26.03.2012, 13:30 Бензините поскапуваат за 1,5, дизелот за половина денар
Новата малопродажна цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 87,50 денари за литар, а на Еуросупер БС-98 89,00 денари. Дизелот ќе се продава по 75,50 денари
Бензините од утре поскапуваат за 1,5, а дизелот за половина денар од литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Новата малопродажна цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 87,50 денари за литар, а на Еуросупер БС-98 89,00 денари. Дизелот ќе се продава по 75,50 денари, додека екстра лесното по 64 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот се намалува и ќе се продава по 49,173 денари за килограм.
Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-дневен период изнесуваше 125,078 долари за барел и е за 0,47% пониска од просечната цена на сурова нафта по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше 46,6652 ден/$ и е за 1,05 отсто повисок од курсот на доларот по кој беа формирани цените. |