„Џек и Џил“ убедливо најнаграден филм со Златни малини
Филмот на Адам Сандлер е големиот „победник“ на церемонијата на доделувањето на наградите Златна малина, за најлош филм
„Џек и Џил“ рекордно доби 10 „малини“ за сите категории меѓу кои и за најлош филм за 2011 година и за најлоша глума. За првпат во 32-годишната историја на доделувањето Златни малини, познати и како анти-оскари, филм победи во сите десет категории.
За првпат наградите беа доделени на 1 април денот на шегата, а претходно се доделуваат пред оскарите.
Во „Џек и Џил“, Адам Сандлер игра машка и женска улога и соодветно, доби награди за најлоша машка и женска главна улога. Филмот победи во категоријата режисер, најлошо сценарио, одново дело на Сандлер како и за најлош римејк.
Во категоријата најлоша машка споредна улога „малина“ доби Ал Пачино за неговото појавување во Џек и Џил. Заедно со Кејти Холмс тие двајца добија и Златни малини во категоријата најлош пар во филм за учеството во „Џек и Џил“.
Сите актери во филмот - Пачино, Сандлер и Холмс добија и награда за најлош актерски тим. За доделувањето на Златните малини гласаа вкупно 650 членови на фондацијата Златна малина.
Во номинациите беа и филмот Трансформерси (девет номинации) и првиот дел од последното продолжение на популарната The Twilight Saga: Breaking Dawn - Part 1 (осум номинации).