06.04.2012, 11:58 Пожар на Клиниката за онкологија, нема повредени
Пожар во докторска просторија на Клиниката за онкологија во Скопје избувнал синоќа околу 23:20 часот, информираат од скопската противпожарна бригада.
На местото интервенирале 12 пожарникари со 5 противпожарни возила, пет минути по приемот на дојавата и пожарот е изгаснат за 10 минути.
Вкупната штета на опожарената просторија се проценува на околу 60.000 денари. Нема повредени лица во инцидентот.
|