30.03.2012, 18:15 Полемика
За идентитетскиот земјотрес во Македонија
Паско Кузман
Со текот на времето ќе се навикнете на „радикалните“ промени кои тешко ги преживувате и ќе бидете горди на новата македонска стварност
(Повод: текстовите од Ерол Ризаов „Паско, веќе не е смешно“, „Утрински весник“ 22 март 2012 и „Паско, те чекам на мегдан“, „Утрински весник“ 27 март 2012)
Господине Ризаов, јас ќе бев посигурен, а ти похрабар и поголем демократ ако моето „кратко писмо“ до тебе го ставеше како мото на твојот текст „Паско, те чекам на мегдан“, објавен во твоето „ќоше“ („Утрински“, 27 март 2012), а не во писмата на читателите каде што едвај може да се пронајде, еден ден порано („Утрински“, 26 март 2012). Се' си мислам „тивко во себе“ (според Љубе Цветановски) дека со тоа несвесно или свесно, сеедно, си сакал да ја истакнеш супериорноста на твоето метално и остро перце (за кое, искрено, и јас мислам дека навистина ти е такво), над моето старо „археолошко“ перо од бамбусово дрво (за кое, веројатно и ти мислиш дека е такво).
Ероле, двата твои текста посветени на мене ги започнуваш одушевено и многу инспиративно, со искажување на уживање, кога си го читал моето интервју со почитуваната Катерина Богоева, објавено неколку дена порано („Утрински“, 21 март 2012) и уште „голема радост“ поради тоа што сум те удостоил со моето „кратко писмо“ упатено до тебе и бидејќи гориш од желба да се „видиме на мегдан“, еве, ти доаѓам.
Е, ама за жал, јас сигурно нема да бидам Пушкин, за ти да бидеш Дантес. Ова не е фалба, туку превентивно предупредување. Ајде сега. За почеток, морам да те запрашам, со загриженост, секако, зошто мислиш и тврдиш дека „со политичка интервенција во науката“ се предизвикала „бура во научниот свет и идентитетски земјотрес во Македонија“, кога знаеш, бидејќи си умен, дека тоа не е така. Каква политичка интервенција имаме во науката и кој научници „бурно“ дискутираа за идентитетскиот статус на македонскиот народ, освен ако не сметаш дека некои политичари-поети се научници или ако не сметаш дека првиот претседател на суверена Република Македонија е научник, оти тој, со својот авторитет, изјави и стави „научен капак“ на конечната вистина „дека ние сме Словени“, или можеби, ако не сметаш дека новинарите и новинарите-колумнисти (не сите, се разбира) се научници и тие, секако, бурно дискутирајќи, ја констатираа научната вистина за идентитетот.
„Идентитетскиот земјотрес“, како и „антиквизацијата“, ги измисливте точно вие, на прсти можам да ве избројам, со жолчни навреди упатени до замислените противници (тебе те исклучувам од смислата на последниот дел од реченицата, искрено).
Но, да се вратам малку поназад и да објаснам што сакав да кажам кога ја цитирав синтагмата „политичка интервенција“ во науката. Не е „политичка интервенција“ ако власта (или „политиката на власта“) обезбедила услови да се вршат интервенции во културното наследство; не е „политичка интервенција“ ако власта создала околности да се изведуваат археолошки истражувања во Македонија; не е „политичка интервенција“ ако власта овозможила да се реализира проект „Македонска енциклопедија“; не е „политичка интервенција“ ако власта овозможила преведување петстотини книги стручна литература од светски јазици на македонски јазик; не е „политичка интервенција“ во науката ако власта создава услови за сето она што се направи... макар и со грешки, а со единствена цел: да опстанеме, да зајакнеме, да се подигнеме, да се доосознаеме, да се препознаваме... Не е „политичка интервенција“, Ероле, ако власта создала услови за сето она за што не и' паѓало напамет, а и не ни сонувала да направи ниедна друга власт досега во оваа земја.
Тоа, всушност, ве боли вас, таа немоќ пред реалноста, немоќта пред делата, тродимензионалните скулпторски и архитектонски дела кои ви никнат пред вашите очи, делата во кои се „поарчени“ милионите од народот, ама барем се гледаат во што се поарчени, наспроти оние што, исто така, ги „арчеа“ милионите од народот, ама не се гледаа делата (па макар и лоши) во кои беа поарчени тие милиони. Вие сте бесни поради таа, сурова за вас, реалност, па затоа сакате да ја понижите, да ја обезвредните, да ја исмеете (малку се оддалечувам од тебе, ама ќе ме разбереш).
