06.04.2012, 16:57 Тачи не се сретна со Обама
Вашингтон - Американскиот претседател Барак Обама не го прими косовскиот премиер Хашим Тачи, кој се наоѓа во посета на Вашингтон, иако средбата беше претходно најавена од приштинските медиуми.
Средбата беше најавена и од Тачи, а како датум беше наведен 6 април, денот кога Американците го слават Велигден. Сепак, како што наведува приштинскиот весник „Зери“, средбата не се одржала.
Тачи за време на посетата на Вашингтон најпрво разговараше со државниот секретар Хилари Клинтон, а вчера беше примен и од американскиот заменик-претседател Џо Бајден. |