Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
05.04.2012, 17:51

Живееме четири години пократко од Европејците

Просечниот животен век во земјите на Европска унија е 79,6 години, а во Македонија жените живеат во просек 76,3 години, додека мажите уште помалку - 72,3 години

Јасмина Јовановска


Населението во Македонија живее четири години пократко од Европејците. Додека просечниот животен век во земјите на Европска унија е 79,6 години, овде жените живеат во просек 76,3 години, а мажите уште помалку, и тоа 72,3 години. Покрај кардиоваскуларните болести, глувоста и слепилото се' повеќе ги напаѓаат старите лица. Освен што пократко живеат, лицата над 65 години се' почесто се и жртви на насилство. Секој трет старец во земјава е жртва на насилство. Брачниот партнер е најчестиот насилник и мажите повеќе ги тепаат жените. Синовите и снаите често ги малтретираат старите лица, како психички така и финансиски, а секоја втора снаа ја занемарува свекрвата.

Ова се резултатите од најновото истражувања за старите лица што државата го спроведе во соработка со Светската здравствен�� организација, поддржано од Кралството на Холандија.

Социо-економските услови, несоодветниот начин на живеење и исхраната, како и пристапот до здрав живот од мали нозе, се дел од причините поради кои во Македонија се живее пократко отколку во Европската унија. За да се подобри животот и здравјето на старите лица, Светската здравствена организација на Македонија и' укажува на неколку препораки.

„Потребно е да се донесе специјална стратегија за стари лица со која оние над 65 години ќе се ослободат од плаќање партиципација во здравството, ќе им се обезбедат бесплатни вакцини против грип, но треба да се зголемат и капацитетите на геронтолошките и геријатриските установи, да се формираат неформални служби кои ќе им помагаат по домовите“, и' порача на Владата претставникот на СЗО за Македонија, д-р Марија Кишман, која предупреди дека старосната граница во земјава постојано расте и потребен е мултисекторски пристап.

Министерот за здравство Никола Тодоров не одговори директно дали планира да ги ослободи лицата над 65 години од плаќање партиципација, посебно за лековите и да обезбеди бесплатни вакцини за да ги заштити од грип, бидејќи тие веќе биле вклучени во програма. Но, во која, не кажа.

„Министерството за здравство на старите лица ќе им помогне така што обучи 1.900 матични лекари како рано да препознаат семејно насилство“, рече Тодоров и појасни како здравството ќе помогне во решавање на семејното насилство.

Во Скопје, Министерството за труд и социјална политика заедно со Градот и Црвениот крст веќе отвориле прв дневен центар за грижа на стари лица и за давање помош во домашни услови. Европските стандарди предвидуваат ваков центар да има барем по еден во секој град.

„Засега е еден центар, но како ќе се јавува потреба така ќе се отвораат нови“, најави министерот за труд и социјална политика Спиро Ристоски.

Во земјава 12 отсто се стари лица

Во земјата 12 отсто од населението се лица над 65 години, односно околу 240.000 луѓе. Најмногу има пелагонскиот регион каде што 28 отсто од населението е над 65 години, а најмалку стари лица живеат во полошкиот регион, само 12,2 отсто.

Процените се дека до 2050 година бројот на старото население ќе се зголеми за три пати, односно 33 отсто од популацијата ќе бидат лица над 60 години и ќе име повеќе стари лица од деца до 14 години.

Најмногу тепани старци во југоисточна Македонија

Лани до центрите за насилство во Скопје, Битола, Кочани и Свети Николе биле пројавени 103 случаи на насилство врз стари лица. Од 960 стари лица колку што биле вклучени во истражувањето, 33 отсто се пожалиле на насилство, но само 22 отсто пријавиле дека се малтретирани. Околу 27 отсто молчат и се плашат да зборуваат за насилството. Најмногу насилство врз стари лица има во југоисточниот и полошкиот регион од земјава, додека најмалку се жалат на насилство во скопскиот регион.

Најчести ризик-фактори кои иницираат насилство се болеста, потоа депресијата, како и психичкото насилство.

 


Статијата е прочитана 1322 пати.

