31.03.2012, 11:38 Почина архитектот Борис Чипан
Еминентниот македонски архитект проф. Борис Чипан почина денеска во Скопје на 94 годишна возраст. Погребот ќе биде утре на гробиштата Бутел во Скопје.
Комеморација на Архитектонскиот факултет на Универзитетот Свети Кирил и Методиј ќе се одржи в понеделник.
Негово најпознато дело е зградата на МАНУ во Скопје за која во бивша СФРЈ е добитник на сојузната награда на „Борба“ во 1976 година.
Архитектот Чипан е добитник на најпрестижната награда за придонес во архитектурата и за животно дело „Андреја Дамјанов“. Два пати ја добил државната награда „11 Октомври“. Автор, или коавтор е на повеќе значајни објекти во Македонија и на територијата на бившите југословенски републики.
Како роден Охриѓанец, тој самиот велеше дека негово животно дело е обновата на црквата Света Софија во 1952 година. Всушност, заштитата на културно историските споменици му била некој вид животна преокупација. Работел и на конзервацијата на црквата Свети Пантелејмон во скопско Нерези, и на други значајни споменици на културата.
Автор е на десетина книги од областа на архитектурата, од кои о�� особено значење се „Старата градска архитектура во Охрид“ објавена во 1955 година и „Света Софија – катедрален храм на Охридската архиепископија“ во 1996 година.
Беше активен речиси до крајот на неговиот живот. |