29.03.2012, 11:09 Шпанските проститутки им го ускратуваат сексот на банкарите
Шпански проститутки одлучија да им ги ускратат своите услуги на банкарите се додека не се согласат да им дадат поповолни кредити на семејствата и фирмите
За банкарите доаѓаат тешки денови. Имено, елитните шпански проститутки одлучија да им ги ускратат своите услуги на банкарите се додека не се согласат да им дадат поповолни кредити на семејствата и фирмите кои имаат финансиски проблеми, пишува весникот „Дејли Мејл“.
Проститутките од Мадрид се одлучија на ваков штрајк и потврдија дека ќе протестираат се додека банкарите не одлучат да бидат општествено поодговорни и не почнат да даваат поголеми кредити за загрозените Шпанци. Според тврдењата на проститутките, снаодливите банкари одлучиле со мамење сепак да дојдат до својата цел, па се претставувале како архитекти и инженери.
- Професиите кои тие ги кажуваат одамна не можат да си дозволат тарифа која се движи од 300 евра на час, изјавила една проститутка.
Најголемото здружение на луксузни проститутки во Мадрид го започна овој штрајк, сметајќи дека единствено тие имаат реална можност да извршат притисок врз банкарите.
- Штрајкуваме веќе три дена и сметаме дека тие нема да издржат уште долго, истакна Ана, една од девојките.
Се започнало кога Луциа, исто така елитна проститутка, одлучила да му ги ускрати своите услуги на еден банкар доколку не и одобри кредит.
Масовен штрајк елитните проститутки најавија за денеска, кога на улиците низ градовите во Шпанија ќе излезат голем број невработени луѓе. |