Што се однесува до таканаречената „негативна антиквизација“, која ги боли, ги пржи и ги пече „вистинските“ македонски Словени по крв (тоа не важи за тебе) си земам за право, на своја одговорност, да кажам дека: не е „антиквизација“ ако се постават антички скулптури на прекрасното плато пред Владата, ако скопскиот аеродром во Петровец е прекрстен во „Александар Велики“, ако европската магистрала низ Македонија е преименувана во „Александар Македонски“. Не е „антиквизација“... и така натаму во таа смисла и насока, туку е разбивање на неодржливиот стереотип наследен од „строго контролираната“ југословенска идеолошка стратегиска линија и разбивање на догмата за елементарниот и „строго ограничен“ состав на идентитетската „материја“ на македонскиот народ.
Значи, сакам да потенцирам две дебели причини, за да ги објаснам, од мој личен аспект, она што ни се случува пред нашите очи, „радикалните“ промени кои тешко ги преживувате, но, пријателе, со тек на време, ќе се навикнете и верувам, натаму во иднината, ќе бидете и повеќето од вас, горди на новата македонска стварност. Едната причина е дека овој народ, конечно, има право да го одбележи својот имот, има право на катастар и тапија, како и сите други народи, има право да го раззелени својот „пуст остров“, да го истакне своето наследство и да регистрира на што е наследник, да ги извади од скривниците, од депоата и од стратиграфијата на земјата вредностите кои се негови и да ги практикува во живеењето. Тоа, како што е очигледно, и се случува.
Зарем не гледате дека не ви се случува само антиката (која, рака на срце, од мој археолошки аспект, била отсекогаш и ќе биде уште долго, најатрактивна, не само кај нас, туку и многу пошироко од нас), туку и ранливиот среден век, а и праисторијата (ако не можете да ја видите во стварноста која се случува, потрудете се и видете ја) која е потенцијален кандидат, онака како што „одбраната македонска колумнистистичка интелигенција“ ги гледа состојбите, да добие негативна конотација во вид на праисторизација на Македонија. Тоа се случува за да ги почувствуваме (подлабоко во нас) сите проблесоци по вертикала, хоризонтала и дијагонала на нашата „тупанична“ Македонија, за да ги конзервираме темелите, за да ги реставрираме ѕидовите и за да ги реконструираме куќите, оти само така ќе имаме сопствен дом и покрив над главата. Дали ме разбираш, стар пријателе?
Втората причина за фундамент ја има првата причина. Македонскиот идентитет е составен од сите тие вредности кои континуирано се провлекувале, се надополнувале, се преплетувале и формирале специфична идентитетска материја. Етникумите, пак, кои низ времињата во форма на цивилизации егзистирале на нашиот тупаничен простор, се елементарно составени од таа идентитетска материја. Оттука произлегува дека во неа, секако, мора да го има нуклеусот, најстарите жители кои живееле тука многу долго, преку осум века, и кој имале „име и презиме“ Македонци Македонски, потоа оние што биле тука повеќе од пет века, Римјаните, кои натаму продолжиле со етнохетерогената Византија, па Словените кои ги населиле овие македонски предели, па Србите и Бугарите и најпосле Турците со своите пет векови... Етнохетерогената идентитетска маса, се разбира препознатлива со своите културно-историски типичности кои до ден-денес ги имаме и ги апсорбираме, има учество во создавањето на типичниот македонски идентитет и тоа сме НИЕ, еве НИЕ, Мак��донците (еве, Ероле, не спомнав многу од „моите“ адути со кои ти ме вооружи. Мислам на (Х)азарите и другите).
Зошто да не се гордееме со еден ваков специфичен идентитетски состав кој за нуклеусен иницијал ги има старите Македонци? Зошто оваа универзалистичка теорија за македонскиот идентитет може да му пречи некому (најмалку тебе, стар мој пријателе)? Има нации, но која нација е чиста? И ова не е идентитетски земјотрес, туку обичен, едноставен и прост македонски идентитет, како „проста и строга македонска песна“ (Б. Конески), богат со различни вредности, богат со материјална култура, богат со митови, легенди, преданија, фолклор...
Во контекст на ова, сега се присетив, пред неколку дена прочитав некој текст во печатените медиуми (не се сеќавам сега во кој) каде што авторот „мудрува“ во смисла дека, демек, Груевски, откако видел дека не ја бидува работата со „бугароманската теза“ (како неговиот партиски претходник Љупчо Георгиевски), се свртел кон антиката да ги докажува македонските корени за да добие доверба кај народот... Досега не сум прочитал поплитка аналитика од оваа сфера. Па и слеп човек може да ги разбере континуитетите, односно форсирањето на континуитетскиот развој на македонското (како и секое) општество во светот.
