06.04.2012, 20:23 Папандреу имаше повеќе средби со Груевски отколку со Меркел и Саркози
Не може да се поправи во Чикаго она што е пропуштено при 11-те средби на македонскиот со поранешниот грчки премиер
Од нашиот дописник Миркица Поповиќ
Атина - Треба ли Грција да биде опуштена пред самитот на НАТО во Чикаго со оглед на тоа дека проширувањето не е на агендата, или пак треба да се активира повеќе за да не се случи прашањето за македонското членство да се отвори од држави како Словенија или Турција?
Првиот грчки амбасадор во Македонија, Александрос Маљас смета дека Грција сега, пред Чикаго, е во многу подобра ситуација отколку предходно, пред самитот во Букурешт. Причина, според него, е заедничката позиција на НАТО од 2008-та година од сите лидери на државите членки, па и од оние кои првично не биле пресреќни од ваквата одлука, како поранешниот американски претседател Џорџ Буш. Консензусот што бил постигнат во Букурешт меѓу сите членки на Алијансата, според Маљас и дава можност на Грција да биде опуштена на престојниот самит во врска со п��ашањето за прием на Македонија.
„Лично не гледам некаков доказ дека постои некаква процедура, размислување или предлог да се модифицира одлуката на НАТО. Првата причина е дека проширувањето не е на агендата. Втората е дека на премиерот Никола Груевски му беа дадени многу шанси на единаесетте средби со поранешниот премиер Јоргос Папандреу да се најде решение, што е најголем број на билатерални средби на ниво на премиери од 1993 година до денес. Јавно имам кажано дека Папандреу имаше повеќе средби со премиерот Груевски отколку со германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Никола Саркози“, вели Маљас.
Според него, на билатералните средби премиерот Груевски изгубил скапоцено време, со што им олеснил на оние во Грција кои можеби немало да се согласат со крајното решение.
„Како лидер и премиер потроши огромен политички капитал. Го велам ова затоа што знам дека постоеле предлози кои можело да доведат до брзо решение за спорот за името“, тврди Маљас.
Тој не верува ни во сценаријата за покана со предуслов фазно да се решава спорот за името, бидејќи одлуката од Букурешт е јасна.
„Во одлуката пишува дека ќе добиете членство штом ќе се реши името, а не штом започне процесот за решавање на името. Пред се затоа што тој процес е започнат уште во 1993 година со одлуките на Советот за безбедност на ОН“, забележува Маљас.
Околу вознемиреноста во грчките медиуми за тоа дека Словенија, Турција па дури и Велика Британија може да побараат да се отвори прашањето за прием на нашата држава, поранешниот амбасадор смета дека не само овие туку и други држави може да побараат прием на Македонија на престојниот самит, но дека тоа не ја вознемирува Грција, зошто не се сомнева во конечниот исход од самитот.
„Основно правило на НАТО е взаемна поддршка меѓу членките, компромис и консензус меѓу нив. Не би рекол дека секогаш важи тоа правило, но треба да се погледне каква е ситуацијата сега. Во нашето соседство, овој пат не мислам на Балканот, има проблеми кои се уште не се средени“, вели тој.
Маљас, кој јавно изјави дека Хашката пресуда не беше во полза на Грција, јавно посочи исто така дека би било голема грешка ако Атина ја потцени
|