28.03.2012, 11:17 Скандинавците пијат нездраво
Најмногу се пие во Источна Европа - 14,5 литри алкохол годишно
Европејците пијат најмногу алкохол во светот, според новиот извештај на Светската здравствена организација (СЗО) и Европската комисија објавен во шведскиот весник „Свенска дагбладет“.
Во извештајот, како што јави дописникот на МИА од Гетеборг, во просек возрасните европски граѓани конзумираат по 12 литри чист алкохол годишно, што е соодветно на една чаша вино дневно.
Најмногу се пие во Источна Европа - 14,5 литри алкхол годишно, споредено со 12,4 литри во Централна Европа и 10,4 литри во Скандинавија.
Но пиењето на Скандинавците се смета за најнездраво. Жителите на нордиските земји конзумираат често поголемо количество алкохол во еден ден, на јавни места, и најмалку при јадење. |