И уште ова, драг мој стар пријателе, во оваа пригода. Да, јас сум национален (ако ти е помило: државен археолог) во Македонија, како и сите мои колеги-професионалци, оти во спротивно би бил див копач, а тоа многу помалку го сакам.
Ете, како што ми рече, удрив, ама искрено верувам дека нема да те заболи.
(Авторот е археолог и директор на Управата за заштита на културното наследство) |
|
Статијата е прочитана 6313 пати.
|
Испрати коментар
|
|
perica, 31.03.2012 00:33:22 | Drvo bambusovo. |
| jovan, 31.03.2012 01:07:28 | Okolu Slovenite(tuka spagame i nie)postojat eden kup teorii.Najinteresna(za mene)e edna teorija na eden Germanski i Ruski istoricar koj tvrdat deka eden del od vojnicite na Alexandar koga stignale vo Indija, trgnale na sever i se naselile vo Rusija.Potoa vo 6vek kako *Sloveni*se vratile ovde vo starite kraista.Kiril i Metodij, vsusnost otisle na sever da gi obrazuvaat svojte izgubeni sonarodnici od vremeto na Alexandar, sto ustvari tvrdat deka antickite Makedonci se vsusnost Slovenite. Tuka ima logika, no taa teorija ne e priznaena, nitu dokazana.Nasata glupost e vo toa sto so nepriznaeno nesto i nedokazano, istrcavme da mu kazeme na svetot deka nie sme anticki Mak. potomci na Alexandar, pa svetot ni udri rampa. Prvo trebase politicki da se sredime, pa potoa na tanane ke kopavme i dokazuvavme sto e sto. Koj znae, mozebi i ke dokazevme nekoja nova teorija.No sega za sega, se istrcavme i si napravivme nevidena steta.Svetot nas ne vodi kako Sloveni, a svetskata istorija nemozeme da ja men |
| Ima uste mnogu, no Erol ce ti doobjasni, 31.03.2012 01:13:20 | Eve drzavniot arheilog i edinstven ovlasten tumac na arheoloskata vistina vo Makedonija se javi .Mnostvo enigmi te izmacuvaat sto se naziraat niz tvojot tekst.Edna istoriska nauka koja gi proucuva i tumaci karakteristikite, sodrzinata i znacenjeto na starite civilizacii ja pretvarate vo politicka alatka i sredstvo za zabluduvanje na masi.Kazuvas deka nema nisto so antikvizacija, preimenuvanjeto na areodromotm, avtopatot, Arenata i sl, no istovremeno tvrdis deka so toa se razbivaat odredeni dogmi za identitetskata materija na makedonskiot narod.( znaci bilo namensko i po poracka)Samiiot tvrdis deka ovie stoletija na obie prostor bitisuvale mnostvo narodi,a zosto tolku se vrzavte bas za antickite makedonci? Pa i vo Irak bila vavilonskata civiliacija, se vrsat arheoloski istrazuvanja ,no Iracanite se deklariraat kako Arapi.Kade se starite vavilonci?I Na kraj od koi eminentni arheolozi i svetski institucii se prifateni Vasite tolkuvanja? Kazete barem eden( sem Donski, Milenko i Janko) |
| zik, 31.03.2012 02:14:47 | kopajki po minatoto ja zakopavte idninata na makedonija! |
| Kanada, 31.03.2012 02:16:43 | Prekrasno napisano. So fakti, bez emocii, direktno mu odgovarate na Erol za se sto ne mu bese jasno. Posebno mi se sviga vovedot kade mu posocuvate deka nieden od naucnite krugovi, ami politikantite, ja potcenuvaat Vasata borba za identitetskoto osoznavanje.
