02.04.2012, 23:20 Унгарскиот парламент ја прифати оставката на претседателот Пал Шмит
Унгарскиот парламент ја прифати оставката на претседателот Пал Шмит, откако поради плагијат на неговата докторска дисертација му беше одземена научната титула.
Пратениците ја прифатија оставката на Шмит со 338 гласа, наспроти пет кои беа против и шестмина воздржани.
До изборот на нов шеф на државата, кој треба да се случи за 30 дена, функцијата ќе ја преземе претседателот на Парламентот Ласло Ковер.
Владејачката партија ФИДЕС на премиерот Виктор Орбан соопшти дека преговара со останатите четири партии во собранието за наоѓање наследник на Шмит.
Кандидатурите за шеф на државата треба да бидат поддржани од најмалку една петтина од вкупно 386-те пратеници. Новиот претседател стапува на должност осмиот ден по официјалното објавување на резултатите од изборите. |