03.04.2012, 18:16 Италијански бизнисмен и' остави на црква 1,7 милијарди евра
Рим - Еден италијански произведувач на електронски врати и' остави имот вреден 1,7 милијарди евра на Католичката црква, вклучувајќи го и поголемиот дел во неговата компанија.
Микеланџело Манини почина на 17 март на 50 години и и' го остави имотот, банкарските сметки и своите акции на епархијата во Болоња, која вчера учествуваше на првиот состанок на управниот одбор на неговата компанија ФААЦ.
|