27.03.2012, 18:02 Работник загина при ископ во Лисиче
(Илустрација)
Едниот од двајцата затрупани работници загинал, а другиот со тешки повреди е пренесен во болница
Надвор од животна опасност е скопјанецот кој вчера попладне настрада при поставување цевки за одводна канализација во селото Долно Лисиче. Во несреќата загина неговиот сосед, додека третиот пријател мина без повреди.
Полицијата соопшти дека несреќата се случи околу 16 часот на улицата „Тодор Чангов“, поточно во дворот од куќата на В.Р. (64), кој заедно со двајца соседи ископувале и поставувале цевки за одводна канализација.
Додека се наоѓале во ископот, дел од земјата се одронила. Ангеле Тасевски (63), кој бил затрупан до висина на рамениците, починал на самото место. Педесет и осумгодишниот Б.В. бил затрупан со висина на градите и е пренесен во Ургентниот центар, додека В.Р., кого земјата го затрупала до потколениците, минал без повреди. Надлежните извршија увид, а телото на починатиот е предадено за обдукција. |