29.03.2012, 15:26 Професори тепале ученици во Хемиското училиште
Учениците малтретирале ученичка, по што биле нападнати и удирани од професорите. Според полицијата, се работи за три инциденти во серија
Љубиша Станковиќ
По повеќе од една година, повторно се случи инцидент во Државното средно училиште „Марија Кири-Склодовска“. За разлика од тогашната масовна тепачка, сега се случи серија од три инциденти во кои се инволвирани и ученици и наставници. Двајца ученици од средното хемиско училиште биле натепани од професори, откако 15-годишна ученичка се пожалила дека била нападната од нејзини соученици. Професорот по хемија, кај кого се пожалила, веднаш тргнал да ја расчистува ситуацијата. Нападнал 15-годишен ученик, по што бил спречен од страна на обезбедувањето во училиштето.
Малку потоа следел и нов инцидент. Професорот по англиски нападнал 16-годишен ученик, кој го турнал по скалите. Против двајцата професори ќе бидат поднесени пријави.
Се' почнало завчера околу 15 часот, кога двајца ученици од втора година задевале своја соученичка од прва година. Пред влезната врата на училиштето 15-годишното девојче од Арачиново, било пресретнато од ученик кој најпрво ја удрил по рамо, а потоа и' удрил и шлаканица.
Таа за нападот го информирала професорот по хемија Б.Х.(24), а тој, пак, повикал екипа на медицинска помош, по што била пренесена во болница. Таму и' биле констатирани лесни телесни повреди.
Упатувањето на девојчето во болница не значело и крај на случувањата во средното училиште. Малку по настанот, во училишниот ходник професорот по хемија физички нападнал 15-годишен ученик. Тој го влечел ученикот за уво, а потоа со тупаница го удрил по рамо и му нанел видлива повреда. За среќа, навреме бил спречен од обезбедувањето на училиштето.
Во исто време, во училишниот ходник, и професорот по англиски јазик Н.Б. (28) физички напад еден од учениците. Тој без повод и причина, почнал да го влече ученикот за рака, а потоа го турнал по скалите, но натамошното малтретирање било спречено од помошникот директор.
„Во ходникот немало толпа од деца како што сега се раскажува. Професорите, со кои и јас разговарав, ги повлекле децата за рака со намера да ги однесат кај училишниот психолог. Сметам дека и тоа што го направиле не смееле да го направат, но дали и какви постапки во иднина ќе бидат преземени зависи од она што ќе го каже полицијата. Најмалку од се' сакам на овој случај да му дадам друга димензија, односно како инцидент кој во заднина има меѓуетнички карактер. Лично јас самиот на сите класови им го прочитав соопштението за однесување на учениците и со што им се заканува и отстранување од училиштето“, вели Павле Павлов, директор на Државното средно училиште „Марија Кири-Склодовска“.
За двајцата професори ќе следат прекршочни пријави за физички напад. Како што неофицијално се дознава, еден од пријавените наставници и претходно бил во судир со законот. За професорот по хемија, уште во ноември 2005 година била поднесена кривична пријава за спречување службено лице при вршење службена должност. Само две години подоцна за овој наставник била изречена и пресуда, односно тој бил осуден на затворска казна во траење од една година, која му е заменета за условна казна во траење од три години.
Во јануари минатата година, во хемиското училиште се случи голем инцидент, кога голема група маскирани насилници со метални прачки дивееја низ училиштето. Во налетот на насилниците со повреди се здобија четворица ученици и еден професор, а мотив за тепачката беше љубомора.
|
|
Статијата е прочитана 3365 пати.