Испрати коментар



Разрешени 13 полициски командири во источна Македонија
Бериша се надева на решение за Македонија во Чикаго
Американски борбен авион падна врз станбен комплекс
Русија разместува ракети кај Калининград
За лозарите и овоштарите над 4,1 милиони евра субвенции
Коњановски - Винариите да ги исплатат лозарите
Папандреу имаше повеќе средби со Груевски отколку со Меркел и Саркози
„Детонатор“ ja тресе штипската полиција – Каширски заминува
Кралев
За исклучено парно можеби ќе се плаќа 50 отсто
Зоран Трајчевски на кормилото на СРД?
Ахмети и Орав со решение за влез на Македонија во ЕУ и во НАТО
Во Албанија само со лична карта
Тачи не се сретна со Обама
Сериски убиец сее страв во парискиот регион
Загина градежен работник во населба Аеродром
„Киднапиран“ авион на „Александар Велики“
Сарачини не очекува проблеми во снабдувањето со нафта
Сараево одбележува 20 години од почеток на опсадата
Пожар на Клиниката за онкологија, нема повредени
Шест нови предлози за членови на МАНУ
Панде Лазаров осуден на пет години затвор
Опозицискиот фронт ќе покаже заби по Чикаго
Пораки од Капитол хил
Дал 1.000 долари, бара половина од „Фејсбук“
Терористи на суд за нападот на кулите близначки
Гнев во Грција по самоубиството на пензионерот
Австрија и Словенија се скараа за колбаси
Конектикат ја укинува смртната казна
Најмалку седум лица се убиени во судирите во Сирија
САД - Еврозоната има средства да се избори со кризата
Најсреќна земја во светот е Данска
Клинтон ги охрабри напорите на Косово за членство во ЕУ
Путин - Функционерите ќе возат руски коли
НАТО да не дозволи Македонија да биде заборавена во Чикаго
Претседателот Иванов ќе се сретне со американски конгресмени
Чистка на луѓето блиски до градоначалникот на Битола
Георгиевски си ја зголемува преговарачката цена
„Телеком“ го почести буџетот со 38 милиони евра од дивидендата
Таксистите ја блокираа „Илинденска“
Француски акедемик пронајден мртов во хотел во Њујорк
До крајот на годинава ќе се знае кои генерали ќе заминат во пензија
Словачка има нова влада
Нестабилно време со пороен дожд и грмежи
Продолжува „Детонатор“, запленети 200 апарати за игри на среќа
Владата најави ребаланс на Буџетот
Шурман - Македонија во НАТО веднаш штом се реши името
Обвинение против директорот на „Нова ТВ“
Сарачини - Регионот е значаен трговски партнер на Македонија
Иднината на Македонија и Албанија е во европското семејство
Мит Ромни победи во три сојузни држави во САД
Борис Тадиќ поднесе оставка
Бугарската мафија најмногу заработува од проституција
Италијански бизнисмен и' остави на црква 1,7 милијарди евра
Кафуле во дворот на гимназијата „Јосип Броз Тито“
Нов Светски трговски центар никна над Менхетен
Два нови случаја на педофилија
Магични печурки на македонско мени
„Топлификација“ нема да дели дивиденда
Иванов се сретна со шефот на унгарската дипломатија Мартоњи
Почина најстарата потомка на отоманската династија
Фатален пожар на московски пазар
Најмалку седум жртви на пукање во американски колеџ
Унгарскиот парламент ја прифати оставката на претседателот Пал Шмит
Како експлодираше „Детонаторот“ во Кочани
Полицијата ги фати малолетниците обвинети за инцидентите во Тетово
Руралните средини ќе добијат 680 интернет киосци
Пронајден учесникот во фаталната сообраќајка кај Липково
Авион падна во Сибир - 12 преживеани
Србија во шок по трагедијата во дискотека во Нови Сад
МВР пресече меѓународен канал на трговија со хероин
Приведени 23 лица осомничени за насилство
Заврши процесот на денационализација
Меркел - Иднината на ЕУ е политичка унија
Почина архитектот Борис Чипан
Нимиц - Можно е решение за името, кое ќе им одговара и на двете страни
Прекршочни пријави за професорите од Хемиското училиште
Кој плаќа 7.000 евра годишно за одржување кола?
Во Италија уапсени 58 членови на мафијата Ндрангета
За спас на еврозоната договорени 800 милијарди евра
Професори тепале ученици во Хемиското училиште
Запленето големо количество брендирани парфеми, часовници и метални палки
Северна Кореја почна со полнење на ракетата
Иванов - Во Чикаго да се преиспита заклучокот од Букурешт за Македонија
Драчевец пукал кон деца, нема повредени