Morate vo idnina da pisuvate pocesto kako nie nezavisnite citateli bi doprele do vistinata. |
| Ljubotan Trade Name, 31.03.2012 02:20:18 | @ Pasko!,,Во контекст на ова, сега се присетив,пред неколку дена прочитав некој текст во печатените медиуми (не се сеќавам сега во кој) каде што авторот„мудрува“во смисла дека, демек,Груевски, откако видел дека не ја бидува работата со„бугароманската теза“(како неговиот партиски претходник Љупчо Георгиевски),се свртел кон антиката да ги докажува македонските корени за да добие доверба кај народот. P.S Po se ova,ova nee Mudruvane , tuku,e gola vistina! Zarem;Voinot,Falangata,Makedonskiot Lord Hunzata od Pakistan,da ne slucajno Jas gi donesov??itd.Ima edna nasa pogovorka;So tugjiot konj do pola pat.Skopje se nagramadi so sustestva,sto ni luk jadele, nitu luk mirisale.Civ Nukleus? Nukleus,so kogo nemame ama bas nisto;nit religija,nit jazik,nit kontuinirana istorija Mnogu poblizok Nukleus imame so Bugarija i Srbija.Mnogu polesno i istoriski po realno ce bese,da sme Etnogenetski inzinering,by product od Srpskiot i Bugarskiot Nukleus! Pa eve Amerika e By Product nacia,pa nikomu ne smeta! |
| otog, 31.03.2012 02:42:40 | Pocituvan direktore Kuzman, sekoja cest za Vasata rabota. Muzejot na voda vo Zalivot na koskite e prekrasen opis na edna praistoriska naselba. Vakvi muzei retko moze da se vidat bilo kade vo svetot. Prodolzete so dobra rabota i mnogu zdravje i uspeh vo idnina. Golema blagodarnost za prekrasniot tekst pogore. Se nadevam deka utrinski ke go objavi mojot dobronameren komentar. |
| Селанец, 31.03.2012 03:59:33 | Кузмане, наравно дека не е „политичка интервенција“ ако власта овозможила ххх... Али, она што не ти е јасно, а можеби јасно ти е а ти страм да го искажиш, а тоа е што владата не само што овозможува, не само што создава услови за сето она што се направи, него диктира како треба овозможуваното да се прави. Владата овозможи да се гради споменик на плоштад. И ти сега сакаш да не убедиш дека владата немала никаква улога во одлуката за каков споменик мора да се постави на плоштадот? Зар толку глупави и прости не сметаш? Владата овозможи да се преведат петсто книги на македонски. Алал да и е! Е, сега кажи ми ти каква улога владата имаше во одлуката за кои книги треба да се преведат и кој треба тие книги да ги преведува? Следниот пат кога ќе се сретнеш со Груевски прашај го дали има направено некаква анкета да се види колку тие книги на вистина се во употреба. Вистинска анкета, не некоја измислена од центарот на владата. Улогата на владата не е де се меша во науката. |
| P.Petar, 31.03.2012 05:56:10 | I koga site svetski istoricari bi se slozile deka sme anticki makedonci ostanuva problemot Jagnesko so spanak za koe nesto nasiot narod strada.Tie isti istoricari bi mozele da ne zaprasaat: Pa koga ste kolevka na civilizacijata i tolku umni zosto ste gladni? Respektiram naucni istrazuvanja no bez predvremeni fanfarni i neverificirani rezultati. Prodolzete da rabotite no vo TISINA ,bez vreva i konfuzii. Korenite se vazni no bez nametnuvanja! Vo regionot kade ISUS se dvizel posmatraci sme na konflikti ,zemji polurazvieni/Izrael ne e svetska sila/ sto znaci deka GOLEMOTO MINATO na tie prostori ne im donese BLAGOSOSTOJBA vo SEGASNOSTA!! |
| pameten, 31.03.2012 07:35:52 | Antichkiot zemjotres kje go urne Makedonskiot identitet! Zoshto? Prvo poshto garantira Makedonija da bide opkruzhena so neprijateli. bez ni edna golema sila da zastane zad nea. Antichkite Makedonci, za razlika od Peonite, koi shto zhveele na ovie prostori bile helenizirani. Antikvizacijata garantira deka Grcija kje ni bide zasekogash neprijatel. Bugarskata teorija koja shto za vreme na Ljubcho beshe emotivno neprifatliva za mnogumina (po deceni teshka propaganda) bavno no sigurno se shiri. Ako taa ne bide inkorporirana vo oficialniot Makedonski identitet mnogumina kje neglizhrat posebnata Makedonska evolucija vo posledniov vek i Makedonskiot narod kje se podeli! Srbija bedejki von igrata za Makedonija, ako ostaneme bez strateshki sojuz so Bugarite, Albancite kje dobijat se shto sakat.... |
| Наташа, 31.03.2012 08:45:10 | Паско! По повод гледањето или разбирањето на слепиот човек. Слепиопт човек е лишен од светлината но не и од функцијата на мозокот.Штета е кога здравиот со широко отворени очи не може да ја види вистината.