|
Испрати коментар
|
|
кантар, 29.03.2012 17:39:54 | Порано професорите и родителите се држеа до слоганот ”ќотекот е излеэен од рајот” и инцидентите беа многу поретки, а сега до ”насилството раѓа насилство” па еве до каде стигнавме. Пуштете ги професорите да се справуваат како знаат и умеат со битангите, а двајцата ”јунаци” што го удирале девојчето избркајте ги од училиште! |
| jimmy1, 29.03.2012 19:16:31 | Ucenicite napadnale ucenicka a profesorite zarabotile krivicni prijavi. Dojde takvo vreme da profesorite ne smeat da gi vospituvaat ucenicite i posle ke se cudime zosto se slucuvaat incidenti vo ucilistata. Treba drenovo stapce za nevaspitanite ucenici za da naucat kako treba da se odnesuva eden ucenik. Zakonite mnogu se izmenija no namesto za podobro, odat na poloso. Znaci ucenicite mozat sto sakaat da pravat a profesorite nesmeat ni da gi iskaraat. Od ova segasno obrazovanie nema nisto, duri nema red vo ucilistata ke ni se slucuvaat vakvi incidenti. |
| milovan, 30.03.2012 01:28:37 | Ako e bila napadnata ucenickata profesorite imaat pravo da zastanat vo odbranana ucenickata i jmne treba da bidat kaznuvani ili sankcionirani,bravo za profesorite.Inaku se pravat klaonovi po skolite i potoa tie klanovi koja ucenicka ili ucenik e nepolusen na niv na toj klan tie go napdnuvaat psihicki ili fizicki .Ovaa e sramota treba so 3 mali problemi isfrluvanje na ucenikot od skolo ako napravil 3 pomali incidenti ne treba da se ceka za da nekoj ucenik ubie ili zakola ucenik ili ucenicka moebi i profesor za da bide ostranet treba disciplina vo ucilistata a site nemirni i problematicni ke ima soodvetno skolo ucilistre za niv.B;lagodarim i gi podrzuvam porofesorite i dobrite primerni ucenici. |
| majak na ucenicka, 30.03.2012 05:49:04 | Prven sramota za novinarot koj naslovil : profesori tepale ucenici, sramota, ako diveele i se odnesuvale nepristojno vo sto celoto uciliste znae, da ne trebal da gi povika na kafe i da im dade po edna cigara.Nemozam da poveruvam pa ako nekoj odbrani nekogo zarem e toa sram pa treba da odgovara. Ljuge moi kolku e golema bedata i izgubenoto custvo za pristojno i dostojno odnesuvanje.Pa ako toj mocko udril soucenicka treba pod hitno da bide isteran od ucilisteto i da odi vo drugo, i da go miluvame site.Da se plasime dali decata ke se vratat doma fizicki ili mentalno navreduvani, a profesorite da nesmeeat da gi stavat vo red. Se dodeka popravn vaspitna meka e po terk na necovecnost i silina nema da ima red nikade.Toj doma da si ja tepa sestrata i majkata, a tatko mu da go iznese vo kafic na pivo, togas bi bilo se vo red. |
| Оксана, 30.03.2012 06:59:48 | Случајот со младата Оксана и насилниците кои ја силувале и запалиле треба да е подзамисли до каде ќе одиме со толеранција на насилството кај учениците. Со новиот правилник за Родителските школи, психолозите пак културно си се извлекоа и целата одговорност ја префрлија на професорите. Професорите се тие кои место да го обавуваат образовниот процес за учениците кои доаѓаат во училиште да учат, мора да следат и спречуваат нереди, да ги информираат родителите т.е. да изиграваат секретарки и портпароли на психолозите/педагозите.Убаво прочитајте ја реченицата- ДА ГИ ОДНЕСАТ КАЈ ПСИХОЛОГТ. Значи и при обезбедување и при психолог, професорите треба да обезбедуваат мир и заради тоа да бидат суспендирани.До каде ли ќе оди со толеранцијата на насилството и неработењето? |
| НЕВЕН ГНЕВЕН, 30.03.2012 07:32:04 | Насилните и арогантни ученици потребно е заедно со родителите кои ги ВОСПИТУВАЛЕ нивните недопирливи деца,да одат на
образување од општа култура и однесување во друштво. |
| Загрижена, 30.03.2012 13:14:07 | Не ги одобрувам учениците, никако, ама не ми е јасно како осуден човек може да работи ви образование? Едно време бараа потврда за неосудуваност, покрај др. документи. А дека учениците стануваат се понасилни, факт. Ама некако младиве професори потешко се контролираат и полесно започнуваат инциденти. Она што мене како професор ме учеа е дека мора да знам да се исконтролирам во секоја ситуација и дека треба мудро да се најде начин да се решат конфликтите. Вака за никого не е добро, ни за школото, ни за професорите, ни за насилниците, кои сета медиумска ангажираност ќе ја сфатат како одобрување. |
| Костур, 30.03.2012 14:46:09 | Ова ве чека ,драги мои антички приjатели ! Поздрав од Бугариjа ! |
| игор, 30.03.2012 15:23:23 | Ако ги прочитате сите претходни коментари ќе сфатите дека сите го поддржуваат ставот дека на учениците во школо се им се дозволува, а на професорите им се врзани рацете да спречат било што. Па после сите се чудат како да ги спречиме инцидентите по натпревари, автобуси...и препорачуваат професорите да поработат со нив повеќе. А КАКО??? Не може проф. ни да избрка ученик од час дури и ако тој прави што сака. До каде ќе оди ова. Па еве предлог за новинарите:Истражете малку како се однесуваат учениците по училишта и што се се превзема во врска со тоа и како проф. можат да се справат со тоа. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 4°C
Облачно
|
Сабота
Делумно облачно
Макс: 21°C, Мин: 3°C
|
Недела
Обилни врнежи
Макс: 10°C, Мин: 3°C
|
|
|
|
|
|