30.03.2012, 14:03 За спас на еврозоната договорени 800 милијарди евра
Австриската министерка за финансии Марија Фекер изјави денеска дека 17 држави кои како валута го користат евро се договориja постојаниот фонд за помош на презадолжените членки да биде 800 милијарди евра, од кои 300 милијарди евра веќе се искористени за досега исплатената помош.
Тоа значи дека еврозоната ќе има дополнителни 500 милиајрди евра за помош на своите презадолжени членки.
Договорот за зголемување на обемот на фондот за помош е главна тема на дводневниот состанок на министрите за финансии на државите на еврозоната, што денеска почна во Копенхаген.
Фектер наведе дека бројката од 800 милијарди евра би требало да испрати убедлива порака до финансиските пазари и меѓународните партнери на еврозоната, дека тој блок ќе биде во состојба да се справи со својата двегодишна должничка криза.
Австриската министерка додаде дека околу 240 милијарди евра кои останаа неискористени од постоечкиот економски фонд ќе бидат достапни до средината на 2013 година.
- Сепак, таа сума би требало да биде достапен само додека новиот постојан фонд, наре��ен Европски стабилизирачки механизам (ЕСМ) не го оствари својот полн капацитет од 500 милијарди евра, истакна Фектер. |