04.04.2012, 15:05 Словачка има нова влада
Словачкиот претседател, Иван Гашпарович денеска го именуваше новиот kабинет на премиерот Роберт Фицо, чија партија СМЕР-СД освои мнозинство на неодамнешните вонредни парламентарни избори.
На претседателот на словачките социјалдемократи, ова му е втор премиерски мандат, откако владата ја водеше во периодот 2006- 2010 година.
За разлика од сега, кога двајца од министрите се непартиски, а останатите се членови само од една партија, тогаш СМЕР беше во коалиција со две помали партии.
Заедно со старо-новиот премиер Фицо, во новата Влада на Словачка можат да се видат и имиња на поранешни министри од претходната влада.
Министерството за внатрешни работи повторно ќе го води, Роберт Калињак, а се враќа и министерот за култура, Марек Маѓарич.
Прв човек на словачката дипломатија повторно е Мирослав Лајчак, кој има искуство со европската дипломатија, каде покрај другото се грижеше и за ситуацијата во Косово и Босна и Херцеговина.
Нови министри за правда и одбрана ќе бидат Томаш Борец и Мартин Гивач. Со финансиите ќе раководи, Петер Кажимир, а за шеф на Министерството за животна средина е избран Петер Жига.
|