Silvester, Sidnej, 06.04.2012 03:37:09
Vo MK zivotniot vek e prepoloven. Cetiri godini sme bile pokratki od EU. Smesno. Ne treba statistiki. Dovolno e da ja posetis grobistata vo Strumica. Od pocetokot na deveesetite koga izlegov od moeto rodno mesto za lugeto sto gi znam a gi znaev skoro site mojata statistika logicna e: 33% mrtvi, 33 % vo stranstvo, 33% vo Strumica. I tragedija e mal zbor. i katastrofa, i sto .....neznam.
Од Штип, 06.04.2012 08:53:49
Синовите и снаите често ги малтретираат старите лица, како психички така и финансиски, а секоја втора снаа ја занемарува свекрвата.,,, 1. Психички ги малтретирам моите родители и јас и мојата сестра кога ќе кажеме дека сме добиле плата од 8050 денари, а и двајцата имаме високо образование кое го финансирале нашите родители. 2. Финансиски ги малтретирам кога ќе побарам да ми помогнат да ги платам месечните сметки или градинката за моето дете, а нивно внуче од нивните плати. 3. Снаата си го занемарува и своето дете работејќи (над 50-часа неделно) 6-дена во неделата 2-3 дена и по 10-саати за 10.000 денари плата, а кога ќе си дојде дома приоритет и е детето, готвење, перење и чистење, а не свекрвата. 4. Штом ова е финансирано од Холандската влада земете и нивни статистики колкав процент од децата се грижат за нивните родители или родители за деца по полнолетство и ќе видите дека никој за никого не се грижи и сите си имаат свој живот и на гости не одат не најавени.
Pohumana opcija, 06.04.2012 10:52:40
Bogami kako ziveeme vo siromastija mizerija, nevrabiotenost, aramilak, nesigurnost i apatija i besperspektivnost, mozebi e podobro i pohumano da ni skratat uste 4 godini , pa da ni se skratat i makite na ovaa nasa ziveacka vo anticka Makedonija. Prerodbava navistina epten ne prerode!
Nekoj, 06.04.2012 10:56:10
A pusime, pieme, i zabavuvame 100 pati poveke od niv.Dobro e.
Istocna Makedonija, 06.04.2012 10:59:41
Uste e i tolerantno i snoslivo,vo prosek da zivee- me samo 4 godini pomalku od Evropjanive vo ovie teski uslovi na ziveenje i so ovie gajlinja za prehra nuvanje,za sebe i za semejstvoto!
Пушење, 06.04.2012 13:40:12
Да не „пушеше“ и пиеше , поинаку ќе размислуваше!
Ози, 06.04.2012 14:02:38
Како за Third World Country и не е така лошо!
OLD GERMANY, 06.04.2012 15:38:01
Na STIPJANECOT da mu kazam i potvrdam deka take e vo zapad bez da se najavis ne se odi.A, kako vo nekoi Makedonski domovi cak ne ni zvonat ili cuknuvat na vrata koga ke se svrtis samo da ne se uplasis ti vlegol nekoj,I ajde ke mu kuvas Kafe,ke prais nekoj si bezveza muabet za nekoj si i ke ti go ukradat vremeto ako si go sigurno za nesto opredelil,i posle ke si pravis strez da stasas i toa fakticki ti go krati zivot,Treba da ima na se red i disziplina ne se zivee vaka koko vo vremeto na Otomanskata Imperija,i togas imalo kratok zivot.Vremeto e ograniceno i ophodno e da imas Denesen plan kako i so koga ke go potrosis toa vreme.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

  


Site Meter


Време
Скопје, 13°C

Делумно облачно

Недела
Обилни врнежи
Макс: 18°C, Мин: 1°C

Понеделник
Мешавина од дожд и снег
Макс: 11°C, Мин: 2°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Дневник  | Вест | Теа Модерна | Огласник24

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |