30.03.2012, 10:21 На „Новинарите пеат“ ќе настапат 15 новинари
Манифестацијата ќе се одржи во Универзалната сала, со почеток од 20 часот
Петнаесет новинари од повеќе медиумски куќи вечер ќе настапат на манифестацијата „Новинарите пеат“ што ќе се одржи во Универзалната сала, со почеток од 20 часот. Директен пренос од манифестацијата ќе има на Македонската радио телевизија, половина час подоцна.
Новинарите од музички аспект ќе бидат поддржани од Петар Ренџов и неговиот бенд и ќе пеат во живо. Лила Стојанова, Ирена Спировска, Ели Танаскова, Љубица Јаневска, Мелита Ракичевиќ и мистерот на светот Стефан Лошковски ќе бидат водители на манифестацијата, која во Македонија се одржува првпат.
Организаторите на манифестацијата, Универзална сала и порталот „Без пардон“ очекуваат голем интерес и настанот во иднина да стане традиционален. |