04.04.2012, 12:29 Мит Ромни победи во три сојузни држави во САД
Поранешниот гувернер на Масечусетс, Мит Ромни победи на вчерашните прелиминарни избори за републикански кандидат за претседател на САД што се одржаа во сојузните држави Мериленд и Висконсин и во американскиот главен град Вашингтон.
Со вчершните победи Ромни ја зацврсти својата позиција на фаворит за републикански претседатески кандидат кој ќе се соочи со актуелниот американски претседател Барак Обама на изборите во ноември.
Покрај Ромни, во трката за републиканска номинација се и поранешниот сенатор од Пенсилванија, Рик Санторум, некогашниот претседател на Претставнилкиот дом, Њут Гингрич и конгресменот од Тексас, Рон Пол.
За да ја добие претседателската номинација на Републиканската партија, еден кандидат треба да обезбеди поддршка на најмалку 1.144 од вкупно 2.286 делегати на Националната републиканска конвенција што ќе се одржи во август во Тампа во сојузната држава Флорида.
Делегатите се избираат преку прелиминарните избори, при што победникот на гласањето во една сојузна држава ги освојува сите нејзини делегати за Конвенцијата. Секоја сојузна држави има различен број делегати.
До вчерашните избори, Ромни имаше обезбедено 566 делегати, Санторум 263, Гингрич 140, а Пол 67.
|