Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
30.03.2012, 21:05

Во продажба монографија „30 години Скопски џез фестивал“

Монографијата на 384 страници, во тврд повез, прикажува околу 500 авторски и уметнички, претежно црно-бели фотографии

Во продажба излезе монографијата „30 години Скопски џез фестивал“, која беше подготвена минатиот октомври со цел обележување на 30-от јубилеј на оваа реномирана манифестација.

Монографијата на 384 страници, во тврд повез, прикажува околу 500 авторски и уметнички, претежно црно-бели фотографии, реализирани за време на фестивалските концерти во Скопје, при што доминираат делата на еден од најпознатите светски џез-фотографи - Жига Коритник.

Ова капитално издание на Установата за уметнички дејности - Скопски џез фестивал, исто така, содржи и неколку авторски текстови на некои од најреномираните светски музички експерти: Франческо Мартинели, Мајк Хенеси, Бил Шумејкер и Џералд Селигман Воведниот текст, пак, во кој се опишува суштината и значењето на Фестивалот, го подготви познатиот македонски музички критичар Љупчо Јолевски.

Монографијата, едновремено, ги пр��кажува и дизајнерските остварувања во текот на историјата на Фестивалот: плакати, календари, насловни страници на компакт-дискови издадени под етикетата на Скопскиот џез фестивал и сл., а завршува со хронологија на сите исполнителите во текот на 30-те фестивалски години. Со многу амбициозниот и квалитетен дизајнерски и графички пристап, дело на агенцијата „Зип-Зап“, оваа монографија претставува репрезентативно издание, сосема референтно и во пошироки светски рамки.

Скопскиот џез фестивал е една од водечките и најпрестижните меѓународни културни манифестации во Македонија. Во својата 30-годишна историја, Фестивалот презентираше речиси се што е значајно на светската џез-сцена, и изврши огромна улога и влијание во развојот на музичката култура, како кај нашите музичари така и кај аудиториумот, едновремено развивајќи ја и визуелната култура преку дизајнот.

Монографијата „30 години Скопски џез фестивал“ може да се купи во книжарниците „Култура“, „Матица Македонска“, „Табернакул“, „Три“, „Или-Или“ и „Икона“.


Статијата е прочитана 491 пати.

Испрати коментар



Ќе добијам уште еден автомобил
Пронајден најстариот жичан инструмент
Денеска сончево и потопло време
Модниот викенд стана модна недела
„Џек и Џил“ убедливо најнаграден филм со Златни малини
Среќни вести од трите дневни весници за кумановци
Американец доби 640 милиони долари на лотарија!
Уметнички дела со моторна пила
Почнува летниот возен ред на жичницата „Милениумски крст“
На „Новинарите пеат“ ќе настапат 15 новинари
Времето денеска- Облачно и дождливо
Шпанските проститутки им го ускратуваат сексот на банкарите
Отворен новиот трговски центар на Mr.Bricolage во Скопје
Марко Коловски и Питер Шепард добитници на наградите на СОКОМ
Наградата „Роман на годината“ врачена на Снежана Младеновска-Ангелков
После 30 години игри на среќа, конечно добив автомобил
Џејн Фонда ќе ја глуми Ненси Реган
Скандинавците пијат нездраво
Аукција на дела од Малиот битолски Монмартр
Денеска свечено ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 10°C

Делумно облачно

Вторник
Ведро
Макс: 19°C, Мин: 7°C

Среда
Обилни врнежи
Макс: 22°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |