Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
29.03.2012, 10:50

Отворен новиот трговски центар на „Бриколаж“ во Скопје


Фото: http://build.mk/

Продажниот салон, што беше официјално отворен синоќа, е на површина од 3.000 метри квадратни

Хипермаркет на францускиoт бренд Mr.Bricolage е отворен во новиот трговско-деловен центар на Скопски пазар а.д, лоциран на местото на стариот Кванташки пазар на улицата „Перо Наков“ во Скопје.

Продажниот салон, што беше официјално отворен синоќа, е на површина од 3.000 метри квадратни. Нуди широк асортиман, популарно наречени „направи сам“ производи за домаќинство, градежништво и хортикултура. Поставени се над 30 илјади артикли електрика и расвета, aлати и железарија, градежништво, декорација, бои и лакови, сe за бањата, керамички плочки, дрво, подови и подни облоги, сe за уредување на градината… Потрошувачите на едно место можат да добијат и услуги за испорака на купените стоки, консултации со професионален кадар, кроење иверки според димензиите и желбите на купувачот, поставување на купениот ламинат, сечење стакло, правење рамки за слики во димензии по желба на ��упувачот, мешање бои…

Со вкупно 705 продавници, 11.000 вработени и продажен простор од над 1.600.000 квадратни мерки, „Mr.Bricolage“ спаѓа меѓу најдобрите четири „направи сам" маркети на глобално ниво.

Покрај Mr.Bricolage, на површина од 1.560 метри квадратни во новиот трговско-деловен центар на Скопски пазар е присутен и најголемиот салон за техника во Македонија на познатиот домашен бренд за потрошувачка електроника и бела техника Нептун.


Статијата е прочитана 6741 пати.

Испрати коментар



Среќни вести од трите дневни весници за кумановци
Американец доби 640 милиони долари на лотарија!
Пуштена во продажба монографијата „30 години Скопски џез фестивал“
Уметнички дела со моторна пила
Почнува летниот возен ред на жичницата „Милениумски крст“
На „Новинарите пеат“ ќе настапат 15 новинари
Времето денеска- Облачно и дождливо
Шпанските проститутки им го ускратуваат сексот на банкарите
Марко Коловски и Питер Шепард добитници на наградите на СОКОМ
Наградата „Роман на годината“ врачена на Снежана Младеновска-Ангелков
После 30 години игри на среќа, конечно добив автомобил
Џејн Фонда ќе ја глуми Ненси Реган
Скандинавците пијат нездраво
Аукција на дела од Малиот битолски Монмартр
Денеска свечено ќе биде врачена наградата „Роман на годината“



Трпе, 29.03.2012 14:35:42
Алооо ,не се радувајте на вакви салони и маркети доста веќе ги имаме.Народот нема толку пари за луксузи.На нашата сиромашка земја им требат маркети како Лидел во Грција за поефтина храна и средства за хигиена.Во Хрватскја ги има истите.А за луксузи овој кој има ке се снајде,треба прво најосновното ,е веке претеравте обичниот граганин го пониживте бетер од животните.
makedonec, 29.03.2012 18:47:28
Trieset godini zhiveam vo Francija i nitu ednash nemam kupeno od toj dukan, kako prvo Ogin se skapi a vtoro ima desetici drugi dukani so istite proizvodi no po pola cena od nivnata. E sega vie pravete sho sakate so vashite pari.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 10°C

Делумно облачно

Сабота
Ведро
Макс: 20°C, Мин: 4°C

Недела
Обилни врнежи
Макс: 9°C, Мин: -2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |