012 00:29:06 | Nesfatlivo e koga so tender se izdava prostorot na pravno lice ( sopstvenikot) toa da bide ANONIMNO? Pa dajte ednas pocnete da se odnesuvate seriozno! Vo SAD na primer ne smee da se sluzi alkohol ( ili prodava vo prodavnica) na rastojanie od pomalku od 100 metri od Crkva, a za uciliste ...toa e mislena imenka! No nie ostvauvvame taka sto za partiskite puleni ( kako onie od Kocani) mora da ima se sto ke posakaat. Za droga nema da ima dozvola, a isto i za drugite formi na zdruzuvanje! Preostanuva poranesnite zabolekrski ambulanti ( od YU vremeto) vo ucilistata da gi dadat pod kirija na majstori za TETOVIRANJE! Idiotizam! |
| george mitev, 04.04.2012 01:18:00 | e pa kaknevije stram uchilishte oshte da se vika tito ne li e stamno kade ste makedonci stram da vie . |
| milos, 04.04.2012 03:04:50 | vmro i sve e mozno za edni raboti se tolku liberte a za drugi raboti se kako od 17 vek ...izvreni vrednosti potpolno neka ni e gopsod napomos ali kako sto sme trgnale nema daleku da stigneme |
| Alter Ego, 04.04.2012 06:04:15 | Megu-redovi se kazuva deka celo skolo mu e dadeno na sopstvenikot na kafule. Napravil bife za ucenicite ama posle ke raboti kako kafule?! Ke napravi tereni, a posle se kazuva deka po casovi ke gi raboti privatno?! uste da spomnete deka vo ucilnicite sto gi renoviral ke moze da drzi privatni casovi po angliski (ili na toa ne vi tekna?!). Ova e lakrdija od najmizeren vid. NIKADE vo svetot vo skoloto ne rabotat kafici, kafani i razni gluiposti koi ne se povrzani so obrazovnata dejnost. Kralev od setanjeto po svetot vide li nekade vakvo iskustvo? Ili ova e nasledstvo od Todorov? Vie ste be mizerija od luge. |
| Nikola, 04.04.2012 07:26:03 | 1. gradot dal odobrenie, pa sto ako dal, toa ne znaci deka e pravilno!
2. Zosto ucilisteto nema pari za odrzuvanje na sala, igralishta, dvor? Ima pari vo budzetot dovolno za odrzuvanje na uchilishtata, toa e prioritet vo odnos na gradba na spomenici!
3. Kolkava e taa dobivka na kafule sto moze da finansira ureduvanje na sala, izgradba na igralishta, ureduvanje na dvor?
Ludjeeee, ze zbudalivteeee, ne gledate nishto osven partijata! |
| kiko, 04.04.2012 07:52:44 | Ne, ke go krstime kako tebe Georgi Mitev, nauci prvo da pisuvas i zboruvas. A za imeto Tito, treba samo da se poklonis i da odades pocit glupaku. |
| скопјанка, 04.04.2012 08:08:01 | Темата на текстот не е соодветна за коментарот што ќе го пратам на Георге Митев кој да не беше ТИТО немаше да ги има правата што ги добија егејците,единствено не успеа да ги описмени. |
| Petre, 04.04.2012 08:13:08 | Ништо не е спорно, како што не е спорно дека директорката зела рушвет. Јас сакам да градам свињарник и ќе побарам од истата директорка да ми одобри простор во нејзината гимназија. Обеќавам дека ќе го изградам по сите современи прописи, да не смрди многу. За возврат ќе направам поголеми поправки на училиштето од кафеџијата. |
| lina, 04.04.2012 10:10:07 | ...vidi molam...kafule ...koj kontrolira dali se toci pijalok ...ima na menito i nesto za otpustanje na ucenicute ...SRAMOTA ..PARITE VE OSLEPEA , sram i aram da vi e ... |
| Драган, 04.04.2012 10:46:45 | Почитувани читатели,
Имам ќерка која учи во Гимназијата ЈБТ.
Дали знаете каде се хранеа децата?
Дали некој знае какви беа условите за спортување во училиштето? Дали некој видел во какви соблекувални и тоалети ја праќав предходно ќерка ми?
Што дознав од ќерка ми, дел сам ги имам забележано позитивните промени во салата, тоалетите, гардеробите, бифето... �� немам коментар, доколку ги погледнете се ќе ви стане јасно...
СЕКОЈА ЧЕСТ ЗА ВИЗИЈАТА...
СЕКОЈА ЧЕСТ ЗА ХРАБРОСТА да инвестирате во време на криза...
