30.03.2012, 14:09 Во Италија уапсени 58 членови на мафијата Ндрангета
Италијанската полиција денеска уапси десетици членови на калабриската мафија Ндрангета.
Обвинителството издаде наредба за апсење на 63 луѓе, од кои 58 веќе се приведени.
Апсењата биле извршени во градот Козенца и во северните италијански провинции Лацио и Ломбардија.
Уапсените се обвинети за убиства, рекетирање и членство во организирани криминални групи. Во акцијата замрзнати се банкарски сметки во висина од 15 милиони евра, сопственост на неколку фамилии од Ндрангета. |