02.04.2012, 14:01 Полицијата ги фати малолетниците обвинети за инцидентите во Тетово
Четворица малолетници, тројца од Тетово и еден од Мала Речица, се идентификувани како учесници во три од серијата физички напади, кои се случија во првата половина на минатиот месец во Тетово, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Повикани и идентификувани во присуство на нивни најблиски во Полициската станица Тетово биле лицата Ќ.И ( 16 ), В.М (14 ), А.Ш (18) и Ш.Р (17), кои непосредно учествувале во овие физички напади. |