СЕКОЈА ЧЕСТ ЗА ВЛАСТИТЕ и директорката кои го подржале проектот (без разлика кој и да ја има надлежноста)
Поздрав до анонимниот господин кој и да е, и сакам да му се заблагодарам бидејќи направи добро за ќерка ми, мене и останатите 1500 ученици во Гимназијата. Се надевам државата ќе најде уште 100 анонимни господа кои ке ги изреновираат другите училишта и ќе отворат бифе по сите пропишани стандарди... |
| Tanja, 04.04.2012 11:13:16 | Kako prvo Direktorkata ne se vika Sonja,kako vtoro voopsto ne e veke najprestizna gimnazija Josip Broz,umre toa vreme,a kako treto sekogas ucenicite odele vo kafulinjata bez razlika dali se na 100m ili na 300 m odalecenost. |
| murto, 04.04.2012 12:18:39 | Taka e KIKO |
| Tina, 04.04.2012 13:34:02 | Jas nemam pravo da komentiram tuka, a so izvinenie sakam da ve upozoram na slucaj koj moze da stane los, ako na nekoj mu padne na um, da prodava javno Chigari za uciteli, zmig, zmig.
Inaku, veruvam da ima i drugi pijaloci so vitamin C
vo Kafeanata. A ve molam oste edno, zosto se vika Kafeana? Oaza be bilo po ubavo. neli? |
| Valentina Ilijevska, 04.04.2012 14:02:54 | Ja pozdravuvam prekrasnata ideja na investitorot za izdejstvuvanje na dozvola za izgradba na sovremenoto bife,,objekt kade decata mozjat za pauza da kupuvaat hrana,za renovirana sportska sala,sportski tereni i sto e najbitno renoviranje na shkolskite vecinja koi se najgolem izvor na zarazi.Golema srekja e da imame i drugi investitori koi bi go podrzjale ovoj proekt.Samo napred |
| BitolaHamiltonCanada, 04.04.2012 15:08:06 | NADICE,znaesh shto e dobro??? Dobro e koga ovoj rezhim ke prestani da upropastuva narodni pari vo kicherajot Skopje 2014,dobro e koga ovoj rezim ke prestani da upropastuva narodni pari za pajtoni,galii,palmi,barokni fasadi,dobro bi bilo koga ovoj rezhim bi investiral vo obrazovniot sistem,zdravstveniot sistem,infrastrukturata,a najdobro bi bilo da mu gi udrime klocite na ovoj rezim.DRAGANE,nemoj da ne prasuvas nas pocituvanite chitateli,postavi mu gi tie prasanja na tvojot pocituvan rezhim.Mozda ke ti odgovorat. |
| od mene, 04.04.2012 15:18:35 | Драгане,
Не заменувај тези. Које должен да ги реновира просториите во средните училишта?
Сопственикот т.е Градот.
А што прави градот? плажи, бродови, тркала на глупоста, кочии за со коњи....
Наместо да се грижи за тоа што генерации го создавале и сега треба само да се одржува
|
| Donka, 04.04.2012 15:59:22 | Do Dragan
Ocigledno uste eden gord poslusnik na premierot kako i Beti podrzuvackata.
Bi bilo smesno da ne bese zalno. |
| Живееме во сегашноста, 04.04.2012 22:22:42 | Драган
За сите читатели до кои допре мојот коментар,иако негативно доживеан
Почитувани, секогаш само напаѓаме... секогаш само ги бараме лошите работи дури и тогаш кога ги нема...
Зашто, ама зашто народе еднаш засекогаш не почнеме да бараме решенија за проблемите а не виновници.
Никој не ги допрел надворешните терени од основањето на ЈБТ,мислам дека е тоа далечната 1970 година. И сега според мене, илузорно е да пљукам на сите влади кои досега се смениле... едноставно губиме време на минатото и не успеваме да ја гледаме иднината,а најмалку да ја уживаме сегашноста.
Јас само го поздравив проектот, бидејки е за доброто на децата, ќерка ми е препородена поради идеалните услови за тренирање...јас го поздравив бидејки некој (незнам законски кој е надлежен)и покрај се што се случува во земјава имал визија за нешто подобро. Алкохол не се служи, тоа е сигурно... ќерка ми потврди....а тоа е и потврда дека целава статија е некако нејасна и тенденциозна.(Утрински јас и понатака редовно ќе В |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 21°C
Претежно облачно
|
Сабота
Обилни врнежи
Макс: 21°C, Мин: 6°C
|
Недела
Обилни врнежи
Макс: 18°C, Мин: 1°C
|
|
|
|
|
|