05.04.2012, 11:56 Путин: Функционерите ќе возат руски коли
Рускиот премиер Владимир Путин најави дека државните функционери и директорите на буџетските претпријатија во иднина своите службени возила ќе ги купуваат исклучиво од домашните производители, односно фабриките од економската унија со Казахстан и Белорусија.
„Тоа е добра вест за произведувачите, за оние кои работат со 100 проценти руски капитал, како и за странските партнери. Ова не им противречи на принципите на Светската трговска организација, бидејќи јавните набавки можат да бидат регулирани со нашите интерни правила“, рече Путин.
Барањето на Путин буџетските корисници да ја напуштат праксата на купување на автомобили од западните производители, според неименувани владини службеници, е последица на големото трошење пари за автомобили, кои според неофицијални податоци достигнуваа дури сто милијарди рубљи (2,5 милијарди евра) годишно.
|