Точно е дека без минато нема иднина но без иднина го нема и минатото. Штета е кога се закопува иднината со широко отворени очи.
|
| До Словените, 31.03.2012 08:50:08 | Словените не дошле на празен простор. Војувале. Големи опсади на градовите имало. На просторот на Македонја отсекогаш некој живеел. Значи микс. А во 1913 грчко население било околу 10% околу Кожани Катерини или 15.000 во Солун кога имал 135.000. Македонски се градовите и селата во Македонија под турско. Пела на Александар немала Грци а Македонци имало, Мисирков на пр. Најблизу е Воден со 80% Македонци.Ве молам не мешајте татарско племе со македонско. ТН Словени престанете да ја кодошите Македонија а се лежи во злосторот од 1913 кога Грција ниту сонувала дека ќе грабне пола Македонија оти немало Грци таму исто како што не е српска а ја добиле до Гевгелија и да не се случеше Хитлер денес ќе се тепаа како нивна била исто како Бугарија што лаже за Пирин и за Кирил и Методи. А Македонците јазикот го дадоа на пола Европа. Престанете со тоа сме немале држава. Сонцето жолто на црвенп е мој реквизит. Не е грчко. Тие се окупатори на тој дел.Никој ништо не им бара. Вистината само ја докажувам. |
| марко, 31.03.2012 08:50:31 | Kаква интервенција е кога издаваш енциклопедија со милион мани,или петстотини преводи на книги кои неможеш да ги разбереш, или кога од науката добиваш десет патенти наместо педесет.Оваа влада е како мало дете се воодушевува со шарени играчки,веднаш сака да ги има,си поигрува со нив и откако ќе и се досадат бара друг��,а за критиките, има свои дежурни пишувачи кои веќе неможат да најдат зборови за да ги оправдаат толкуте промашувања. |
| naumce srbinoski, 31.03.2012 08:58:43 | Dojde do Srbi, Bugari Turci ama, ne stigna do tie nekojsi, komunisti - partizani, ( koi sigurno ne se vazni za identitetot) koi se borea, a mnogu gi dadoa svoite zivoti za slobodna Makedonija. Zasto ne gi spomna? Zatoa sto, Pasko, tvojot mentor Grueski e alergicen na niv.I, odtuka e jasno zosto tvojata profesija, Premierot ja izdigna tolku visoko. Za da se vratime sto ponazad, kolku sto moze ponazad. Sto podaleku od denesnicava, od realnosta. Da, ama nekoj se izbori za ovaa reanost ti da mozes otvoreno da zboruvas da tvoris da kopas, i da vodis politika. Izvini me sto ne zboruvav za identitet, na krajot od se. |
| Stipjanec, 31.03.2012 09:03:39 | Pocituvan G.Pasko! Najprvin sakam da vi ja izrazam mojata iskrena blagodarnost, i da vi kazam deka navistina vie i vasite sorabotnici imate mnogu postignato vo ARHEOLOGIJATA, sto e za pocit. I tolku! Ajde ednas da ja ostavime Istorijata na iswtoricarite (vistinskite), arhitekturata na Arhitektite (vistinskite), politikata na Politicarite (vistinskite)! Da prestaneme so onie SEZNAJKOVCI od tipot na Milenko, Mirka, Markus, Marina, Latas, Vangel, i mnogu drugi, koi napravija od Makedonija CIRKUS, i za sto ni se smee celiot svet, a ke se smeat i sramat nivnite potomci. Od gradot se napravi nevidena KARIKATURA, koja ne postoi nikade vo svetot! Site ovie gluposti se so kratok zdiv, i brgu ke bidat ostaveni vo zaborav, AMA, ona sto se napravi so Plostadot, ke ostane za SVA VREMENA, i ke bide primer na najgolemata GLUPOSTT i SRAM za Makedonija. |
| sava, 31.03.2012 09:11:24 | Samo koga ke te vidi covek znae deka si od anticko vrene ,ke dojde vreme koga za sve treba da podneses racun FINANSISKI perac na pari ne vrati 2500 g.a sega makedonceto ne moze da prezivee od prvi do prvi. |
| skopjanec, 31.03.2012 09:34:06 | Ne mu se ljutite na Pasko, on e edinstven covek vo svetot koj nosi dva casovnika (na leva i na desna raka). Taka da edniot casovnik mu pokazuva anticko vreme a drguiot slovensko. Taka da covekot e vo korak so vremeto, a so pametot bog znaje. |
| Mark, 31.03.2012 09:35:55 | Pasko od Vapila, pa od Ohrid, pa sega od Skopje, pa Sloven, pa Anticki, pa Intergalakticki! E sega deka treba da mu se ugodi na rezimot ke ne ucat koi sme?!?! Ne se sramime Kuzmane sto sme Sloveni, GORDI SME BRE!!!! Jas se razbiram so Srbinot, so Bugarinot, so Hrvatot, so Rusinot! A ti za da se razberes so tvojot Ace mora da naucis GRCKI, jelda? A be aman, odi gledaj vnuci i rani gulabi... |
| antika, 31.03.2012 09:49:54 | Pasko prijatele,Gligorov ne bil naucnik no bil mudar politicar i ja kazal vistinata(i naukata se bori da ja dokaze vistinata),sto se odnesuva do mesanjeto na narodite i religiite(ne i naciite)toa e nauka ne arheologija.
I tocno si konstatiral Erol nema da se naluti. |
| Резилов, 31.03.2012 10:05:42 | Не знам зошто господинот Паско Кузман влегува во полемика со политички,значи ненаучни,тврдења на еден новинар. |
| stara makedonka, slovenka, vizantijka, vlainka, evrejka, nova makedonka, 31.03.2012 10:23:27 | ...ве боли вас, таа немоќ пред реалноста, немоќта пред делата, тродимензионалните скулпторски и архитектонски дела кои ви никнат пред вашите очи...
G-ne Kuzman, sramota e VIE, NAUCNIK da gi propagirate ovie malogragjanski kriteriumi..Ako sakate parite da gi troshite na OCIGLEDNI i KONKRETNI NESTA(ne mora na duhovni ili apstraktni od tip na muzika, literatura-kako kreativna, taka i strucna) ima na sto: patista, bolnici, studentski domovi koi gnijat vo bubashvarnici, uchilishta,itn...VAM kako na kompetenten NAUCNIK bi trebalo da Vi bide sram da se gordeete so nekompetentna borba za dokazuvanje na minatoto na mojata zemja: najgolem del od tie makar i losi skulpturi se napraveni od totalni anonimusi i delata se estetski NULI, nekoiod niv i pod toa. Ocigledno iako se imate za kompetenten nauchnik, nemate kriterium i cuvstvo da prepoznaete sto e umetnost a sto kitsch..jas sum seto ona sto go pisav gore, no ima daleku poFIN, NAUCEN (genetika, istorija itn) nacin toa da se dokazuva. |
| Mitko, 31.03.2012 10:27:52 | Tekstot e DEMAGOSKI no ne e dobro napisan. Pasko sam si skoka vo usta. Veli ce staneme svesni za NOVATA MAKEDONSKA STVARNOST. Pa znaci NOVA. Potoa, etnoheterogeneza a zboruvase porano za ETNOGENEZA. Sega mudro go stavi zborot etno megu dvata zbora. No vednas potoa dodava ваков специфичен идентитетски состав кој за нуклеусен иницијал ги има старите Македонци, za da potencira deka na Makedoncite im pripaga nukleusot; E kako go proceni be Pasko???
A da ne kazuvam deka denesnive potfati ne go razzelenuvaat prostorot tuku go betoniraat. No najsmesno e sto samiot si kazuva deka se arcatpari, dodavajci deka se gleda kade se arcat: Kako da toa teba da go opravda arcenjeto. Ah be Pasko, nemame drzavna aviokompanija, se dadovme na Turcite pod naem, sto menadzirame nie kako drzava? Statuite??? |
| Nenad, 31.03.2012 10:31:01 | Bravo kuzman, kakov aperkat, a sea brcni si prstot vo uvo, pa vo nos, pa vo usta. |
| Тугооооо , останавме без јазик!, 31.03.2012 10:37:11 | Македонците го дадоа јазикот на пола Европа , па таа почнала да зборува по малку,оти еден јазик поделен на пола Европа е малку! А, ние,Македонците ,останавме без јазик! Така , ли е Лоте,момче на тераса?!!! |
| milan, 31.03.2012 10:43:13 | Svetot ni se smee ama Pasko gajle nema,uporno ne turka so svoite kvazi naucni tvrdenja deka sme potomci na Aleksandra,so kogo bas nisto zaednicko nemame. Jas amater po ova prasanje, negde procitav: Aleksandar vo svoite pohodi vo gradot Tir za edna nedela poklal okolu 3000 luge. Toa i deneska sovremenata psihologija,toj hir go nema objasneto koj bil negviot poriv za takov masakr.A Pasko uporno so svoite pisanija vo 21vek ne turka vo toj pravec. Vo pravo e Komentatorot koj veli toj so svoeto kopanje ja zakopa idninata na ovaa zemja. |
| Парче, 31.03.2012 11:26:04 | Колку смешно! Човекот кој пишуваше песни за Тито, зборува за наследени идеолошки стереотипи.
|
| tomce, 31.03.2012 11:34:29 | eve eden dobar predlog--objavete gi site pisma , prepiski i sl koi gi vodele i isprakale ilindencite i drugite nasi predci vo periodot od 19 i 20 vek (samo bez cenzura)-otvoreno i bez strav od ona sto go pisuva vo niv---pada vidime cii potomci sme (ne se plasete od toa sto bile nasite predci)--vaka so krienje i lazenje istorija ne se pisuva |
| seirdzija, 31.03.2012 12:14:21 | Kakov MORON!!!Jas PASKO sakam politicka intervencija vo:RABOTNI MESTA,PODOBAR ZIVOTEN STANDARD,PODOBRO SKOLSTVO,ZDRAVSTVO I.T.N.Vo nemoznost na istoto vlasta ni nudi INDIJANA DZONS koja ke go zabavuva narodot,pa sega nie treba da se zanimavame so tebe,a da ne ja gledame strasnata realnost.Ako si vistinski naucnik ti ke znaes kade e mestoto za dokazuvanje na tvoite tezi,a na vakov nacin ti si samo politicki produkt (paljaco) za zabavuvanje i seenje veter i magla na gladniot i siromasen narod. |
| Оливер, 31.03.2012 14:16:23 | Зарем има смисла да излезете на мегдан? Ќе се пронајде ли спорната точка меѓу вас? Разминувањето е очигледно, затоа што индивидуалното мислење е засновано врз субјетивното искуство и според тоа е селективно, но кога мислењето е научно поткрепено со длабоко искуство и цврста реализираност во кариерата пред да се појави оваа „политичка интервенција“, не може да се спори, залудно е, оти ептен многу е ниско, исто како што ниско летаат крокодилите. Затоа сите повици на Г-нот Ризаов се искрени и реални за естаблишмент кој е за демократија, ама југословенска по секоја цена. Таму лесно се вреднуваше работната акција, а не идентитетското издвојување и неговата илустрација, која ја имале сите Балкански земји, освен ние, бидејќи ние не само што сме против тоа, туку и се мислиме дали тоа е наше. Знаете зошто? Бидејќи „научниот капак“ од првиот Претседател е сеуште жежок а внатре речиси и словенското„загорело“оти прво требало да се стават и други состојки, а не само да се долева масло во огнот. |
| Uko, 31.03.2012 14:45:58 | Bre, ne ostavivte nisto za Erol.... |
| Gorann, 31.03.2012 14:49:15 | Pasko da mi e prosteno, no ti si sosema netokmu, (star) prijatele. Ti zaklucuvas deka nukleusot e antickite makedonci. eve da ti kazam, ama ako si ucen sigurno i znaes, i denesnite Vlasi (sekako ne site) se povikuvaat tokmu na antickite Makedonci kako nukleus na denesnoto vlasko bitie. a kako sto ti gi redis site narodi Pasko, znaci prvin bile Rimjanite a potoa Slovenite. Tokmu denesnite Vlasi se smetaat za latinski narod so latinski jazik, naslednici od Rimjanite, no so anticko-makedonski nukleus oti e postar i sekoj saka da enajstar i ajanticki, a Aleksandar Makedonski i Vlasite go imaat vo svojata mitologija. E sega star prijatele Pasko, sto pravime, spored ova sto go kazav kazi ti koj e postar i koj e poanticki i na koj e poveke Aleksandar? ta ako zememe vaka da se povikuvame spored nacinot na tvoite filozofiranja kaj ke stasame be Pasko? eve kaj stasavme, go zbudalevte narodot i sakate dokraj da go dotolcite. |
| Mapkoc, 31.03.2012 14:56:03 | Мислев: мораше да се игнорира првото јавување на г. Кузман - поради неговото „јавање„ на стручната компонента. Излезе на добро: во статијава, во своевиден „стриптиз„, авторот ја покажа изопаченоста – своја, на своите следбеници и на своите фараонски спонзори. Патем, во Хрватска, корените се бараа во далечниот Иран - со поддршка на домашниот „фараон„ (Хрватите имаа среќа: „радикална„ промена изостана кога Господ го зеде). Овде, г. Кузман своите „визии„ и „дела„ ги брани со невидена надуеност и воображеност, како да се небаре тие, токму сега, леб и сол за Македонија. Тој признава дека се „поарчени„ милиони од народот - по волја на „политиката„ (тоа, пази, не било политичка интервенција!). Али народот - иако живее во беда, и гладен - треба да се гордее. Каков цинизам! Владетелите се курчат со поддршка на народот. За промена, нека му кажат колку ќе им биде помала платата, пензијата, даноците - ако ги подржат налудничавите проекти. Па ќе видат каква ќе биде поддршката.
|
| Ej, što mi kaža, TUGOOOO..?, 31.03.2012 18:12:00 | Makedoncite go dadoa jazik na pola Evropa...!! Makedonija bibliska zemja... Makedonija kolevka na civilizacija... Makedoncite prosvetiteli na cel svet ... Makedonija, malečka napatena zemja... Makedonija opkružena so neprijateli, na koja stalno nekoj misteriozen neprijatel saka da i našteti! I ušte 1000 isti nevkusni klišea, koi go čitam sekoj den... Makedonija ... Makedonija... Pogledajte okolu sebe bre, luge! Okolu vas e svet! Golem svet! A mojot SLAVJANSKI jazik mi go dadoa moite pretci... NE vie, Makedonci, naučnjaci za SVE, samo ne za sebe! ZA ŽAL! |
| Nikola, 31.03.2012 19:41:24 | Европа и САД за историјата на Македониjа -
http://bkks.org/forum/index.php/topic,2005.0.html |
| Veselin, 31.03.2012 22:07:57 | Do Ima uste mnogu.Seuste ima Asirijci,koi se mnogu slicni so nas.Irancite se vsucnost persijci i taka se deklariraat.Zenskite deca seuste se cesto Roksani.Starite Egipetjani(Kopti) se uste gi ima.Inace vo Rusija i pokasno vo SSSR imalo nekolku ramnopravni teorii za Slovenite.Deka se raselile od zad Karpati,deka ziveele od sekogas kade se i sega i deka poteknuvaat od Balkanot.Kolku da znaes.Vo komunizmot bese zabraneto izucuvanje na anticka Makedonija i posocuvanje na bilo kakva bliskost so Makedoncite.Duri ne se izucuvaa starite jazici,za da ne mozat da se citaat starite dokumenti.Moravme da bideme(jugo)Sloveni.Takov narod ne postoel .Vsusnost poteknuva od Sklavi-Slavi so znacenie Robje i prv pat upoterebeno za Makedoncite.A vsusnost Makedoncite i site starosedelci bea Protosloveni.Pocituvaniot Pasko ne e jazicar,a jazicarite se glavniot kluc za naseto poteklo. |
| nacional-patriot, 31.03.2012 22:58:13 | Amerikancite ne se etnos i nema sto da im smeta koga se svesni deka se produkt od mnogu narodi koi se doseluvale vo Amerika,no najgolem del od Amerikancite se od anglisko poteklo i zatoa tamu zboruvaat angliski jazik, ist jazik kako sto zboruvaat i vo Anglija.Makedoncite ne se produkt ni od Srbite,ni od takanarecenite Bugari,bidejki Makedoncite zboruvaat makedonski jazik koj e vo sekoj lingvisticki pogled razlicen od srpskiot i od takanareceniot bugarski jazik.Makedonskiot jazik e dokaz deka Makedoncite sekogas bile razlicni od Srbite i od takanarecenite Bugari.Idejata i zelbata na Ljubco ne se sirat ni bavno,ni nikako.Se vide na lanskite izbori koga i so agresivna kampanja i so podrska od poranesnata A1 televizija ne osvoi ni eden pratenik,a samo 20 000 glasovi.Sega nema ni tolku glasovi Ljubco.Neka gi procita eden komentator napisite od makedonskite intelektualci od 19 vek i pocetok na 20 Slavejkov,Pulevski,Misirkov,Karev,Delcev,Cupovski...site tie kazuvale deka se etnicki Makedonci. |
| TUGOOO, знаеме дека си од грчка амбасада, 01.04.2012 09:50:23 | Грција лаже и не блокира. Бугарија исто лаже за Кирил и Методи татарци биле затоа јас народот македонски пишувам за такјви како вас да престанете да го уништувате македонскиот народ преку име јазик или црква оти сите сте украле а не ние од вас. Фиљо гркољиљо ептен перфидно пишуваш а јас вистината и точка. |
| jefimija, 01.04.2012 11:09:07 | Zaradi takvi kako tebe ke ne snema kako drzava vo idnina |
| mene, 01.04.2012 12:05:20 | Znam deka kako i obicno stom komentarot ne vi odi vo prilog ne go objavuvatr no sepak jas da di go kazam svoeto mislenje. Golemo brovo za Pasko no samo da mu kazam edno kaJ nasol da se rasprava so ovie masoni koi se plateni za da ja rasturat drzavata. |
| Итар Пејо, 01.04.2012 17:24:51 | ............БУГАРИТЕ ОД БККС КЕ НАПИШАТ НЕКОЈ КОМЕНТАР ВО УТРИНСКИ ВЕСНИК ........ ДЕМЕК ТОА ГО МИСЛАТ МАКЕДОНЦИТЕ..............СМЕШНИ И ЖАЛНИ СЕ
|
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 5°C
Делумно облачно
|
Среда
Локални грмотевици
Макс: 22°C, Мин: 7°C
|
Четврток
Локални грмотевици
Макс: 21°C, Мин: 8°C
|
|
|
|
|
|